Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Тоа само Рајанер го знае. Ама подобро да не избегнат и да куртулиме од нив оти имале и бетер од Визер.
За нашиот стандард нискобуџетните компании се повеќе од добредојдени.
Точно е дека имаат одредени пропусти, но реално разликите во цените во однос на поасалните компании се огромни.
Еден лет до Виена со Аустрија Ерлајнс чини околу 250 евра
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.527
Поени од реакции
22.178
За нашиот стандард нискобуџетните компании се повеќе од добредојдени.
Точно е дека имаат одредени пропусти, но реално разликите во цените во однос на поасалните компании се огромни.
Еден лет до Виена со Аустрија Ерлајнс чини околу 250 евра
Ја летоска во пик сезона далеку поефтино и поудобно поминав со Аустриан со прекачување преку Виена до Скопје. Визз на лето ги билда ценита втаван се.

Gesendet von meinem SM-S901B mit Tapatalk
 
Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Ја летоска во пик сезона далеку поефтино и поудобно поминав со Аустриан со прекачување преку Виена до Скопје. Визз на лето ги билда ценита втаван се.

Gesendet von meinem SM-S901B mit Tapatalk
Е да има доста големи осцилации во цените кај нискобуџетните компании, особено во пикот на сезоната (август, и декември), но да начекаш повратна карта за едно 50 60 евра до Париз, Милано, Рим за една добра прошетка е исто полн погодок.
Како и да е би било добро да има што поголем број компании, и нискобуџетни, и оние од повисока класа, но како пазар сеуште не сме атрактивни за повеќето компании
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.631
Поени од реакции
5.352
За нашиот стандард нискобуџетните компании се повеќе од добредојдени.
Точно е дека имаат одредени пропусти, но реално разликите во цените во однос на поасалните компании се огромни.
Еден лет до Виена со Аустрија Ерлајнс чини околу 250 евра
До некаде си прав ама има и друга слика во оваа прикаска. Нискобуџетните стално ги креваат цените околу празници и одмори (погледни цени на визз кога имаш продолжен викенд у МКД пример :), за одмор не се мачи шлог ќе добиеш)

добра страна на нискобуџетните е да на чекаш викенд или нешто слично во дестинација каде што имаат директен лет и толку. Да идеш без багаж без ништо.

ако немаат директен лет и треба преку нив да правиш прекачување Боље избегни ги.
Просто ако ти го откажат првиот лет ќе ти дадат некоја оштета за него ама следните ти пропаѓаат зашто купуваш лет по лет не како патување. Едно губиш неколку летови кои си ги букирал за да стигнеш до дестинацијата и да се вратиш и тоа по твоја вина не нивна. За разлика од нив со скапите компании ќе ти средат или рефундираат се што си платил :)

друго сценарио леташ до првата дестинација и откажан следниот лет, заглавен таму ти пропаѓаат пак неколку летови, а оштетата може да не ти е доволна ни да си букираш лет за назад дома :)

работи кои луѓето не ги согледуваат кога плаќаат за летот него само да е поефтино. А тоа поефтино некогаш може да е многу поскапо

Златно правило ако е директен лет нискобуџетна е права што ќе ја погледнам (ама ќе погледнам и други чисто за споредба), ако е со прекачување бегај од нискобуџетни како ѓавол од крст
 
Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Златно правило ако е директен лет нискобуџетна е права што ќе ја погледнам (ама ќе погледнам и други чисто за споредба), ако е со прекачување бегај од нискобуџетни како ѓавол од крст
Муабетот ми е за директни линии, претежно за туризам, и посета на роднини и пријатели. Секако ако не е директен лет особено ако времето помеѓу летовите е кратко не доаѓаат предвид.
Како што кажав најдобро е да има што поголем број авиокомпании и линии и секој да си одбере што најмногу му одговара
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
382
Поени од реакции
407
Ја летоска во пик сезона далеку поефтино и поудобно поминав со Аустриан со прекачување преку Виена до Скопје. Визз на лето ги билда ценита втаван се.
Е да има доста големи осцилации во цените кај нискобуџетните компании, особено во пикот на сезоната (август, и декември), но да начекаш повратна карта за едно 50 60 евра до Париз, Милано, Рим за една добра прошетка е исто полн погодок.
До некаде си прав ама има и друга слика во оваа прикаска. Нискобуџетните стално ги креваат цените околу празници и одмори (погледни цени на визз кога имаш продолжен викенд у МКД пример :), за одмор не се мачи шлог ќе добиеш)

Нормално има и други фактори кои влијаат на цените, но нискобуџетните компании скоро секогаш се водат по ниска и висока сезона.

Да не биде напамет зборување еве за WizzAir за 2022:
High season:
  • Easter 2022 peak: 9 April 2022– 25 April 2022
  • Summer 2022 peak: 14 June 2022 – 18 September 2022
  • Christmas 2022 peak: 15 December 2022 - 10 January 2023
(beginning and end dates are inclusive).
Low season: period excluding high season.
За RyanAir обично висока сезона е април-октомври и празници (порано и за WizzAir беше слично).
На нивниот сајт не можев да најдам други информации освен од пред неколку години:
* Low Season:
From 01/10/14 - To 20/12/14
From 05/01/15 - To 27/03/15
From 14/04/15 - To 31/05/15
From 01/10/15 - To 20/12/15
From 05/01/16 - To 31/05/17

* High Season
From 21/12/14 - To 04/01/15
From 28/03/15 - To 13/04/15
From 01/06/15 - To 30/09/15
From 21/12/15 - To 04/01/16
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
На ова би ги додал празниците (особено оние кои имаат продужен викенд, па очекувано е да има многу побарувачка на релација Македонија - Германија, Швајцарија, Шведска и Италија, каде што има многу наши.

