Искрено, коа ги видов страниците на подформуот ме радува тоа што имаме толку интересирање за тенисот, во Македонија. Покрај рекордот на Рожер Федерер, испишавме квалитетни 76 страници со дискусија, аргументи, карања... Но, сепак, што е тука е. Со толку страници станавме најголемиот подфорум, коа станува збор за Тениски Гренд Слемови во историјата на Кајгана. Не дека е некој голем рекорд, но сатисфакција е што имаме толку истомисленици, и нормално оние кои не мислат така. Ако сите мислиме исто, каде би се движел овај свет ?! Со надеж дека ќе испишиме уште многу, ве оставам во добро здравје и супер расположение.
Со повеќе квалитетни дискусии и дискутанти се читаме/гледаме на следниот голем собир, а тоа е УС Опен. Одморени, со позитивна енергија и добра мисла се читаме за некој месец.
Поздрав, девојки и момци. Се гледаме на кај Олимпијадата ( во подфорумот)