Volvo возила, искуства, мислење и вкусови

Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Колиште

Он топик, мислам дека овие возила не ги ценат кај нас, пошо нели у МК ако не е VW знакчето присутно, колата не вреди да се погледне.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714


Американецот Ирвин Гордон има автомобил марка Volvo P1800S од 1966-та година, со кој минал речиси три милиони милји (4.743.448 километри), што е исто како да направил 118 круга околу целиот свет.

Седумдесет и двегодишниот учител во пензија од Лонг Ајленд се надева дека следната година ќе ги надмине и трите милиони милји.

Пензионерот насекаде се вози со своето бордо volvo, а со изминатата километража во 2002-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди.

- Тоа е само автомобил, а јас уживам во возењето, изјави Гордон, кој како 25-годишник на 30-ти јуни 1966-та година го купил возилото за 4.150 долари.

- Тогаш тоа беше една цела моја годишна плата, вели Гордон.

Гордон вели дека уште како дете вози и оти имал обичај да ги стави работите во багажникот и да им каже на родителите дека оди на пат. Патувал во Монтреал, Мичиген, Тексас и годишно минувал од 85.000 до 100.000 милји.
- Имам испиено кафе во секоја американска држава, се пофали Гордон и додаде дека своето „volvo“ никому не му го позајмува, туку само тој го вози и оти од таа причина неговите деца си имаат свои возила.

Автомобилот сè уште го има првобитниот мотор и механика, а Гордон вели дека редовно го води на технички прегледи и води сметка за него. Уште од првиот ден ја има регистарската таблица MILNMILR.

Енергичниот пензионер додаде дека воопшто не планира да го продаде и оти ќе продолжи да го вози.

- Сè почесто мислам дека ќе ме надживее, вели возачот рекордер.

ајде пилиња... мерцедес, бмв, гоЉф... да ве видам сега... имаше за човеков емисија цела... 4,5 милиони километри без ремонт и уште е пали вози без проблем... ајде кај се сега оние вљубениците од светото тројство? инаку првиот рекорд беше 4 милиони километри, исто од волво поставен... ова е и официјалниот нов светски рекорд, 4,7 МИЛИОНИ километри пројдени без ремонт... а ке стига он и до 5 како што ми мириса
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
уште еден новитет од волво

воздушни перничиња за пешаци. при удар на пешак се отвораат воздушни перничиња од кај хаубата за амортизирање на ударот на пешакот... недај боже нели, но се избегнува смрт или потешки повреди... еве ја цела сторија:

Volvo V40 е најбезбедниот автомобил во својата класа
Компанијата Volvo е позната по тоа дека вложува многу во развојот на своите безбедносни решенија и сигурносни системи, па не е некое големо изненадување што европската агенција за безбедност во сообраќајот Euro NCAP го прогласи моделот V40 за најсигурниот автомобил што досега го тестирале.

По фронталниот и страничниот удар, како и тестот за налетување на пешак, Euro NCAP на овој автомобил му додели неверојатни 98 проценти заштита за возрасните патници и 88 заштита за пешаците.
За таквите резултати најмногу придонесе системот за активна заштита City Safety, како и воздушните перничиња под поклопецот на моторот, кои се активираат и го амортизираат ударот, при судир со пешак.
Единствено послаби резултати Volvo V40 доби на делот за заштита на најмладите, што со 75 проценти е една од послабите оценки во таа класа на автомобили.

извор кајгана порталот
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
уште едно дополнување за волво и квалитетот нивни:


ТЕНК!!!
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
А бе Швеганите дизајнирале тенк,ама им снемало пари за цевка :vozbud::vozbud::vozbud:па да не се фрли материјалот рекле ај кола ке праиме
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
уште едно дополнување за волво и квалитетот нивни:
ТЕНК!!!
Нека не го клава на рампа/гуми, и нека го земи директ муцка со муцка па ќе прајме муабет.

И во шо нашол, сузуки марути. Со мотор ќе го уништам.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Нека не го клава на рампа/гуми, и нека го земи директ муцка со муцка па ќе прајме муабет.

И во шо нашол, сузуки марути. Со мотор ќе го уништам.
abe vo pravo si ama pa 50 pati udri i seuste vozi. i udri bajagi pojaki koli od maruti. vidi kako ja otvori i zatvori vratata na kraj.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Со делови како стои Волво во МК? Пошто некако ептен се ретки за жал,можам да замислам..а и цените на резервните делови :(
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
има делови... она што е редовно потрошен материјал го има...

на пример плочки, гуртни, сајли, лагери, каиши и ребрасти и клинести-канални има...

она што го нема ке го има за брзо време т.е. во рок од 48 саати се носи од грција нај често но и од србија... и таму и таму има официјални представништва и сервизи за волво.. од пред некое време МИ-ДА моторс го зедоа волво под своја капа, само не сум информиран како они стојат со делови. веројатно имаат по нешто на лагер и пак ке имаат соработка со околните сервизи (соседни земји де) инаку за зорт до сега се иде во максима и таму ке ти најдат дури и половен дел.

деновиве ке идам во мида, бидејки добив покана од кај нив за тест драјв на волво едно и успат ке прашам за сервизот како им функционира, ке се информирам за одредени цени и ке компарирам со доегашните работи за кои знам, па ке пишам тука...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Pred nekolku meseci procitav deka Volvo kompanijata prva vo svetot vovela bezbednosen pojas uste vo 1959 godina. Ocigledno e deka cela istorija celta im e na Volvo da sozdadat vrvno vozilo koga stanuva zbor za bezbednost. Mene mi se dopagjaat mnogu i dizajnot nadvoresen za kratko vreme go podobrija mnogu. Nivniot kvalitet go dokazuva toa sto gi imaat edni od najdobrite kamioni.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Колите на Волво се прва лига..Штета што се малку поскапи за нашиот македонски џеб..
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Прв Волво собир во Македонија за сопствениците и љубителите на Волво возилата.

На 27-09.-2015 (недела), на пладне во 12h, на паркингот во ново лисиче (Скопје) точно пред ЕВН, (од десна страна паркингот), веднаш после паркот со авиончето (парк писта), слободно дојдете, да се видиме, запознаеме, подружиме некој саат. Ако има воља, и желба, после тоа, можеме да идеме (кој сака) негде на кафе. Во обиди сме да организираме и мида-волво да донесе барем еден примерок на тест, но ке видиме дали ке се деси тоа.

https://www.facebook.com/events/873964239317974/

Се гледаме таму и се надевам времето ќе не послужи, поздрав.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Прв Волво собир во Македонија за сопствениците и љубителите на Волво возилата.

На 27-09.-2015 (недела), на пладне во 12h, на паркингот во ново лисиче (Скопје) точно пред ЕВН, (од десна страна паркингот), веднаш после паркот со авиончето (парк писта), слободно дојдете, да се видиме, запознаеме, подружиме некој саат. Ако има воља, и желба, после тоа, можеме да идеме (кој сака) негде на кафе. Во обиди сме да организираме и мида-волво да донесе барем еден примерок на тест, но ке видиме дали ке се деси тоа.

https://www.facebook.com/events/873964239317974/

Се гледаме таму и се надевам времето ќе не послужи, поздрав.
Ќе има може 3-4 коли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom