Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
Здраво дечки, алекс овде. ок не .
Имам карта за Германија следен понеделник и прв пат ќе ми е да летам, па сакам да прашам неколку прашања.
1. Кога треба да ја извадам картата и да ја чекирам, дали ден два пред летот или некој саат пред летот е доволно?
2. Имам карта со ранец, дали има некоја врска колку ќе тежи ранецот?
За Германија како што знам нема онлајн чек ин, туку мора на шалтер да ти извадат карта. Поготово ако немаш седиште и такви ствари.

Димензиите пази ги, е сеа ако нешто ти штрчи некој сантиметар, може ќе пројдеш, но ако ти се бунат, облечи го на тебе ако е маица/дуксер и готово. Ранецот мислам дека е до 7 кила, ама освен ако не носиш тегли ајвар, нема шанси со облека и обични ствари да ја надминеш тежината.

Течности над 100мл не, тука спаѓа и храна која е течна. Е од друга страна па јас пројдов со вода пола литар во шише полно, така да не знам која е логиката тука ама добро. Шампон/паста/дезодоранс/парфем ако имаш, 99% ти ги фрлаат.

Исто и за на враќање, ако купуваш нешто за да донесеш во МК, истите правила важат. (Тоа што е купено на фришоп е дозволено да се внесе во авион)
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
382
Поени од реакции
407
Здраво дечки, алекс овде. ок не .
Имам карта за Германија следен понеделник и прв пат ќе ми е да летам, па сакам да прашам неколку прашања.
1. Кога треба да ја извадам картата и да ја чекирам, дали ден два пред летот или некој саат пред летот е доволно?
2. Имам карта со ранец, дали има некоја врска колку ќе тежи ранецот?
Другите членови делумно одговорија, за повеќе информации читај на сајтот.

Check-in:
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/booking-information/check-in-and-boarding

Багаж:
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

За ранец максималната тежина е 10кг.

Оnline check-in е 30 дена порано ако имаш купено седиште, 48 часа ако немаш.
За Скопје check-in е на шалтер, независно од online, таму ти издаваат бординг карта.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Само јас да кажам дека ниеднаш не ми фрлиле паста над 100мл, исто така никогаш не ми правеле проблем за течност за леќи (355мл), еднаш и дезодеранс ми помина, единствено што ми имаат фрлено е шише вода, а еве членот погоре кажа баш тоа му оставиле, така да скроз е рендом околу тоа.
 
Во ранец ли? Не знам, мене пак дезодоранс ми фрлија и една паста заборавена у ранец од претходно.

Изгледа не се замараат толку, немам друго објаснување :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Во ранец ли? Не знам, мене пак дезодоранс ми фрлија и една паста заборавена у ранец од претходно.

Изгледа не се замараат толку, немам друго објаснување :)
Дада, во ранец и во несесер. Ме имаат прашувано некогаш што е ова за течноста за леќи, еднаш ставија од неа капка и на хартија нешто мирисаа да видат што е, ама ми вратија, не ми направија проблем иако беше над 100мл. Јас бев на заклучок дека ако не е нешто опасно и нешто од кое може да направат профит ако ти го продадат во летот, нема да ти го фрлат, ама може и не е така, чисто мое искуство да се погодило.
 
legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
Мене ми се случи последниот пат од ранец на скенер ми фрлија 3 тегли ајвар а сирењето ми го оставија. o_O
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.631
Поени од реакции
5.352
Мене ми се случи последниот пат од ранец на скенер ми фрлија 3 тегли ајвар а сирењето ми го оставија. o_O
Гледам кава ти пиша ајварот се брои како течност (исто и мармалад пример или нутела)
Не е страшно што ти пуштиле сирењето, проблемот е што да те скенираат со месо или млечни производи во багаж на дестинацијата каде стигаш и ти ги фатат на царина ќе плаќаш данок и ќе ти ги земат зашто такви производи не се дозволени да се пренесат
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
382
Поени од реакции
407
Zdravo decki,
Dosega sum letal so wizzair i ne mi se slucilo ova za let kon Germanija...
Da ne mora check in na aerodrom?

Edit: Moralo da odberes biometric passport...
За биометрички пасош да, ионака одамна сите пасоши кај нас се биометрички.
А ова со скенирањето е да ги препознае податоците за да не мора рачно да ги пишуваш. Слободно игнорирај го и пиши ги податоците рачно.
Инаку во Скопје boarding карта добиваш на шалтер.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Дали дозволуваат лекови за кои немаш потврда од доктор во рачен багаж? Пример капки за очи, спреј за нос, некои таблети за желудник. Такви работи обично ми се потребни повремено дека имам проблеми, а реално не се нешто за што треба доктор да ти даде документ.

Со Turkish Airlines не ми правеа проблем, ама со Wizz немам патувано до сега, па да прашам. На сајтот има нешто за medications ама не им го одговори баш прашањето тоа.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171

Повеќе е важен аеродромот т.е. безбедносната проверка отколку авио-компанијата за ова. Мене никој никогаш не ми направил проблем, на било кој аеродром и било која компанија, вклучувајќи го и WizzAir, а носам задолжително 3-4 ленти таблети за глава/желудник, капки за очи, спреј за нос. Би ти препорачал само спрејови, капки и сл. да бидат помалку од 100мл и во пластичната ќеса, пошто се течности.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
245
Поени од реакции
437
Какви се шансите Рајанер да почне да лета од Македонија. Дали има некој информација?
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.527
Поени од реакции
22.178
Тоа само Рајанер го знае. Ама подобро да не избегнат и да куртулиме од нив оти имале и бетер од Визер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom