Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Да, само пасошот на аеродром и тоа е тоа. Не функционира веќе подолго време од Скопје со веб-чекирање и принтање на картата како што е низ цела Европа. Не сфатив зошто, ама ти е гајле, помалце замарање и можност да заборавиш нешто :D

Фала на инфо друже. Ми падна чудно, другата недела одам Барселона, се во ред си ја испечатив картата. А сега ова е за три недели за Германија, ми нема логика. И шо викаш, чиста работа само со пасош :)
 
Здраво дечки. Имам едно прашање на кое што на сите можни места каде што прашав добив различен одговор, па еве ќе се обидам и тука. Првпат ќе летам, па поради ниската цена го избрав визер. Поради тоа што се работи за само 3 дена, избрав да не плаќам за голем кабински багаж, туку да внесам само мал кабински багаж за кој што не се доплаќа ништо. Бидејќи ќе патувам во пар, а поради тоа што цените на храната во копенхаген се прилично високи, ми дојде идеа едниот ранец да го наполниме со облека а вториот ранец да го наполниме со храна. Меѓутоа, визер нема е-маил за контакт, туку само скапа телефонска линија, па бев приморан да најдам одговор дали е дозволено да се внесе толку храна во авионот. Прашував по разни форуми, прашував по туристички агенции, прашував по другари но од сите добив различен одговор. Најчест одговор што го добив е дека може да се внесе храна во количина колку што нормален човек може да изеде за времетраење на летот (на пр 2-3 кроасана). Вториот најчест одговор беше дека е целосно забрането внес на храна, освен храна за бебиња. Третиот одговор кој што го добивав е дека не постои ограничување, и дека може да се внесе и цел ранец со храна. Дали некој од вас пробал да внесе некое сигнификантно количество на храна горе во кабина со него (не збориме за чекиран багаж, туку само за кабински)? Доколку да, кој е лимитот, секако доколку има лимит. Ве молам споделете искуства
 
По правило храна и вода не смее да се внесува, можеби ќе можеш да поминеш со еден, два сендвичи во авионот ама со цел ранец храна мислам дека е невозможно.

Од Германија кога се враќав едни наши после долга расправија ги пуштија да влезат во авионот со ранец полн чоколади и слични работи така што можеби и постои некоја шанса.

Најсигурно решение ти е да пазариш од фри шопот тоа може да се внесе во авионот без проблем.
 
Фри шопот е после таа проверка и скенинг на багажот, односно откако ќе се помине security проверката?
 
Здраво дечки. Имам едно прашање на кое што на сите можни места каде што прашав добив различен одговор, па еве ќе се обидам и тука. Првпат ќе летам, па поради ниската цена го избрав визер. Поради тоа што се работи за само 3 дена, избрав да не плаќам за голем кабински багаж, туку да внесам само мал кабински багаж за кој што не се доплаќа ништо. Бидејќи ќе патувам во пар, а поради тоа што цените на храната во копенхаген се прилично високи, ми дојде идеа едниот ранец да го наполниме со облека а вториот ранец да го наполниме со храна. Меѓутоа, визер нема е-маил за контакт, туку само скапа телефонска линија, па бев приморан да најдам одговор дали е дозволено да се внесе толку храна во авионот. Прашував по разни форуми, прашував по туристички агенции, прашував по другари но од сите добив различен одговор. Најчест одговор што го добив е дека може да се внесе храна во количина колку што нормален човек може да изеде за времетраење на летот (на пр 2-3 кроасана). Вториот најчест одговор беше дека е целосно забрането внес на храна, освен храна за бебиња. Третиот одговор кој што го добивав е дека не постои ограничување, и дека може да се внесе и цел ранец со храна. Дали некој од вас пробал да внесе некое сигнификантно количество на храна горе во кабина со него (не збориме за чекиран багаж, туку само за кабински)? Доколку да, кој е лимитот, секако доколку има лимит. Ве молам споделете искуства

Точен одогвор ти е тој второт најчест што си го имал. Горе не смееш да внесиш никаква храна ни пијалоци исклучок е само за мало дете и тоа е ограничено и за дете да е не смејш колку сакаш затоа што за време на летот во авион продаваат кроасани кафе и слично мислам кроасана беше 2 евра :) додека долу во чекиран багаш можиш и поголеми количини сепак и таму ако е претерано ќе те вратат или ако не е некоја конзевирана храна.
 
А дали смее да се земе паста за заби и шампон? Некој до 100 милилитри количини одделно
 
Јас си имам одено со 10 пакетчиња туна и со 30 чоколади во кабинскиот багаж од Дортмунд до Романија и немаше никаков проблем. Ранецот не се провервит од страна на виз туку од полицајци кои гледете дали имаш течности или опасни материи шо би го загрозиле авионот и/или патниците во него. Сега нормално ти од та храна немат да истајш и да јајш во авион туку ќе си ја чуваш за дестинацијата...
 
Дали ги отвараат ранците или не? Зашто јас не планирам да јадам за време на летот, туку планирам таму откако ќе слетам да ја користам таа храна.
 
Ранците можат да бидат отворени на security check од страна на аеродромската полиција, а стјуардесите немет право да ти чепкет во ранецот. Јас би ти препорачал ако носиш храна да ја поделиш во двата ранци, а не еден ранец со облека а другиот со храна и да носиш храна шо не содржит течност.
 
Ова бординг пасов мора да се печати или може и преку .pkpass апликација да се покаже?
 
Дали ако имам напраено резервација на билет после то можам да додадам уште едно лице на мојата резервација за да му важит попустот од визз дисконт клуб?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom