Westworld

  • Креатор на темата Креатор на темата NewForce
  • Време на започнување Време на започнување
Серијава има многу тупење безвеза, со сила комплицирање. Ќе правиме сеа сто тајмлајни за да ги збуниме гледачите хехехе
 
Серијава има многу тупење безвеза, со сила комплицирање. Ќе правиме сеа сто тајмлајни за да ги збуниме гледачите хехехе
Ако ти е тоа проблемот, требало уште на пола на прва сезона да ја откажеш и готово.

А ако направеа се едноставно, ќе беше ете пробуваат да ја прилагодат за простата маса, само повеќе пари да извадат хехехе
 
Има многу серии кои се наменети за простата раја па се легендарни. Westworld e try hard серија. Убав сетинг и замисла со катастрофа реализација.
 
Има многу серии кои се наменети за простата раја па се легендарни. Westworld e try hard серија. Убав сетинг и замисла со катастрофа реализација.
"Ама сепак ќе продолжам да ја гледам за да бидам кул." :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
"Ама сепак ќе продолжам да ја гледам за да бидам кул." :(
At this point, истово може и за тебе да се каже земајќи го во предвид фактот што сите кул мејнстрим серии и филмови тебе ти се прејаки, најдобри и какви веќе не.
 
At this point, истово може и за тебе да се каже земајќи го во предвид фактот што сите кул мејнстрим серии и филмови тебе ти се прејаки, најдобри и какви веќе не.
Тоа е премногу погрешно мислење. Ех, да замарав со секоја серија што не ми се свиѓа :D
Ама не осеќам потреба ако не ми се свиѓа сепак да продолжам да гледам и да им сметам на тие што уште си ја почитуваат со секакви безвезни замерки кои ќе успеам да ги измислам. Си има замерки кои држат вода и треба да се кажат, и има замерки од инает, кои ќе ги најдеш милион во секоја серија доколку веќе си одлучил дека не ти се свиѓа, ама сепак поради некоја чудна причина продолжуваш да ја гледаш. Ако сметам дека е катастрофална, ја прекинувам и никому ништо. А имам триесетина прекинати, кои уште се активни.

И мене иначе првата сезона ми беше подобра, оваа на средина малце ме изгуби. Ама која е таа идиотска замерка дека имало повеќе тајмлајни? Од старт серијата е таква, не измислија нешто ново.
 
Генерално ме измори сезонава. Не знам дали пишав претходно, значи со тоа јапанците самураите или што и да беа, ултра досадни епизоди.
Навистина не знам како очекувале да се поврземе со нив.
Потоа и со овој индијанецов ултра мега досадна епизода.
Конечно беше интересна со татково и ќеркава и мајкава алкохоличарка приказната.
Многу работи не ги сфатив ама не ни сакам да ги сфатам.
 
Вторава сезона не ми се допадна, премногу од истото... во суштина не ми се допадна во кој правец ја однесоа, а тоа веќе го знаев на крај од прва сезона кога Мејв излезе од возот. Според мене, требаше Мејв да го фати возот, и втората сезона да се случува претежно надвор. Малку ми е напорно што серииве инсистираат да го задржат истиот сет, мислам дека ќе беше епски после првата сезона веднаш да почнеше "I, Robot" тип на драма надвор.

Искрено ми здосади од тоа играта на Man in black и бескрајните патешествија со Мексиканецот. Епизодите со Доген и со индијанецот беа визуелни одлични, кога веќе ништо не се случува барем да уживаме во продукцијата.

Си има добри моменти серијата но втората сезона не успеа да ми го задржи вниманието, додека на правата не се помрднав од место и ја изгледав цела серија во еден викенд. Се надевам дека сега кога конечно направија breakhthrough, ќе престанат да се враќаат назад во пустелијата и ќе гледаме урбана драма.

Треба доста храброст за тоа бидејќи фан-базата веројатно ја доживува серијата лоцирана во Вестворлд, евентуална промена на сетот за многу луѓе би било како да гледаат нова серија. Но можеби е време за нова серија...?
 
giphy.gif
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Серијава сега заминува во дистописка иднина, во некој друг тајмлајн кај што Арон Пол е блејдранер, да не збунат нас гледачите, колку се кул со идеиве, покул не може да бидат.
 
Не сакам да се враќам наназад да читам коментари, може нешо ќе видам шо не треба. Вреди серијава да почне да се глеа? Ми излезе како сугест, ми изглеа занимљива.
 
Не сакам да се враќам наназад да читам коментари, може нешо ќе видам шо не треба. Вреди серијава да почне да се глеа? Ми излезе како сугест, ми изглеа занимљива.

мислам дека во серијава ни актерите не знаат у кој тајмлајн се, кога го прашале Ед Харис што мисли за приказната, он им рекол не ме прашувајте уште при крајот на првата сезона се загубив.
 
Цел свет зборува за ретардиранана детска серија на Нетфликс, а ретко кој обрнува внимание на ова ремек-дело од серија. За серијава може да се каже дека е некаква комбинација од Blade Runner и The Truman Show, се е феноменално приказна, дијалози, глума, музика, особено музиката каков само гениј е Рамин Џавади. До 7 епизода од прва сезона сум стигнат и сум ипресиониран, каков пресврт, каков мастерплан имал направено Форд, а и каква глума на Ентони Хопкинс, како му одговара ликот што го глуми, како да е создаден за Хопкинс.

Имам уште 3 епизоди од прва сезона и цела втора сезона и поради тоа не сакам да читам што имате коментирано за да не наидам на некој спојлер, тек кога ќе завршам со втора сезона ќе можам да читам мислења за серијава.

И да Нетфликс сака да е HBO кога ќе порасне.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom