- Член од
- 21 ноември 2011
- Мислења
- 884
- Поени од реакции
- 410
- Возраст
- 55
moze ti da kazuvas teorija kakva sakas , vistinata e - nad 5.000 vraboteni od vremeto na jygoslavija se isterani od rabota, otpusteni za vreme na tranzicijata , toa se 5.000 covecki sudbini , za sekaja 1 covecka sudbina se mislelo za vreme na jugoslavija, sega postojat i drugi kako tebe koi matat voda da ne e bistra i lagit gi pretvarat vo vistini, ova e vistinskartta vistina - 5.000 RABOTNI MESTAМислам... навистина незнам како човек да ти објасни!? Веројатно неможе!? Не да пишуваш со болдирани букви со вклучен "Caps Lock" туку да пишуваш со фонт 48-ца или 72-ка можеш ли да убедиш некого што и малку ја разбира економијата во ефикасноста на таа економија. Економија која пропадна како и државата... економија, која беше осудена на пропаст на самиот почеток (како и државата)... Мислам човек и да ти црта џабе е! Се обидуваш од незнам кои причини една тема, која е мртва као и државата (за која се пењавите неколкумина овде) веќе 20 години! Се најубо за покојникот, но како што рекол Македонецот (интересно е сега има некои налудничави теории дека бил Македонец) Аристотел му ја припишуваат.. "Amicus Plato, set magis amica veritas" Драг ми е Платон ама подрага ми е вистината! А таа вистината јас вака ја перцепирам со факти... и уште една латинска "Contra factum non datur argumentum" против фактите нема аргументи!
Прво... овие ООЗ-тиња (кои воглавно беа тиња)... во пропаст ги однесоа баш економските закони (работење по пазарна економија) и товите пионери, кои беа на чело на компаниите, не ги однесов јас.... оние кои помалку беа ‘‘тиња‘‘ ги купива повторно ‘‘титови пионери‘‘ назначени од комитетот за директори. Позната е криминалната приватизација во почетокот на 90-тите!... Па само слеп човек и глув нема да му е јасно дека целата приватизација ја направија титови кадри. 90-95% од приватизираните компании (оние што од федерацијата беа малку подобри) ги приватизираа кадри на партијата, на титовиот режим! Едните како новопечени преобратени демократи во политиката (Глигоров, Црвенко, Фити, Миљовски....) другите како директори на компаниите (да не ги набројуваме сега, сите ги знаеме)...Ако не е така јас веднаш ќе скокнам во Вардар или во Охридско ез! Па на ластовичките им е јасно тоа!
Второ.... доказ дека целата таа економија беше ‘‘тиња‘‘ осудена на пропаст, заснована на грандоманијата на суверенот, поставена на сосема не-економски категории, не-економски закони и не-пазарни услови (затоа јас предходно реков, нека каже некој квалитетен СФРЈ производ бренд познат во Светот) Е нема, па нема кога се правеа фабрики поради фабрики, фабрики поради мир у куќа - вработување на селаните на кои предходно си им ја експроприрал конфискувал земјата, поради општественото уредување (Социјализмот не трпеше земјопоседници, а со земјопоседници и со имотни луѓе нели неможеш да градиш социјализам).... наместо фабрики проектирани и изградени по пазарни услови, кои би произведувале коњуктурен производ, кој по пазарни услови би се пласиран на домашниот или извезол на странскиот пазар... производ кој би донел профит - вишок на вредност, кој пак вишок на вредност (најголемиот дел) повторно би се инвестирал (реинвестирал) и би вработил нови работници... систем на кој беа и се засновани систем кој е темел на западните демократии - систем кој не е совршен (далеку од совршен) но сега засега е најдобар и покажан како најефикасен... систем кој еве со сите војни кризи и рецесии (вклучувајки ја и последнава) егзистира добри 200 години наместо 40-45 од федерацијата!
Трето.... ДОКАЗ за ‘‘тиња економијата‘‘ на тогашната СФРЈ, за договорната економија која градеше споменици-фабрики кои вработуваа 500-1000-10,000 вработени но и добри 50-60% ја викавме тогаш ‘‘режија‘‘ би рекол непродуктивни вработувања ги спомнав од контролори, па контролори на контролорите, па шевчиња, па службеници и тнр ‘‘управа‘‘ која изнесуваше над 30-40% од вкупниот бр. враб... при што некои фирми во мк имаа и до 70 правници вработено (тоа Гошев го изјави една прилика не јас, токму Гошев дебело инволвиран во тогашниот систем).... број на правници кои денес го немаат ни најголемите ревизорски куќи или адвокатски бира во САД... и тн и тн.... буџетот на федерацијата кој вложуваше во инфраструктурни проекти, патишта, мостови брани, централи, болници школи... (што можеби е единствено добро од таа федерација) но буџет кој нималку не беше развоен, буџет кој не носеше развој (освен во делот на вложувањата во инфраструктурата, енергетиката, здравството, социјалата, школството...крај!) туку највеќе на ИМИЏОТ на МЕГАЛОМАНИЈАТА.... и се разбира во неуништливата моќна ЈНА! Е па, за оние што незнаат, СФРЈ беше држава ВТОРА со најголем воен буџет во Светот (веројатно само улавана и денес Сев Кореа повеќе од Маршалот вложувала во армијата). Секоја година 40-45% од буџетот се одлеваа во Армијата, пари во износ стотици милијарди Долари потрошени изгорени во ПАРАНОЈАТА на Тито! Како да можеше да се заштити од НАТО или од Варшавскиот пакт со кои бевме опкружени и во конфронтација едно време, до кај 69-70! Се градева будалаштини (како во Албанија) бункери, касарни, полигони но и скривници од по +10 милијарди за Маршалот и кликата негова како онаа на граница БИХ и ХР кај Бихаќ ми се чини.... тешки стотици милијарди отидоа во Армијата.... и затоа ми се смешни тврдења дека сме имале најдобар тенк (Т55) и годишен извоз во Циганскине неврзани земји оружје од по цели 1-2-3 милијарди Долари годишно! Идиотизми невидени!
Четврто (или кое по ред) ДОКАЗ дека договорната економија на СФРЈ не беше ефикасна и беше осудена на пропаст би предложил да се погледне овој линк: http://www.healthmetricsandevaluati...y-and-year-global-1950-2015#/overview/explore анализа на GDP (или што би рекле ние БДП бруто нац производ) анализа од 1950-2013....
бидејки ЈУ е мртва работа, ја нема во анализата но ги има нејзините членки... Па еве јас би предложил да ги штиклирате Хрватска и Србија како најразвиена (едната) и најголемата по обем (другата) економија.... (да пуштиме "Play" (лево долу) и да направиме една споредба и анализа од 1950 до 1992 до кога постоеше СФРЈ (иако последиците од таа економија се осеќаа и тоа како и многу год. подоцна како и војната која ја предизвикаа токму луѓе на Маршалот и системот освен јадниот немоќен невлијателен и безличен Изедбеговиќ).... но реков до 1992 нека биде!
Србија 1950 (БДП - 3370 Долари) 1992 (БДП - 3113 Долари)
Хрватска 1950 ( БДП - 4520 Дол) 1992 (БДП - 6370 Долари)
Нема да ја земам Јапонија која 1950 има многу помал ГДП од Хрватска 4088, додека 1992 оди на 31,800 Дол.... ниту Хонг Конг, Таиван кои ги сметаме за економски чуда како што некои СФРЈ ја сметаат за економско чудо!Но еве да земеме било која држава од Европа со пазарна економија во тој период... Шпанија (до 70-тите под друга диктатура онаа на Франко која ја сметаа полоша од таа на Тито... (1950 - ГДП 4420 Дол... 1992 ГДП 19,300! Една сиромашна Португалија која исто така беше во полу диктатура долго време 1950 ГДП 2836... 1992 ГДП 14,500 Долари! Една тогаш сиромашна Италија 1950 - 6,190 во 1992-ра година достигна скоро 26,000... Една Бедна Грција која тогаш ја заврши граѓанската војна (1950 - ГДП 3980 .... до 1992 ГДП-то на 15,800 Австрија од 7200 на 29,200.... Израел од 4260 на 15,700.... Германија више да ја оставиме и сметаме како економско чудо од 6700 на 28,900... и тн и тн
Која сакате земја поставена на пазарна економија на демократско уредување од Европа....ПА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ДИНАМИКАТА НА РАСТОТ НА ГДП-то... КАТАСТРОФАЛНА Е СФРЈ ЕКОНОМИЈА! АЛОООООО за што зборуваме ние! Земете и штиклирајте го еден Габон Африканска беда од држава (или некоја банана држава од Ј. Америка Чиле Перу држави во кои секои десет год има револуции и четирицифрена инфлација) но еден Габон (од Африка нели)... во 1950 година имал 2480$ помал ГДП од Србија (далеку помал од Хрватска)... штиклирајте и видете што ќе се случи! 1992 ги престигнува и двете ЈУ економии и стига до 7,290$ Еден Габон држава и економија за која не сме чуле! Еден Пуерто Рико 1950 имал мноооогу помалку од Србија 2,550 ГДП.... за да 1992 отиде далеку над со 11,650... да стана 51 Ѕвезда на US знаме (но по 1992 ми се чини!?)....на крајот на краиштата, па ШТО НЕ СТАНАВМЕ И НИЕ 52? Некој ќе рече па во западните економии се влеава пари од Маршаловиот план!? Па што не станавме и ние таква земја да се влеат и кај нас? Неофицијално се тврди дека на Маршалот му е понудена таква една опција уште во раните 70-ти! ... До душа повеќе членови овдека како и јас, кажавме и изнесовме податоци дека во СФРЈ се влеале (поединечно и према големината на економијата) повеќе пари отколку во некои држави од пазарната економија опфатени со Маршаловиот план, МНОООГУ ПОВЕЌЕ СЕ ВЛЕА одколку во држави кои едноставно ја прегазива федерацијата те нејзината економија КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА!
МИСЛАМ СЕКОЈА ДИСКУСИЈА НА ТЕМА ЕКОНОМИЈА ЗА ТАА ДРЖАВА И НЕЈЗИНА СПОРЕДБА СО ПАЗАРНИТЕ ЕКОНОМИИ И ДЕМОКРАТИИ НА ЕВРОПА МИ Е ЕПТЕН СТУПИДНА И СКРОЗ НЕСЕРИОЗНА (ете и јас нешто да напишам со Caps Lock)![]()
--- надополнето: 23 декември 2013 во 18:03 ---
se davalo vo armijata , zatoa i mozes denes da uzivas vo vakvi video http://www.youtube.com/watch?v=oMTIHj6a2q8 , za zal , nema nikogas da vidime vakvo nesto od armМногу ме ‘‘погоди‘‘ твојава анализа за моите намери! Наместо да ме анализираш мене и моите намери кажи што не е точно во постот!? Или можеби табелата!? Не одговара нели!?
Стотици милијарди реков НЕ ГОДИШНО... туку вкупно фрлени во армијата и нејзината индустрија која годишно носеше само 2-3 млд клириншки Долари од арапските земји!
Дека е конфузен.... незнам ама дека не ти одговара оти немаш факти сум убеден!
Реков против фактите нема аргументи! Ете ти ја табелата па коментирај нешто!
А за 70-те правници во фирма од 1500-2000 души прашај го Гошев!
За Габон Португал или Шпанија Порто Рико не е точно?... па погледни на линкот, не негирај паушално и кажи дали е така или не е така!
Многу е едноставен одговорот верувај ми! Или е така или не е така?