Здраво на сите,
Кај мене се појави еден голем проблем со 7-цава. Се си работеше супер, и кога еден ден го уклучувам лаптоп-от и windows-от почнува да си се подига, но после она "starting windows" кога треба welcome да се појави, добивам црн екран. Но ако го оставам така неколку мин. (3-4) се подига. Што пробав:
- реинстал на драјверите за графичка (Nvidia) - не помогна,
- гасење на сите start-up процеси - не помогна,
- се изнервирав, мислев нешо заебале овие со апдејтите, земав симнав од замунда тој со апдејти до ноевмри што е, и го реинсталирав - но еве ни тоа не помогна.
ПС: Гуглав на нет за проблемов и најдов ваков проблем ко мојот, но не и решение. Единствено што се наведува таму е дека некој start-up програм или некој драјвер, ја праи целата збрка, т.е. во таа пауза од неколку минути процесорот нема никаква активност, и тек после тоа си продолжува нормално со работата.
Па ако може некој било како да ми помогне околу проблемов, или ако имал искуство со ова, би бил благодарен доколку успееме некако да го оправиме.
Фала однапред