Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Ми ги извртуваш зборовите перфектно како што правеле на политичките судења комунистичките квази-обвинители!Јас не реков не ти е дозволено.... (ниту можам да ти забранам ниту смеам) туку дека е невкусно воопшто на било кој, а најмалку на некој со пет поста да дава заклучок шлагфорт на тема која има 2500 поста! Тоа можеш за среќа да го провериш ти или кој сака!
Е да немало жртви во режимот на СФРЈ и не заврши таа држава со крв до колена убиени над 250,000 и протерани над 500,000....Да и Елвис е жив!
Кажи им го тоа на фамилиите на Панко Брашнаров на Методија Андонов.... кажи им дека судбината на нашите херои (запечатена од режимот) е само пропаганда слична на идиотските емисии на Discovery... кажи им го тоа на семејствата на околу 1000 Мекедонци однесени на Голи Оток (од кои најголемиот број го загубија животот таму) на оние семејства чии борци загинаа не од куршумот на непријателот туку на Скопското Кале, кажи им го на семејствата на оние што почиваат во масовните гробници во Куманово, при што се кажуват очевидци дека недотепаните - живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат. Кажи им го на семејствата на оние од Велес 50-тина на број стрелани без судење... кажи им го на оние што најблиските им ги апселе, затварале некои и стрелале, на оние кои им нема трага убиени во монтирани процеси (Илија Чаушев, П. Шатев, Пирузе, Фотев, Митре Анастасов, Лена Стојчевска... кажи им го на роднините на струмичките студенти кои беа свирепо убиени без судење сека се само ПРОПАГАНДА и ништо друго.... кажи им на оние понижени од режимот осудени како политички неподобни - капиталистички свињи, оние на кои им конфискуваа имот ги понижива омаловажива, ...
За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот „Идризово”, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.
Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот „Идризово” биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. А сето ова е направено под знакот на „српот и чеканот”, во името на „диктатурата на пролетеријатот”, а од страна на „авангардата на работничката класа”.
Тоа дел од жртвите на комунизмот и режимот кај нас.... но!
Кажи им на Хрватите кои велат дека на ‘‘Крижниот пат‘‘ по завршување на војната без судење биле истепани повеќе десетина иљади Усташи, домобрани но и нивни семејства или семејства на оние кои сакале да ја напуштат СФРЈ...на жртвите на озлогласениот политички затвор Голи Оток, кажи им дека се пропаганда како онаа од Discovery, ним и на Србите кои го имаа само тој грев што си ја сакаа својата нација и кралот повеќе од Маршалот! На десетици илјади истепани, стрелани егзекутирани без судење.... пропаганди на западот нели!? И оние масовни гробници кои и ден денес се откриваат, како онаа неодамна во темелите на Црвена Застава кога италијаните копава темели за новата фабрика на Фиат! Гробница од Титовиот режим 50-тина стрелани! Една од илјадници такви! И тоа ли е ПРОПАГАНДА?
А неа проапаганда таа беше привилегија на тој систем....!? Ја имаше, ама од другата страна и тоа најголема БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА!... од оние кои не убедуваа дека сви смо ми браќа, а тепава недолжни цивили за кои пишува историјата! Браќа по оружју изгледа!
Премногу крв и коски на мртви во темелите на таа држава! За тоа реков многу научни трудови се напишаа, не ПРОПАГАНДИ што ги нарекуваш, за среќа или за жал сеуште живи луѓе кои што сведочат за џелатскиот режим! Секаде и во МК и ви СР и во ХР ЦГ живи сведоци од по 80 години! И тие ли се во служба на пропаганда? И тие ли лажат?....Исто и научни трудови признати од најголемите авторитети , од историчарите, од образованието, академиите, од аналитичарите, политиколозите.... и тн.
И делот за економија ти е толку нелогичен, што (реков и предходно) навистина е излишно да се дискутира!
