Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Јас знам дека доле имам право да носам 1 штека и горе една штека ... доле и шампонот може да го носам?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ти можеш само една штека да носиш, шампонот со таа големина неможеш во рачен багаж
 
Јас знам дека доле имам право да носам 1 штека и горе една штека ... доле и шампонот може да го носам?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Доле можеш да носиш, тоа се однесува само за рачниот багаж. А за цигарите, преку граница едно лице може само една штека да пренесe.
 
Дали некој имал искуство со промена на лет ?
Во мојов случај, купени се две карти на една резервација, односно
резервацијата e направена за двајца возрасни. Е сега, сакаме да направиме
промена на лет само на едната карта. Дали е тоа возможно ?
 
Дали во мала кабинска торба алиштата можам да ги ставам во вакуум ќеса (да го намалам волуменот :D или да намалам парчиња облека :( )некој да има искуство, познавање во однос на ова?
 
Дали некој имал проблем со ова: error 5197:Validation : Invalid account number
Направив нов (втор) профил но кога треба да платам ми го дава овој ерор, имав и претходно профил но немам пристап до претходниот е- маил. Најверојатно проблемот е во тоа, знае некој решение.
 
Дали во мала кабинска торба алиштата можам да ги ставам во вакуум ќеса (да го намалам волуменот :D или да намалам парчиња облека :( )некој да има искуство, познавање во однос на ова?

Не е проблем додека не ти речат да видат што има внатре (ако не е прегледно) така да би ти препорачал доколку имаш услов повеќе вакум кеси да не се многу дебели да има полесен преглед што има внатре.
 
Дали има разлика во цената на авиобилетите доколку се резервирани преку аплилацијата на Виз?

Гледам повратни билети за двајца за Барселона за во октомври (истите датуми), наизменично на апликацијата на мобилен и на сајтот преку компјутер. Преку апликација вкупно изнесуваат нешто повеќе од 2800, а преку компјутер вкупно изнесуваат нешто повеќе од 4000.
Дали има навистина разлика или јас сум утнала (можда има нешто што не гледам)?
 
Последно уредено:
Дали ме лажат очиве или навистина ќе биде воведена линија Хановер - Скопје од страна на Визер? На вебсајтот нивни случајно најдов лет пр. 11ти Ноември, грешка некоја или?
 
Дали ме лажат очиве или навистина ќе биде воведена линија Хановер - Скопје од страна на Визер? На вебсајтот нивни случајно најдов лет пр. 11ти Ноември, грешка некоја или?

Nova linija e, pred nekoj den objavija
 
Nova linija e, pred nekoj den objavija

Одлично, секоја чест. До сега моравме или 300-400 км до Дортмунд или 300-400 км до Хамбург или 300-400 км до Берлин да патуваме да фатиме лет, малер бевме ептен. Сега гола вода, иако не сум во Хановер сепак саат време најмногу до аеродром ќе ми е. Прекрасна вест, да си фатам јас ред да си резервирам право оти можно е да има навала - доста наши има во Хановер и околината.
 
Летовите се од први ноември.
 
Дали можи купена карта да се откажи т.е. да ги вратат парите?
 
Дали можи купена карта да се откажи т.е. да ги вратат парите?
Можит да се откажит со наплаќање на такса за откажување:
upload_2016-8-4_23-24-53.png
 
здраво дечки, патувам од Скопје за Фридрихсхафен и не ми дозволува да ја чекирам картата, вака ми вика :)

wu4V8hy.png

досега имам патувано од Скопје, прв пат сретнувам вака. Совет, ако има некој слично искуство. Да одам само со пасош на check in?
 
Да, само пасошот на аеродром и тоа е тоа. Не функционира веќе подолго време од Скопје со веб-чекирање и принтање на картата како што е низ цела Европа. Не сфатив зошто, ама ти е гајле, помалце замарање и можност да заборавиш нешто :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom