Нема врска старт менито, општо зборам. Потсеќа дури на Google +/Gmail кај X-от со црно. Кога ги видов првите слики од седмицата веднаш ми се допадна ама ова 8цава ми е тапа на прв поглед.
Мене ми е кул.
Значи многу работи ми се допаднаа.
Како за пример на се што успеав да забележам:
1. Намалени инсталации на апликации
2. Побрзо стартување на апликациите
3. Метро апликациите се супер и се многу корисни.
4. Опциите за Refresh и Factory Reset на компјутерот. Со ова, ми ја олеснува преинсталацијата.
5. Експлорерот е малку подобрен (и во изглед и во функционалност). Малку ми е чуден Ribbon-от.
6. Metro односно изгледот на Start-от ми е кул, перфомансите се на високо ниво, и исто ми се допаѓа групирањето на апликациите.
7. Логирањето, односно опциите што ги има, како логирање со пин, камера и стандарден пасворд.
8. Имплементирање на Hyper-V и Active Directory Lightweight Directory Services (AD LDS).
Е сега негативните работи. Бутирањето не е баш побрзо како што Микрософт кажуваа. Ова најмногу го oчекував, али нема никакво подобрување се додека не дојде скринот за логирање. Понатаму е се како што треба.
Без start копчето е многу чудно, така да треба време за да се навикнам на целиот интерфејс (Start-от, Auto-Hide менито).
Уште една негативна работа, Search-от е КАТАСТРОФАЛЕН.
Исклучувањето на компјутерот. Кликаш ShutDown, и го става компјутеров во Hibernate (барем мене така ми изгледа целиот тој процес).
Не му ја знам поентата на Микрософт за ова, али верувам дека е за демек побрзо бутирање.
Исто така има проблеми со некои драјвери (кај мене имаше проблем со TPLINK Wireless стикче, така да што морав да го инсталирам драјверот преку Device Manager).
За програмерите му се отвара шанса за девелоп на метро апликации.
Од прилика ова е се за моменталната верзија на Windows 8.
Ќе видиме како ќе биде со RTM.