Wimbledon 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Вимблдон 2009 според вас?


  • Вкупно гласачи
    133
Статус
Затворена за нови мислења.
Дементиева не успеа да го спречи сестринското финале иако беше блиску, криво ми е заради неа. А за Сафина не коментирам, па 1 гејм освоила, што има да се коментира тука. Во финалето предност и давам на Серена.

Кај мажите очекувам доста интересна разврска и на крај Федерер го гледам како победник. И би сакал Мареј да се најде во тоа финале.
 
Што се однесува до женското финале очекувам неизвесен меч во 3 сета и секако победа на Венус.

А што се однесува до денешните полифнални натпревари очекувам пласман во финалето да обезбедат Федерер и Родик.:smir:
 
Многу добар меч меѓу Дементиева и Серена, сакав да победи Елена зашто поинтересно ќе ми беше ако не беше сестринското финале. Сепак немаше доволно нерви во финишот, иако и Серена не играше баш најдобро. Во финалето очекувам Венус да победи, особено со оглед на денешната победа.

Утре мислам дека Федерер ќе победи, иако беше пред пораз со Хас, а овој и против Новак покажа дека е во дорба форма.
Ќе биде интересно и Мареј против Енди. Тука не можам ништо да прогнозирам, осеќам 5 сета.
 
Утре осеќам дека Родик ќе го победи на Мареј :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Мареј - Роже финале според мене , останува да уживаме денес во 1/2 финалните дуели :wink:
 
Што се однесува до женското финале очекувам неизвесен меч во 3 сета и секако победа на Венус.

А што се однесува до денешните полифнални натпревари очекувам пласман во финалето да обезбедат Федерер и Родик.:smir:


Ќе биде феноменално да се сретнат Федерер и Родик..
 
Федерер бе дете, шчо им напраи бе...

МАСТЕР е типот..:back:
 
Federer - Haas 7-6 7-5 6-3 maestralna igra od Roger prezadovolen od igrata, se nadevam deka vo nedela ke bide sreken den i ke go osvoime 15 Grend Slem :smir::smir::smir::smir::smir:
 
Ајде Федерер на ред е 15-тата титула
 
Ќе биде феноменално да се сретнат Федерер и Родик..

Феноменално ? Родик му е тежок пациент на Федерер губи и тоа
како мало дете поинтересен меч би бил Мареј-Роже.
 
Швајцарецот Роџер Федерер е првиот тенисер кој си резервира место во големото машко финале на Вимблдон кое е на програмата во недела. Вo денешното полуфинале во три сета Швајцарецот го победи Томи Хас инаку 24 носител на турнирот со 7-6, 7-5 и 6-3.

Со оваа победа дојде до еден чекор од соборување на апсолутниот рекорд кој го држат токму тој и Пит Сампрас со по 14 освоени Грен Слем турнири, Федерер сега е во можност да избие сам на вечната листа со бројката од 15 наслови.

Денешниот меч беше исклучително интересен а тоа воедно го покажува и резултатот кои во првите два сета беше особено израмнет но во последниот сет моралот на Хас беше тотално уништен а и физичката припрема сигурно не му е на нивото од Федерер па му овозможи на вториот носител лесно со 6-3 да го приврши дуелот и да се пласира во финалето.

Во второто полуфинеле, кое е во тек, играат Енди Мареј и Енди Родик, победникот од истото ќе му биде противник на Федерер во финалниот натпревар.

Да подсетиме. во женското финале ќе играат Американките Венус и Серена Вилијамс.




Честитки за Роџе, добро изигра го надмудри Хас.
 
Федерер-Родик финале!:)..

Мислам дека ќе биде многу возбудливо финале,федерер ќе се обиде да го освои 15 гренд-слем,а Родик по 3 пат ќе се обиде да освои Вимблдон..До сеа 2 пати имаат играно у финале и двата пати победи Федерер,па да ја видиме 2-тата среќа за Родик..Типувам на финале у 5 сетови
 
Не верувам дека ќе биде така, ретко Родик му е конкурентен на Федерер, некако му лежи неговата игра. Мислам дека во 3 сета ќе заврши. Ќе беше многу поинтересно со Мареј кој скоро секогаш му правел проблеми на Федерер и има скор од 6-2 против него, ама не се снајде баш како што треба.
 
Одлична игра на Родик , стрпливо си ги искористи своите шанси , во недела финале:smir:
 
Феноменално ? Родик му е тежок пациент на Федерер губи и тоа
како мало дете поинтересен меч би бил Мареј-Роже.
Да,да во право си за ова.Не може Родик да парира против Федерер,барем досега било така,а во недела да се надеваме на поизрамнет меч иако статистикава не ветува такво нешто.
Roger Federer vs. Andy Roddick(14 - 1)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom