RyanAir се неколку класи подобри од WizzAir, во се, освен веројатно во удобност на седишта, и Wizz се тапа, ама Ryan потапа се за тоа.
- Ryan се многу покоректни и не оставаат патници на цедило, кога беше корона во март 2020 во Италија, Wizz откажаа летови од денес за утре, се повлекоа од аеродромот и од државата и решија да бидат недостапни за сите, Ryan беше единствена компанија која седеше на аеродромот во Рим, најави дека ќе затвара за 5 дена и за тие 5 дена беше единствен начин да ја напуштиш Италија (воз, кола, бус, брод, др авиокомпании сите граници беа затворени за излез) и сите летови ги даваа по багатела цени (од денес за утре да купиш направија да е за 20 евра лет да се извлечат сите, а претходно чинел 200 евра истиот), Wizz ќе го направеше од 200 на 250 да е, да не се повлекоа без известување ко пичкици.
- После имаше едно Wizz да ти рефундираат или да ти дадат ваучер, треба да е 2 години во нормално сценарио, ама дека беше корона рекоа дека ќе трае цело време ваучерот, и не даваше датум на истекување. Сите што бевме тој период им трае уште ваучерот или си го искористија сега, мене ми го откажаа, чекав 30 дена барање да вратат зошто, ми вратија 29тиот ден дека 2 години траело поздрав, генерички одговор без да прочитаат целата содржина.
- Да не зборам што секој лет некоја глупост праат, последно лет за Торино одеше до Софија прво гориво да полнел авионот, после има одено до други дестинации попатно екипаж да оставал стујардеси (ова мислиш автобус е па попатно ќе оставиме пакет), не тргал за да врател некој патник заглавен на аеродром со црн печат од минатиот лет (како дозволиле да слетал е друго прашање) итн итн. Пишува таму над 2 саати каснење освежување ќе имало за патниците, како не, тоа немало каснење под 2 часа досега, капка вода немам добиено од нив.
- Цени поефтини и поатрактивни дестинации покриеност, Ryan исто ги шие.
Така да, RyanAir е може нешто што најмногу и треба на Македонија во моментот, кога ќе имаат конкуренција овие од Wizz може ќе им дојде памет, ќе спуштат цениве и нема да глумат бог и батина во државава.