Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Ми ги извртуваш зборовите перфектно како што правеле на политичките судења комунистичките квази-обвинители! ;) Јас не реков не ти е дозволено.... (ниту можам да ти забранам ниту смеам) туку дека е невкусно воопшто на било кој, а најмалку на некој со пет поста да дава заклучок шлагфорт на тема која има 2500 поста! Тоа можеш за среќа да го провериш ти или кој сака!
Е да немало жртви во режимот на СФРЈ и не заврши таа држава со крв до колена убиени над 250,000 и протерани над 500,000....Да и Елвис е жив!
Кажи им го тоа на фамилиите на Панко Брашнаров на Методија Андонов.... кажи им дека судбината на нашите херои (запечатена од режимот) е само пропаганда слична на идиотските емисии на Discovery... кажи им го тоа на семејствата на околу 1000 Мекедонци однесени на Голи Оток (од кои најголемиот број го загубија животот таму) на оние семејства чии борци загинаа не од куршумот на непријателот туку на Скопското Кале, кажи им го на семејствата на оние што почиваат во масовните гробници во Куманово, при што се кажуват очевидци дека недотепаните - живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат. Кажи им го на семејствата на оние од Велес 50-тина на број стрелани без судење... кажи им го на оние што најблиските им ги апселе, затварале некои и стрелале, на оние кои им нема трага убиени во монтирани процеси (Илија Чаушев, П. Шатев, Пирузе, Фотев, Митре Анастасов, Лена Стојчевска... кажи им го на роднините на струмичките студенти кои беа свирепо убиени без судење сека се само ПРОПАГАНДА и ништо друго.... кажи им на оние понижени од режимот осудени како политички неподобни - капиталистички свињи, оние на кои им конфискуваа имот ги понижива омаловажива, ...
За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот „Идризово”, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.
Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот „Идризово” биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. А сето ова е направено под знакот на „српот и чеканот”, во името на „диктатурата на пролетеријатот”, а од страна на „авангардата на работничката класа”.
Тоа дел од жртвите на комунизмот и режимот кај нас.... но!
Кажи им на Хрватите кои велат дека на ‘‘Крижниот пат‘‘ по завршување на војната без судење биле истепани повеќе десетина иљади Усташи, домобрани но и нивни семејства или семејства на оние кои сакале да ја напуштат СФРЈ...на жртвите на озлогласениот политички затвор Голи Оток, кажи им дека се пропаганда како онаа од Discovery, ним и на Србите кои го имаа само тој грев што си ја сакаа својата нација и кралот повеќе од Маршалот! На десетици илјади истепани, стрелани егзекутирани без судење.... пропаганди на западот нели!? И оние масовни гробници кои и ден денес се откриваат, како онаа неодамна во темелите на Црвена Застава кога италијаните копава темели за новата фабрика на Фиат! Гробница од Титовиот режим 50-тина стрелани! Една од илјадници такви! И тоа ли е ПРОПАГАНДА?
А неа проапаганда таа беше привилегија на тој систем....!? Ја имаше, ама од другата страна и тоа најголема БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА!... од оние кои не убедуваа дека сви смо ми браќа, а тепава недолжни цивили за кои пишува историјата! Браќа по оружју изгледа!
Премногу крв и коски на мртви во темелите на таа држава! За тоа реков многу научни трудови се напишаа, не ПРОПАГАНДИ што ги нарекуваш, за среќа или за жал сеуште живи луѓе кои што сведочат за џелатскиот режим! Секаде и во МК и ви СР и во ХР ЦГ живи сведоци од по 80 години! И тие ли се во служба на пропаганда? И тие ли лажат?....Исто и научни трудови признати од најголемите авторитети , од историчарите, од образованието, академиите, од аналитичарите, политиколозите.... и тн.
И делот за економија ти е толку нелогичен, што (реков и предходно) навистина е излишно да се дискутира!
Реков и пак ќе кажам СФРЈ....Убав живот? Да! Стабилна економија, вработеност, решена социјала, солидно образование, врвно здравство..... Но само од 1970-1980. Толку!...И не само по мое мислење сума сумарум: тажна приказна! Се на грбот и врз коските на милион убиени, на милиони обесправени по разни основи: затварани, опљачкани, обесправени, прогонети, деградирани, понижени.... Тоа е! Во некоја прилика учителот на Маршалот (од кој подоцна нашиов се оградува иако по методита беше сличен) имал речено: СССР 300 милиони! Ако треба 270 ќе истепаме, 30 мил да живеат во Комунизам... не истепа 270 му припишуваат меѓу 40 и 60 милиони жртви! Е ученикот негов ‘‘само‘‘ милион!http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM Како што реков Харвард издание! Неоптеретен од дневна политика! А не мемоарите на Тито! ха-хахах Или уште поубаво Книга за Тито! :pos:

пак со хавајскиот “професор“ кој самиот за себе вели дека 2 пати бил номиниран за нобелова награда (али тајно па никој дури ни одборот за нобелова награда не знале дека е номиниран) Мислиш заборавив ?? Па го рсакринкав овде како лажго и преварант кој не мрднал од хаваите а пиши за сите режими во светот кој колку убил ?!?! Ќе замисли некоја бројка ќе ја помножи подели и ќе ја објјави. Во научниот свет неговото мислење е битно колку и на баба ми за нуклеарната фусија.
Кога зборуваш за повоените периоди - зборни мналце за Европа, па спомени дека во франција се стрелани 50.000 французи на импровизирани судења, дел како соработници со германците но и дел како противници на Де Гол, па спомени и 30.000 стрелани Италијани во повоениот период најмногу како меѓуполитички пресметки во повоена Италија.
Голи Оток се случи кога Југославија беше на праг на војна со СССР. Земјата беше штотуку излезена од светска војна, разурната, се уште низ неа беа активни усташки и четнички групи по планини, бевме речиси опколени од сојузниците на СССР (Бугарија, Унгарија Романија, Албанија) а во земјата имаше проруски елементи кои беа опасност. Како изреагира Југославија? го отвори логорот Голи Оток и таму ги депортира сиите неприатели на режимот и тоа во услови на непосредна воена опасност. Дали некоја друга земја има така правено? Сети се (ако воопшто знаеш) на 1941 кога јапонија ја нападна америка, америка СИТЕ граѓани со Јапонска националност ги затвори во логори. Една демократска земја тоа го направи како неопходна мерка. Преку 60% од тие јапонци беа државјани на Америка, и речиси пола од нив беа деца, беа иселени од своите живеалишта и депортирани по логори, логорите беа без струја, вводовод канализација, живеалиштата беа дрвени рамки прекриени со тер хартија или штици, најголем број јапонци беа депортирани од топлите крајбрежни предели на брзина без да им се дозволи носење на багаж или алишта, а камповите беа во внатрешноста на САД во некои држави каде на зима температурата се спушташе и до -20, беа опкружени со жица чувани од вооружени стражари и често имаше убвање на затворениците и смрт од болести...
Во СФРЈ беше гонет национализмоот, (тоа е она што доведе до војни во босна, хрватска, косово па и македонија) се затвараа и прогонуваа лица кои настапуваа на националистичка основа - затварани и прогонувани на таа основа беа и Изетбеговиќ и Туѓман и Шешељ. Луѓе кои после како “демократи“ ја зедоа власта во републиките и го видовме резултатот. Од такви последици и свценарија СФРЈ се бранеше. Во цела историја на Голи оток умреа мислам 483 луѓе, имаше таму и Босанци и Срби и Хрвати и Црногорци и Македонци. Кога тие националисти дојода на власт - имаме околу 150.000 мртви кузнај колку осакатени психички и физички и милони раселени. Многу од тие жртвии се деца жени старци... Тоа е разликата од двата системи, едниот од нив нудеше братсво и единство и прогонуваше национализам и сепаратизам, обезбеди голема рамноправност меѓу луѓето во врабоувања, социјала, даде здравство школство асфалтира, индустријализира, електрифицира земјата, истреби болести, неписменост, сиромаштија глад. Почна од речиси нула, по светска војна која однесе на овие простори огроми жртви и големи разурнувања и стигна на ниво на средно развијена земја која производуваше од земјоделие и руди до авиони и бродови, со која прва земја ЕЗ (поранешен назив за ЕУ) потпиша договор за трговија и размена, а ради високите сстандарди и квалитет на производство и платежен промет, чиј пасош беше ценет низ цел свет, каде беше слободно да си одиш ако не ти се бендисва, каде имавме и западна култура од филмови, музика, возила, пијалоци... нешто незамисливо за сите останати социјалистички земји... впрочем јасно ти е и тебе, а денес... денес НЕМАМЕ се она што го имавме порано. Имаме повеќе партии кои очите си ги вадат на собраниски канал и кои го поделија народот имаме национализам и сепаратизам кои ни донесоа и нам војна и жртви и протерани, имаме капитализам кој ни донесе затворени фабрики, долгови, стечајци, мнозинство на сиромашрија и малцинство на богаташи, имаме катастрофално здравство скапи лекови и операции, имаме руинирано школство никој не не ферма секој не шутка кој како сака а со пасошот те гледаат на граница како да си дојден нешто а ги заебеш. Државатта ни спадна на бизнис партнер со криминалец под истрага во Индија, за пари признаваме непостоечки држави (Тајван) уште ни фали некој бос на картел од колумбија да инвестира тука.

Порано беше мноооооооооооооооооооооогу подобро!
 
САМО ВО ОХРИД Е ОВА!!!!!!!!!!!!!

1.ЕМО ОХРИД , КОНТРАВЕРЗНА ПРИВАТИЗАЦИЈА СО ФИРМАТА АРАРАТ -ЦРНА ГОРА , 2500 ВРАБОТЕНИ НА УЛИЦА , ИМОТ ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ЕВРА НИЗ МАКЕДОНИЈА РАСПРОДАДЕН , ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ХИПОТЕКАРНО ЗАВЕДЕН ПО БАНКИ.НЕИСПЛАТЕНИ ЛИЧНИ ДОХОДИ ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОДИНИ
2.ОТЕКС ОХРИД -ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ , НЕКОГАШ 3000 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ. ИМОТ ВРЕДЕН НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЕКС ЈУ ПРОСТОРИТЕ ,НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИЛ
3.ЕЗЕРКА ОХРИД, 500 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА РАСПРОДАДЕН ВО СТЕЧАЈАНА МАСА ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА
4.АДГ ТРУДБЕНИК , ИМОТ ВРЕДЕН 30 МИЛИОНИ ЕВРА , ПРОДАДЕН ЗА 100.000ЕВРА СО 80 % ДИСКОНТ , 700 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ РАСПРОДАДЕН ОД НОВИОТ СОПСТВЕНИК
5.ВИДЕО ИНЖИНЕРИНГ, НЕКОГАШ 200 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ , ИМОТОТ РАСКРЧМЕН И РАСПРОДАДЕН ,НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 10 МИЛИОНИ ЕВРА
6.АД БИЛЈАНА ОХРИД, НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО ПРИВАТНИ РАЦЕ ЗА 200000ЕВРА , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА,ИМОТОТ ВРЕДЕШЕ НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МОМЕНТ НА РАСКРЧМУВАЈЊЕТО НА ЗАЛИХА НАД 50 ТОНИ ВИНО И НАД 50 ТОНИ ДЕСТИЛАТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ
7.ЗЗ ГОРИЦА , НЕКОГАШ ГИГАНТ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДЕСЕТ ЗАДРУГАРИ , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА , ИМОТ ВРЕДЕН 7 МИЛИОНИ ЕВРА,ВО КОЈ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ВО КОМПЛЕКСОТ СВЕТИ НАУМ
8.БРАТСТВО ОХРИД , ГИГАНТ НА НАМЕНСКА ИНДУСТРИЈА , НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ,СЕГА РАСПРОДАДЕН ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА , НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИТУ ЕДЕН
9.ЖИВИНО ПРОМ , НЕКОГАШ УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС КОМПЛЕТНО РАСПРОДАДЕНА , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРА
10.ГРАДИНАР ОХРИД ,НЕКОГАШ 300 ВРАБОТЕНИ , ОГРОМНИ ОРАНЖЕРИИ ,ДЕНЕС РУИНА СО НЕРЕШЕН СТАТУС , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 15 МИЛИОНИ ЕВРА
11.АГП ЗАСТАВА ОХРИД , ВРЕДНОСТ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА , НЕКОГАШ 5 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ДЕНЕС 100
 
Мислам... навистина незнам како човек да ти објасни!? Веројатно неможе!? Не да пишуваш со болдирани букви со вклучен "Caps Lock" туку да пишуваш со фонт 48-ца или 72-ка можеш ли да убедиш некого што и малку ја разбира економијата во ефикасноста на таа економија. Економија која пропадна како и државата... економија, која беше осудена на пропаст на самиот почеток (како и државата)... Мислам човек и да ти црта џабе е! Се обидуваш од незнам кои причини една тема, која е мртва као и државата (за која се пењавите неколкумина овде) веќе 20 години! Се најубо за покојникот, но како што рекол Македонецот (интересно е сега има некои налудничави теории дека бил Македонец) Аристотел му ја припишуваат.. "Amicus Plato, set magis amica veritas" Драг ми е Платон ама подрага ми е вистината! А таа вистината јас вака ја перцепирам со факти... и уште една латинска "Contra factum non datur argumentum" против фактите нема аргументи!
Прво... овие ООЗ-тиња (кои воглавно беа тиња)... во пропаст ги однесоа баш економските закони (работење по пазарна економија) и товите пионери, кои беа на чело на компаниите, не ги однесов јас.... оние кои помалку беа ‘‘тиња‘‘ ги купива повторно ‘‘титови пионери‘‘ назначени од комитетот за директори. Позната е криминалната приватизација во почетокот на 90-тите!... Па само слеп човек и глув нема да му е јасно дека целата приватизација ја направија титови кадри. 90-95% од приватизираните компании (оние што од федерацијата беа малку подобри) ги приватизираа кадри на партијата, на титовиот режим! Едните како новопечени преобратени демократи во политиката (Глигоров, Црвенко, Фити, Миљовски....) другите како директори на компаниите (да не ги набројуваме сега, сите ги знаеме)...Ако не е така јас веднаш ќе скокнам во Вардар или во Охридско ез! Па на ластовичките им е јасно тоа!
Второ.... доказ дека целата таа економија беше ‘‘тиња‘‘ осудена на пропаст, заснована на грандоманијата на суверенот, поставена на сосема не-економски категории, не-економски закони и не-пазарни услови (затоа јас предходно реков, нека каже некој квалитетен СФРЈ производ бренд познат во Светот) Е нема, па нема кога се правеа фабрики поради фабрики, фабрики поради мир у куќа - вработување на селаните на кои предходно си им ја експроприрал конфискувал земјата, поради општественото уредување (Социјализмот не трпеше земјопоседници, а со земјопоседници и со имотни луѓе нели неможеш да градиш социјализам).... наместо фабрики проектирани и изградени по пазарни услови, кои би произведувале коњуктурен производ, кој по пазарни услови би се пласиран на домашниот или извезол на странскиот пазар... производ кој би донел профит - вишок на вредност, кој пак вишок на вредност (најголемиот дел) повторно би се инвестирал (реинвестирал) и би вработил нови работници... систем на кој беа и се засновани систем кој е темел на западните демократии - систем кој не е совршен (далеку од совршен) но сега засега е најдобар и покажан како најефикасен... систем кој еве со сите војни кризи и рецесии (вклучувајки ја и последнава) егзистира добри 200 години наместо 40-45 од федерацијата!
Трето.... ДОКАЗ за ‘‘тиња економијата‘‘ на тогашната СФРЈ, за договорната економија која градеше споменици-фабрики кои вработуваа 500-1000-10,000 вработени но и добри 50-60% ја викавме тогаш ‘‘режија‘‘ би рекол непродуктивни вработувања ги спомнав од контролори, па контролори на контролорите, па шевчиња, па службеници и тнр ‘‘управа‘‘ која изнесуваше над 30-40% од вкупниот бр. враб... при што некои фирми во мк имаа и до 70 правници вработено (тоа Гошев го изјави една прилика не јас, токму Гошев дебело инволвиран во тогашниот систем).... број на правници кои денес го немаат ни најголемите ревизорски куќи или адвокатски бира во САД... и тн и тн.... буџетот на федерацијата кој вложуваше во инфраструктурни проекти, патишта, мостови брани, централи, болници школи... (што можеби е единствено добро од таа федерација) но буџет кој нималку не беше развоен, буџет кој не носеше развој (освен во делот на вложувањата во инфраструктурата, енергетиката, здравството, социјалата, школството...крај!) туку највеќе на ИМИЏОТ на МЕГАЛОМАНИЈАТА.... и се разбира во неуништливата моќна ЈНА! Е па, за оние што незнаат, СФРЈ беше држава ВТОРА со најголем воен буџет во Светот (веројатно само улавана и денес Сев Кореа повеќе од Маршалот вложувала во армијата). Секоја година 40-45% од буџетот се одлеваа во Армијата, пари во износ стотици милијарди Долари потрошени изгорени во ПАРАНОЈАТА на Тито! Како да можеше да се заштити од НАТО или од Варшавскиот пакт со кои бевме опкружени и во конфронтација едно време, до кај 69-70! Се градева будалаштини (како во Албанија) бункери, касарни, полигони но и скривници од по +10 милијарди за Маршалот и кликата негова како онаа на граница БИХ и ХР кај Бихаќ ми се чини.... тешки стотици милијарди отидоа во Армијата.... и затоа ми се смешни тврдења дека сме имале најдобар тенк (Т55) и годишен извоз во Циганскине неврзани земји оружје од по цели 1-2-3 милијарди Долари годишно! Идиотизми невидени!
Четврто (или кое по ред) ДОКАЗ дека договорната економија на СФРЈ не беше ефикасна и беше осудена на пропаст би предложил да се погледне овој линк: http://www.healthmetricsandevaluati...y-and-year-global-1950-2015#/overview/explore анализа на GDP (или што би рекле ние БДП бруто нац производ) анализа од 1950-2013....
бидејки ЈУ е мртва работа, ја нема во анализата но ги има нејзините членки... Па еве јас би предложил да ги штиклирате Хрватска и Србија како најразвиена (едната) и најголемата по обем (другата) економија.... (да пуштиме "Play" (лево долу) и да направиме една споредба и анализа од 1950 до 1992 до кога постоеше СФРЈ (иако последиците од таа економија се осеќаа и тоа како и многу год. подоцна како и војната која ја предизвикаа токму луѓе на Маршалот и системот освен јадниот немоќен невлијателен и безличен Изедбеговиќ).... но реков до 1992 нека биде!
Србија 1950 (БДП - 3370 Долари) 1992 (БДП - 3113 Долари)
Хрватска 1950 ( БДП - 4520 Дол) 1992 (БДП - 6370 Долари)
Нема да ја земам Јапонија која 1950 има многу помал ГДП од Хрватска 4088, додека 1992 оди на 31,800 Дол.... ниту Хонг Конг, Таиван кои ги сметаме за економски чуда како што некои СФРЈ ја сметаат за економско чудо! :pos: Но еве да земеме било која држава од Европа со пазарна економија во тој период... Шпанија (до 70-тите под друга диктатура онаа на Франко која ја сметаа полоша од таа на Тито... (1950 - ГДП 4420 Дол... 1992 ГДП 19,300! Една сиромашна Португалија која исто така беше во полу диктатура долго време 1950 ГДП 2836... 1992 ГДП 14,500 Долари! Една тогаш сиромашна Италија 1950 - 6,190 во 1992-ра година достигна скоро 26,000... Една Бедна Грција која тогаш ја заврши граѓанската војна (1950 - ГДП 3980 .... до 1992 ГДП-то на 15,800 Австрија од 7200 на 29,200.... Израел од 4260 на 15,700.... Германија више да ја оставиме и сметаме како економско чудо од 6700 на 28,900... и тн и тн
Која сакате земја поставена на пазарна економија на демократско уредување од Европа....ПА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ДИНАМИКАТА НА РАСТОТ НА ГДП-то... КАТАСТРОФАЛНА Е СФРЈ ЕКОНОМИЈА! АЛОООООО за што зборуваме ние! Земете и штиклирајте го еден Габон Африканска беда од држава (или некоја банана држава од Ј. Америка Чиле Перу држави во кои секои десет год има револуции и четирицифрена инфлација) но еден Габон (од Африка нели)... во 1950 година имал 2480$ помал ГДП од Србија (далеку помал од Хрватска)... штиклирајте и видете што ќе се случи! 1992 ги престигнува и двете ЈУ економии и стига до 7,290$ Еден Габон држава и економија за која не сме чуле! Еден Пуерто Рико 1950 имал мноооогу помалку од Србија 2,550 ГДП.... за да 1992 отиде далеку над со 11,650... да стана 51 Ѕвезда на US знаме (но по 1992 ми се чини!?)....на крајот на краиштата, па ШТО НЕ СТАНАВМЕ И НИЕ 52? Некој ќе рече па во западните економии се влеава пари од Маршаловиот план!? Па што не станавме и ние таква земја да се влеат и кај нас? Неофицијално се тврди дека на Маршалот му е понудена таква една опција уште во раните 70-ти! ... До душа повеќе членови овдека како и јас, кажавме и изнесовме податоци дека во СФРЈ се влеале (поединечно и према големината на економијата) повеќе пари отколку во некои држави од пазарната економија опфатени со Маршаловиот план, МНОООГУ ПОВЕЌЕ СЕ ВЛЕА одколку во држави кои едноставно ја прегазива федерацијата те нејзината економија КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА!:pos:
МИСЛАМ СЕКОЈА ДИСКУСИЈА НА ТЕМА ЕКОНОМИЈА ЗА ТАА ДРЖАВА И НЕЈЗИНА СПОРЕДБА СО ПАЗАРНИТЕ ЕКОНОМИИ И ДЕМОКРАТИИ НА ЕВРОПА МИ Е ЕПТЕН СТУПИДНА И СКРОЗ НЕСЕРИОЗНА (ете и јас нешто да напишам со Caps Lock) :P
 
САМО ВО ОХРИД Е ОВА!!!!!!!!!!!!!

1.ЕМО ОХРИД , КОНТРАВЕРЗНА ПРИВАТИЗАЦИЈА СО ФИРМАТА АРАРАТ -ЦРНА ГОРА , 2500 ВРАБОТЕНИ НА УЛИЦА , ИМОТ ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ЕВРА НИЗ МАКЕДОНИЈА РАСПРОДАДЕН , ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ХИПОТЕКАРНО ЗАВЕДЕН ПО БАНКИ.НЕИСПЛАТЕНИ ЛИЧНИ ДОХОДИ ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОДИНИ
2.ОТЕКС ОХРИД -ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ , НЕКОГАШ 3000 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ. ИМОТ ВРЕДЕН НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЕКС ЈУ ПРОСТОРИТЕ ,НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИЛ
3.ЕЗЕРКА ОХРИД, 500 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА РАСПРОДАДЕН ВО СТЕЧАЈАНА МАСА ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА
4.АДГ ТРУДБЕНИК , ИМОТ ВРЕДЕН 30 МИЛИОНИ ЕВРА , ПРОДАДЕН ЗА 100.000ЕВРА СО 80 % ДИСКОНТ , 700 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ РАСПРОДАДЕН ОД НОВИОТ СОПСТВЕНИК
5.ВИДЕО ИНЖИНЕРИНГ, НЕКОГАШ 200 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ , ИМОТОТ РАСКРЧМЕН И РАСПРОДАДЕН ,НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 10 МИЛИОНИ ЕВРА
6.АД БИЛЈАНА ОХРИД, НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО ПРИВАТНИ РАЦЕ ЗА 200000ЕВРА , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА,ИМОТОТ ВРЕДЕШЕ НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МОМЕНТ НА РАСКРЧМУВАЈЊЕТО НА ЗАЛИХА НАД 50 ТОНИ ВИНО И НАД 50 ТОНИ ДЕСТИЛАТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ
7.ЗЗ ГОРИЦА , НЕКОГАШ ГИГАНТ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДЕСЕТ ЗАДРУГАРИ , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА , ИМОТ ВРЕДЕН 7 МИЛИОНИ ЕВРА,ВО КОЈ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ВО КОМПЛЕКСОТ СВЕТИ НАУМ
8.БРАТСТВО ОХРИД , ГИГАНТ НА НАМЕНСКА ИНДУСТРИЈА , НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ,СЕГА РАСПРОДАДЕН ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА , НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИТУ ЕДЕН
9.ЖИВИНО ПРОМ , НЕКОГАШ УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС КОМПЛЕТНО РАСПРОДАДЕНА , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРА
10.ГРАДИНАР ОХРИД ,НЕКОГАШ 300 ВРАБОТЕНИ , ОГРОМНИ ОРАНЖЕРИИ ,ДЕНЕС РУИНА СО НЕРЕШЕН СТАТУС , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 15 МИЛИОНИ ЕВРА
11.АГП ЗАСТАВА ОХРИД , ВРЕДНОСТ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА , НЕКОГАШ 5 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ДЕНЕС 100
Само мала исправка, бројот на вработени во Трудбеник (во најдобрите денови) беше близу 3000
 
Србија 1950 (БДП - 3370 Долари) 1992 (БДП - 3113 Долари)
Хрватска 1950 ( БДП - 4520 Дол) 1992 (БДП - 6370 Долари)
Нема да ја земам Јапонија која 1950 има многу помал ГДП од Хрватска 4088, додека 1992 оди на 31,800 Дол.... ниту Хонг Конг, Таиван кои ги сметаме за економски чуда како што некои СФРЈ ја сметаат за економско чудо! :pos: Но еве да земеме било која држава од Европа со пазарна економија во тој период... Шпанија (до 70-тите под друга диктатура онаа на Франко која ја сметаа полоша од таа на Тито... (1950 - ГДП 4420 Дол... 1992 ГДП 19,300! Една сиромашна Португалија која исто така беше во полу диктатура долго време 1950 ГДП 2836... 1992 ГДП 14,500 Долари! Една тогаш сиромашна Италија 1950 - 6,190 во 1992-ра година достигна скоро 26,000... Една Бедна Грција која тогаш ја заврши граѓанската војна (1950 - ГДП 3980 .... до 1992 ГДП-то на 15,800 Австрија од 7200 на 29,200.... Израел од 4260 на 15,700.... Германија више да ја оставиме и сметаме како економско чудо од 6700 на 28,900... и тн и тн
Која сакате земја поставена на пазарна економија на демократско уредување од Европа.... КАТАСТРОФАЛНА Е СФРЈ ЕКОНОМИЈА! АЛОООООО

Eastern_bloc_economies_GDP_1990.jpg
 
САМО ВО ОХРИД Е ОВА!!!!!!!!!!!!!

1.ЕМО ОХРИД , КОНТРАВЕРЗНА ПРИВАТИЗАЦИЈА СО ФИРМАТА АРАРАТ -ЦРНА ГОРА , 2500 ВРАБОТЕНИ НА УЛИЦА , ИМОТ ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ЕВРА НИЗ МАКЕДОНИЈА РАСПРОДАДЕН , ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ХИПОТЕКАРНО ЗАВЕДЕН ПО БАНКИ.НЕИСПЛАТЕНИ ЛИЧНИ ДОХОДИ ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОДИНИ

Арарат само официјално е од Црна Гора.Корените се пак од овде.Сите сме имале некој вработен во некои од овие фирми (некој и по 2 родители), а мене ми велеа - тројца работевме на исто работно место со реална потреба за 1 до 2 извршители (не знам пак шо е полошо, денес пак ептен сме продуктивни работиме по еден за тројца).Најинтересно ми беше со ЕМО моментот кога години беше спонзор на Охридско Лето и слични манифестации, а е фирма загубар и платите со месеци се влечеа.Прашањето е зошто никој не е уапсен од сите дсоегашни раководители и од едната и од другата партија дури беа на власт?Изгледа нешто им е заедничко.

2.ОТЕКС ОХРИД -ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ , НЕКОГАШ 3000 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ. ИМОТ ВРЕДЕН НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЕКС ЈУ ПРОСТОРИТЕ ,НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИЛ
За имотот во Отекс да го прашаме Орце Камчев и неговите пријатели од двете партии.

3.ЕЗЕРКА ОХРИД, 500 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ ВРЕДЕН 20 МИЛИОНИ ЕВРА РАСПРОДАДЕН ВО СТЕЧАЈАНА МАСА ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА
4.АДГ ТРУДБЕНИК , ИМОТ ВРЕДЕН 30 МИЛИОНИ ЕВРА , ПРОДАДЕН ЗА 100.000ЕВРА СО 80 % ДИСКОНТ , 700 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИКОЈ, ИМОТОТ РАСПРОДАДЕН ОД НОВИОТ СОПСТВЕНИК
Работат подолг период на чудни начини.Заминуваа и директори и вработени, се лажеа еден со друг и стигнаа до овде...

5.ВИДЕО ИНЖИНЕРИНГ, НЕКОГАШ 200 ВРАБОТЕНИ , ДЕНЕС НИКОЈ , ИМОТОТ РАСКРЧМЕН И РАСПРОДАДЕН ,НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 10 МИЛИОНИ ЕВРА
6.АД БИЛЈАНА ОХРИД, НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО ПРИВАТНИ РАЦЕ ЗА 200000ЕВРА , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА,ИМОТОТ ВРЕДЕШЕ НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА, ВО МОМЕНТ НА РАСКРЧМУВАЈЊЕТО НА ЗАЛИХА НАД 50 ТОНИ ВИНО И НАД 50 ТОНИ ДЕСТИЛАТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ

Виното, дестилатот и дел опрема заврши во Винарија Чока во Србија.Винарија Охрид е во официјална сопственост на скопска фирма, а акции во неа над 50% се на српската фирма.Сите се познаници од стариот систем.Еве дел од нивниот БЈРМ асортиман:
винарија бјрм.jpg

7.ЗЗ ГОРИЦА , НЕКОГАШ ГИГАНТ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕ СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДЕСЕТ ЗАДРУГАРИ , ВРАБОТЕНИТЕ ДОМА , ИМОТ ВРЕДЕН 7 МИЛИОНИ ЕВРА,ВО КОЈ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ВО КОМПЛЕКСОТ СВЕТИ НАУМ
8.БРАТСТВО ОХРИД , ГИГАНТ НА НАМЕНСКА ИНДУСТРИЈА , НЕКОГАШНА ВРЕДНОСТ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ,СЕГА РАСПРОДАДЕН ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА , НЕКОГАШ 400 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС НИТУ ЕДЕН

Реално денес во Братство работат околу 150 вработени, од кои најголем дел се поранешни вработени, дистрибуцијата и производството одат во нагорна линија.

9.ЖИВИНО ПРОМ , НЕКОГАШ УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО 200 ВРАБОТЕНИ ,ДЕНЕС КОМПЛЕТНО РАСПРОДАДЕНА , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРА
10.ГРАДИНАР ОХРИД ,НЕКОГАШ 300 ВРАБОТЕНИ , ОГРОМНИ ОРАНЖЕРИИ ,ДЕНЕС РУИНА СО НЕРЕШЕН СТАТУС , ИМОТ ВРЕДЕН НАД 15 МИЛИОНИ ЕВРА
11.АГП ЗАСТАВА ОХРИД , ВРЕДНОСТ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА , НЕКОГАШ 5 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ДЕНЕС 100

И во Застава или Амак денеска, раководителите/газдите се менувале сите од ‘тогашниот‘ систем.Еве очигледно не ги бивало да задржат барем третина од некогашната вредност и производство.Ама и 5000 вработени е страшно голема бројка.А можда и не е ако споредиме со Горење и нивните 10000 вработени (градот е 25-30.000).
[/quote
 
Мислам... навистина незнам како човек да ти објасни!? Веројатно неможе!? Не да пишуваш со болдирани букви со вклучен "Caps Lock" туку да пишуваш со фонт 48-ца или 72-ка можеш ли да убедиш некого што и малку ја разбира економијата во ефикасноста на таа економија. Економија која пропадна како и државата... економија, која беше осудена на пропаст на самиот почеток (како и државата)... Мислам човек и да ти црта џабе е! Се обидуваш од незнам кои причини една тема, која е мртва као и државата (за која се пењавите неколкумина овде) веќе 20 години! Се најубо за покојникот, но како што рекол Македонецот (интересно е сега има некои налудничави теории дека бил Македонец) Аристотел му ја припишуваат.. "Amicus Plato, set magis amica veritas" Драг ми е Платон ама подрага ми е вистината! А таа вистината јас вака ја перцепирам со факти... и уште една латинска "Contra factum non datur argumentum" против фактите нема аргументи!
Прво... овие ООЗ-тиња (кои воглавно беа тиња)... во пропаст ги однесоа баш економските закони (работење по пазарна економија) и товите пионери, кои беа на чело на компаниите, не ги однесов јас.... оние кои помалку беа ‘‘тиња‘‘ ги купива повторно ‘‘титови пионери‘‘ назначени од комитетот за директори. Позната е криминалната приватизација во почетокот на 90-тите!... Па само слеп човек и глув нема да му е јасно дека целата приватизација ја направија титови кадри. 90-95% од приватизираните компании (оние што од федерацијата беа малку подобри) ги приватизираа кадри на партијата, на титовиот режим! Едните како новопечени преобратени демократи во политиката (Глигоров, Црвенко, Фити, Миљовски....) другите како директори на компаниите (да не ги набројуваме сега, сите ги знаеме)...Ако не е така јас веднаш ќе скокнам во Вардар или во Охрид! Па на ластовичките им е јасно тоа!
Второ.... доказ дека целата таа економија беше ‘‘тиња‘‘ осудена на пропаст, заснована на грандоманијата на суверенот, поставена на сосема не-економски категории, не-економски закони и не-пазарни услови (затоа јас предходно реков, нека каже некој квалитетен СФРЈ производ бренд познат во Светот) Е нема, па нема кога се правеа фабрики поради фабрики, фабрики поради мир у куќа - вработување на селаните на кои предходно си им ја експроприрал конфискувал земјата, поради општественото уредување (Социјализмот не трпеше земјопоседници, а со земјопоседници и со имотни луѓе нели неможеш да градиш социјализам).... наместо фабрики проектирани и изградени по пазарни услови, кои би произведувале коњуктурен производ, кој по пазарни услови би се пласиран на домашниот или извезол на странскиот пазар... производ кој би донел профит - вишок на вредност, кој пак вишок на вредност (најголемиот дел) повторно би се инвестирал (реинвестирал) и би вработил нови работници... систем на кој беа и се засновани систем кој е темел на западните демократии - систем кој не е совршен (далеку од совршен) но сега засега е најдобар и покажан како најефикасен... систем кој еве со сите војни кризи и рецесии (вклучувајки ја и последнава) егзистира добри 200 години наместо 40-45 од федерацијата!
Трето.... ДОКАЗ за ‘‘тиња економијата‘‘ на тогашната СФРЈ, за договорната економија која градеше споменици-фабрики кои вработуваа 500-1000-10,000 вработени но и добри 50-60% ја викавме тогаш ‘‘режија‘‘ би рекол непродуктивни вработувања ги спомнав од контролори, па контролори на контролорите, па шевчиња, па службеници и тнр ‘‘управа‘‘ која изнесуваше над 30-40% од вкупниот бр. враб... кои некои фирми во мк имаа и до 70 правници вработено, број на правници кои денес го немаат ни најголемите ревизорски куќи или адвокатски бира во САД... и тн и тн.... буџетот на федерацијата кој вложуваше во инфраструктурни проекти, патишта, мостови брани, централи, болници школи... (што можеби е единствено добро од таа федерација) но буџет кој нималку не беше развоен, буџет кој не носеше развој (освен во делот на вложувањата во инфраструктурата, енергетиката, здравството, социјалата, школството...крај!) туку највеќе на ИМИЏОТ на МЕГАЛОМАНИЈАТА.... и се разбира на неуништливата моќна ЈНА! Е па, за оние што незнаат, СФРЈ беше држава ВТОРА со најголем воен буџет во Светот (веројатно само улавана и денес Сев Кореа повеќе од Маршалот вложувала во армијата). Секоја година 40-45% од буџетот се одлеваа во Армијата, пари во износ стотици милијарди Долари потрошени изгорени во ПАРАНОЈАТА на Тито! Како да можеше да се заштити од НАТО или од Варшавскиот пакт со кои бевме опкружени и во конфронтација едно време, до кај 69-70! Се градева будалаштини (како во Албанија) бункери, касарни, полигони но и скривници од по +10 милијарди за Маршалот и кликата негова како онаа на граница БИХ и ХР кај Бихаќ ми се чини.... тешки стотици милијарди отидоа во Армијата.... и затоа ми се смешни тврдења дека сме имале најдобар тенк (Т55) и годишен извоз во Циганскине неврзани земји оружје од по цели 1-2-3 милијарди Долари годишно! Идиотизми невидени!
Четврто (или кое по ред) ДОКАЗ дека договорната економија на СФРЈ не беше ефикасна и беше осудена на пропаст би предложил да се погледне овој линк: http://www.healthmetricsandevaluati...y-and-year-global-1950-2015#/overview/explore анализа на GDP (или што би рекле ние БДП бруто нац производ) анализа од 1950-2013....
бидејки ЈУ е мртва работа, ја нема во анализата но ги има нејзините членки... Па еве јас би предложил да ги штиклирате Хрватска и Србија како најразвиена (едната) и најголемата по обем (другата) економија.... (да пуштиме "Play" (лево долу) и да направиме една споредба и анализа од 1950 до 1992 до кога постоеше СФРЈ (иако последиците од таа економија се осеќаа и тоа како и многу год. подоцна како и војната која ја предизвикаа токму луѓе на Маршалот и системот освен јадниот немоќен невлијателен и безличен Изедбеговиќ).... но реков до 1992 нека биде!
Србија 1950 (БДП - 3370 Долари) 1992 (БДП - 3113 Долари)
Хрватска 1950 ( БДП - 4520 Дол) 1992 (БДП - 6370 Долари)
Нема да ја земам Јапонија која 1950 има многу помал ГДП од Хрватска 4088, додека 1992 оди на 31,800 Дол.... ниту Хонг Конг, Таиван кои ги сметаме за економски чуда како што некои СФРЈ ја сметаат за економско чудо! :pos: Но еве да земеме било која држава од Европа со пазарна економија во тој период... Шпанија (до 70-тите под друга диктатура онаа на Франко која ја сметаа полоша од таа на Тито... (1950 - ГДП 4420 Дол... 1992 ГДП 19,300! Една сиромашна Португалија која исто така беше во полу диктатура долго време 1950 ГДП 2836... 1992 ГДП 14,500 Долари! Една тогаш сиромашна Италија 1950 - 6,190 во 1992-ра година достигна скоро 26,000... Една Бедна Грција која тогаш ја заврши граѓанската војна (1950 - ГДП 3980 .... до 1992 ГДП-то на 15,800 Австрија од 7200 на 29,200.... Израел од 4260 на 15,700.... Германија више да ја оставиме и сметаме како економско чудо од 6700 на 28,900... и тн и тн
Која сакате земја поставена на пазарна економија на демократско уредување од Европа.... КАТАСТРОФАЛНА Е СФРЈ ЕКОНОМИЈА! АЛОООООО за што зборуваме ние! Земете и штиклирајте го еден Габон Африканска беда од држава... во 1950 година имал помал ГДП од Србија (далеку помал од Хрватска... штиклирајте и видете што ќе се случи! 1992 ги престигнува и двете ЈУ економии и стига до 7,290$ Еден Габон држава и економија за која не сме чуле! Еден Пуерто Рико 1950 имал мноооогу помалку од Србија 2,550 ГДП.... за да 1992 отиде далеку над со 11,650... да стана 51 Ѕвезда на US знаме (но по 1992 ми се чини!?)....на крајот на краиштата, па ШТО НЕ СТАНАВМЕ И НИЕ 52? Некој ќе рече па во западните економии се влеава пари од Маршаловиот план!? Па што не станавме и ние таква земја да се влеат и кај нас? Некои велат неофицијално дека на Маршалот му е понудена таква една опција уште во раните 70-ти! ... До душа повеќе членови овдека како и јас, кажавме и изнесовме податоци дека во СФРЈ се влеале (поединечно и према големината на економијата) повеќе пари отколку во некои држави од пазарната економија опфатени со Маршаловиот план, држави кои едноставно ја прегазива федерацијата те нејзината економија КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА!:pos:
МИСЛАМ СЕКОЈА ДИСКУСИЈА НА ТЕМА ЕКОНОМИЈА ЗА ТАА ДРЖАВА И НЕЈЗИНА СПОРЕДБА СО ПАЗАРНИТЕ ЕКОНОМИИ И ДЕМОКРАТИИ НА ЕВРОПА МИ Е ЕПТЕН СТУПИДНА И СКРОЗ НЕСЕРИОЗНА (ете и јас нешто да напишам со Caps Lock) :P

Целиот текст ти е конфузен, неразбирлив и противречен, почнувајќи од првото болдирано (дека приватизацијата ја извршиле „титови пинери“ односно „титови кадри“, бидејќи ама баш воопшто не е битно нивното политичко и идеолошко убедување туку системот кој им дозовлил да ја извршат таквата приватизација - а тоа не е титовиот систем). Потоа текстот го оптоваруваш со непотребни цитати на познати личности (претпоставувам колку да се истакнеш како голем познавач на работите) без тие цитати воопшто и да ги елаборираш - зборуваш за факти и вистина, а не изнесуваш ама баш никакви факти (и тие што ги изнесуваш не ти одат во прилог - како на пример „ еден Габон Африканска беда од држава... во 1950 година имал помал ГДП од Србија (далеку помал од Хрватска... штиклирајте и видете што ќе се случи! 1992 ги престигнува и двете ЈУ економии и стига до 7,290$ Еден Габон држава и економија за која не сме чуле! Еден Пуерто Рико 1950 имал мноооогу помалку од Србија 2,550 ГДП.... за да 1992 отиде далеку над со 11,650.“ Овие факти само го потврдуваат спротивното - она што сакаш да го одречеш - дека бившата држава била економски многу посилна од многу држави во светот, а посебно од денешните економии на државите кои се створија по распадот на истата.
Второто болдирано????? Ако секоја година 40-45% од буџетот се одлеваа во Армијата, пари во износ стотици милијарди Долари, се прашувам дали воопшто знаеш колкав бил буџетот на СФРЈ? И да е тоа точно, тогаш зошто никоја од денешните ју држави нема така голем буџет? За тебе тоа е големиот успех на модерната економија?
Исто така сметаш дека правниците во фирмите биле непотребни и премногубројни??? Претпоставувам дека во однос на правото си лаик, па можеш да си дозволиш да напишеш таква работа!
 
Многу ме ‘‘погоди‘‘ твојава анализа за моите намери! Наместо да ме анализираш мене и моите намери кажи што не е точно во постот!? Или можеби табелата!? Не одговара нели!?
Стотици милијарди реков НЕ ГОДИШНО... туку вкупно фрлени во армијата и нејзината индустрија која годишно носеше само 2-3 млд клириншки Долари од арапските земји!
Дека е конфузен.... незнам ама дека не ти одговара оти немаш факти сум убеден!
Реков против фактите нема аргументи! Ете ти ја табелата па коментирај нешто!
А за 70-те правници во фирма од 1500-2000 души прашај го Гошев!
За Габон Португал или Шпанија Порто Рико не е точно?... па погледни на линкот, не негирај паушално и кажи дали е така или не е така!
Многу е едноставен одговорот верувај ми! Или е така или не е така?
 
Гледам дека мојот пост многу те погоди, а за таква работа немав намера. Само ете не се согласувам со твоето мислење и тоа го кажав.
Инаку, за потребите од правници во една фирма, не треба да прашувам никого, тоа зависи од бројот на вработени, обемот на работа на фирмата, сферата во која работи, бројот на спорови и сл. И како мислиш да го прашам Гошев??? :)
 
Нималку верувај! Единствено малку чудно за анализа на нечие пишување намери или стил на пишување... овдека мислам тоа не го правиме! Едноставно изнесуваме аргументи и факти ... А она цитатите беа реплика за Никола, па затоа сметав невкусно да се коментираат од трето лице... ама No hard filings што би рекле Енглези!:)
А за 70 правници си кажа лично Гошев кога говореше во едно интервју на ТВ за небулозите, бесперспективноста и неефикасноста на тој систем и економија (нешто како покајник) кога даде еден еклатантен пример за два директора од тоа време... Кажа дека некојси таму директор од внатрешноста му понудил да му отстапи добар правник (као добар бил а уствари негов човек) на другиот (кој можеби пак бил и Гошев, но тој говори во трето лице) овој пак му рекол; неможам да ти учинам, ги имам дури 70 на број во ОЗТ-то - фирма со не повеќе од 1000-2000 вработени! Гошев кој ете го посочува тоа како пример на таа економија, Гошев како покајник кој ја увиде неефикасноста на тој систем! Инаку човек стручњак во економијата кој многу го ценам и мислам дека денес нема подобар економист во РМ од него! Ете го ценам денес, иако е кадар од тој систем.... додуша тогаш повеќе беше полит-ком отколку економист.
 
Нималку верувај! Единствено малку чудно за анализа на нечие пишување намери или стил на пишување... овдека мислам тоа не го правиме! Едноставно изнесуваме аргументи и факти ... А она цитатите беа реплика за Никола, па затоа сметав невкусно да се коментираат од трето лице... ама No hard filings што би рекле Енглези!:)
А за 70 правници си кажа лично Гошев кога говореше во едно интервју на ТВ за небулозите, бесперспективноста и неефикасноста на тој систем и економија (нешто како покајник) кога даде еден еклатантен пример за два директора од тоа време... Кажа дека некојси таму директор од внатрешноста му понудил да му отстапи добар правник (као добар бил а уствари негов човек) на другиот (кој можеби пак бил и Гошев, но тој говори во трето лице) овој пак му рекол; неможам да ти учинам, ги имам дури 70 на број во ОЗТ-то - фирма со не повеќе од 1000-2000 вработени! Гошев кој ете го посочува тоа како пример на таа економија, Гошев како покајник кој ја увиде неефикасноста на тој систем! Инаку човек стручњак во економијата кој многу го ценам и мислам дека денес нема подобар економист во РМ од него! Ете иако е кадар од тој систем.... додуша тогаш повеќе беше полит-ком отколку економист.
А требаше да поминат 30 и повеќе години Гошев тоа да го сфати (или да собере храброст да го каже), не можеше тоа да го каже во 80-тите кога беше член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија, а подоцна дури и Престедател на СКМ!
 
Тоа е! Само од него и видовме некој аир...и не мал! Го водеше централниот трезор (Гувернер) беспрекорно (ми се чини во два мандата).... а што да кажеме од другите ‘‘покајници‘‘ од тој систем кои денес ‘‘тежат‘‘ десетици и повеќе милиони Евра!?
 
Не сум баш убеден дека и тој е „полесен“ од другите покајници. Само да те потсетам за аферата со земјиштето во Гевгелија во близина на граничниот премин Богородица додека човекот беше Гувернер.
 
Да имаше нешто досега (како што е критичар на власта, постојано ги боде на разноразни интервјуа за недомаќинското работење, за презадолженоста, за големата веројатност дека со ова темпо ќе мораат да ги зголемат даноците.... Не. дефинитивно да имаа нешто противзаконско или нешто што ‘‘мириса‘‘ на противзаконско.... Гошев одамна ќе го лустрираа или обвинеа за велепредавство.... онака од кеиф! :)
 
Епа ете не му ја легализираат дивозиградената викендичка на регионалниот пат Гевгелија-Стојаково, иако Министертсвото за транспорт и врски поинаку и налага на општината Гевгелија
http://www.plusinfo.mk/vest/107280/...ila-da-legalizira-vikendichka-na-Petar-Goshev
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom