Алооооо што ми се јавуваш? Љубоморен си и сега кога веќе не сме заедно го покажуваш тоа што толку месеци го криеше во себе, плашејќи се да не те дознаам па да си ја кренам главата.
Те интересира, а? Епа мило ми е што не сум истата од порано, мило ми е што сега веќе и не ти придавам такво значење во мојот живот како некогаш. Да, ништо повеќе нема да биде како некогаш. Но, тоа ти сам си го направи. Ти така сакаше. Жалам. Не викам дека не ми е мака, сепак ти ми беше најмилото, најубавото.... Но, се има крај и иако длабоко во себе не сум сигурна дали во ова што го пишувам сум 100% сигурна, мислам дека Господ ми ги отвори очите.
Мило ми е што некако почнува тркалцето да се врти, ти си тој кој сега доаѓа, ти си тој кој се јавува и на крајот што ќе ми биде најмило ти си тој кој ќе изгуби. Ти ќе бидеш поразениот.
А за другата особа - ммммм.....слаткичко....