За средина на Јуни и средина на Септември одат и се враќаат многу студенти од Германија на сезонска работа, па и тогаш тешко се наоѓа евтина карта, освен ако не букирате некој месец порано.

Ако сакате да шетате, до Братислава и Будимпешта имаат убедливно најевтини карти преку текотна целата година, до Германија има евтини летови во Февруари и Ноември, исто мислам и за Италија дека е така.

Јас сум летал најевтино за 35 евра со ранец плус priority, во два правци.

А како опција може да ги видите Софија, Приштина и Ниш, ако разликата во цената е преголема. Софија поготово има речиси до секаде во Европа, секој ден.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
382
Поени од реакции
407
@KaWa затоа реков дека има и други фактори, без да навлегувам подетално.
Имаше еден член од форумов што работеше во WizzAir во менаџерски/финансиски оддел, но од 2015 година не работи таму, а последен коментар на форумов му е пред 5 години. И тој кажуваше дека е комплексна формула и променливи цени, со повеќе детали.
 
Да да океј, јас само се надоврзав. Пошто обично луѓето не се информирани, и се чудат зошто се скапи картите. Скапи се за оние кои букираат недела-две пред летање, за линии кои се доста прометни и популарни помеѓу луѓето.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.354
Поени од реакции
38.600
Има ли опција да се скипне тоа со седиштето? 7000 ден платив карта и сега кога чекирам ми бара дополнителни 1300 за седиште да означам. Не можам да најдам опција да го прескокнам, па нека ме стават рандом нема за курово здравје сеа 1300 ден.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.310
Поени од реакции
4.570
Има ли опција да се скипне тоа со седиштето? 7000 ден платив карта и сега кога чекирам ми бара дополнителни 1300 за седиште да означам. Не можам да најдам опција да го прескокнам, па нека ме стават рандом нема за курово здравје сеа 1300 ден.
Има опција, тоа е да чекаш 48 часа пред лет и тогаш да се чекираш.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
RyanAir се неколку класи подобри од WizzAir, во се, освен веројатно во удобност на седишта, и Wizz се тапа, ама Ryan потапа се за тоа.

- Ryan се многу покоректни и не оставаат патници на цедило, кога беше корона во март 2020 во Италија, Wizz откажаа летови од денес за утре, се повлекоа од аеродромот и од државата и решија да бидат недостапни за сите, Ryan беше единствена компанија која седеше на аеродромот во Рим, најави дека ќе затвара за 5 дена и за тие 5 дена беше единствен начин да ја напуштиш Италија (воз, кола, бус, брод, др авиокомпании сите граници беа затворени за излез) и сите летови ги даваа по багатела цени (од денес за утре да купиш направија да е за 20 евра лет да се извлечат сите, а претходно чинел 200 евра истиот), Wizz ќе го направеше од 200 на 250 да е, да не се повлекоа без известување ко пичкици.
- После имаше едно Wizz да ти рефундираат или да ти дадат ваучер, треба да е 2 години во нормално сценарио, ама дека беше корона рекоа дека ќе трае цело време ваучерот, и не даваше датум на истекување. Сите што бевме тој период им трае уште ваучерот или си го искористија сега, мене ми го откажаа, чекав 30 дена барање да вратат зошто, ми вратија 29тиот ден дека 2 години траело поздрав, генерички одговор без да прочитаат целата содржина.
- Да не зборам што секој лет некоја глупост праат, последно лет за Торино одеше до Софија прво гориво да полнел авионот, после има одено до други дестинации попатно екипаж да оставал стујардеси (ова мислиш автобус е па попатно ќе оставиме пакет), не тргал за да врател некој патник заглавен на аеродром со црн печат од минатиот лет (како дозволиле да слетал е друго прашање) итн итн. Пишува таму над 2 саати каснење освежување ќе имало за патниците, како не, тоа немало каснење под 2 часа досега, капка вода немам добиено од нив.
- Цени поефтини и поатрактивни дестинации покриеност, Ryan исто ги шие.

Така да, RyanAir е може нешто што најмногу и треба на Македонија во моментот, кога ќе имаат конкуренција овие од Wizz може ќе им дојде памет, ќе спуштат цениве и нема да глумат бог и батина во државава.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
2.444
 
Член од
3 јануари 2018
Мислења
59
Поени од реакции
45
Pozdrav do site imam edno prasanje do vas i ako moze nekoj da mi pomogne.
Situacijata e sledna imam wizz credit na mojot acc koj treba da istece za mesec dena , vo medzuvreme nemozam da go potrosam nikako zatoa sto se lekuvam tuka vo Makedonija. Dali postoi moznost nekako da iskontaktiram so niv da mi go prodolzat ili refudiraat sredatvata posto voosposto ne e mal iznos .
Blagodaram
 
Ако кредитот ти е поради откажан лет, треба да може преку нивната страна да побараш да те исплатат

Имај во предвид дека кога си ја избрал опцијата да добиеш кредит ти имаат исплатено 120% од сумата на твојот акаунт. Што значи ако побараш исплата на парите (рефунд) тие 20% кои ти се дадени како бонус ќе бидат одземени
 
Kajgana Shop

На врв Bottom