Реков и пак ќе кажам СФРЈ....Убав живот? Да! Стабилна економија, вработеност, решена социјала, солидно образование, врвно здравство..... Но само од 1970-1980. Толку!...И не само по мое мислење сума сумарум: тажна приказна! Се на грбот и врз коските на милион убиени, на милиони обесправени по разни основи: затварани, опљачкани, обесправени, прогонети, деградирани, понижени.... Тоа е! Во некоја прилика учителот на Маршалот (од кој подоцна нашиов се оградува иако по методита беше сличен) имал речено: СССР 300 милиони! Ако треба 270 ќе истепаме, 30 мил да живеат во Комунизам... не истепа 270 му припишуваат меѓу 40 и 60 милиони жртви! Е ученикот негов ‘‘само‘‘ милион!http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM Како што реков Харвард издание! Неоптеретен од дневна политика! А не мемоарите на Тито! ха-хахах Или уште поубаво Книга за Тито!![]()
пак со хавајскиот “професор“ кој самиот за себе вели дека 2 пати бил номиниран за нобелова награда (али тајно па никој дури ни одборот за нобелова награда не знале дека е номиниран) Мислиш заборавив ?? Па го рсакринкав овде како лажго и преварант кој не мрднал од хаваите а пиши за сите режими во светот кој колку убил ?!?! Ќе замисли некоја бројка ќе ја помножи подели и ќе ја објјави. Во научниот свет неговото мислење е битно колку и на баба ми за нуклеарната фусија.
Кога зборуваш за повоените периоди - зборни мналце за Европа, па спомени дека во франција се стрелани 50.000 французи на импровизирани судења, дел како соработници со германците но и дел како противници на Де Гол, па спомени и 30.000 стрелани Италијани во повоениот период најмногу како меѓуполитички пресметки во повоена Италија.
Голи Оток се случи кога Југославија беше на праг на војна со СССР. Земјата беше штотуку излезена од светска војна, разурната, се уште низ неа беа активни усташки и четнички групи по планини, бевме речиси опколени од сојузниците на СССР (Бугарија, Унгарија Романија, Албанија) а во земјата имаше проруски елементи кои беа опасност. Како изреагира Југославија? го отвори логорот Голи Оток и таму ги депортира сиите неприатели на режимот и тоа во услови на непосредна воена опасност. Дали некоја друга земја има така правено? Сети се (ако воопшто знаеш) на 1941 кога јапонија ја нападна америка, америка СИТЕ граѓани со Јапонска националност ги затвори во логори. Една демократска земја тоа го направи како неопходна мерка. Преку 60% од тие јапонци беа државјани на Америка, и речиси пола од нив беа деца, беа иселени од своите живеалишта и депортирани по логори, логорите беа без струја, вводовод канализација, живеалиштата беа дрвени рамки прекриени со тер хартија или штици, најголем број јапонци беа депортирани од топлите крајбрежни предели на брзина без да им се дозволи носење на багаж или алишта, а камповите беа во внатрешноста на САД во некои држави каде на зима температурата се спушташе и до -20, беа опкружени со жица чувани од вооружени стражари и често имаше убвање на затворениците и смрт од болести...
Во СФРЈ беше гонет национализмоот, (тоа е она што доведе до војни во босна, хрватска, косово па и македонија) се затвараа и прогонуваа лица кои настапуваа на националистичка основа - затварани и прогонувани на таа основа беа и Изетбеговиќ и Туѓман и Шешељ. Луѓе кои после како “демократи“ ја зедоа власта во републиките и го видовме резултатот. Од такви последици и свценарија СФРЈ се бранеше. Во цела историја на Голи оток умреа мислам 483 луѓе, имаше таму и Босанци и Срби и Хрвати и Црногорци и Македонци. Кога тие националисти дојода на власт - имаме околу 150.000 мртви кузнај колку осакатени психички и физички и милони раселени. Многу од тие жртвии се деца жени старци... Тоа е разликата од двата системи, едниот од нив нудеше братсво и единство и прогонуваше национализам и сепаратизам, обезбеди голема рамноправност меѓу луѓето во врабоувања, социјала, даде здравство школство асфалтира, индустријализира, електрифицира земјата, истреби болести, неписменост, сиромаштија глад. Почна од речиси нула, по светска војна која однесе на овие простори огроми жртви и големи разурнувања и стигна на ниво на средно развијена земја која производуваше од земјоделие и руди до авиони и бродови, со која прва земја ЕЗ (поранешен назив за ЕУ) потпиша договор за трговија и размена, а ради високите сстандарди и квалитет на производство и платежен промет, чиј пасош беше ценет низ цел свет, каде беше слободно да си одиш ако не ти се бендисва, каде имавме и западна култура од филмови, музика, возила, пијалоци... нешто незамисливо за сите останати социјалистички земји... впрочем јасно ти е и тебе, а денес... денес НЕМАМЕ се она што го имавме порано. Имаме повеќе партии кои очите си ги вадат на собраниски канал и кои го поделија народот имаме национализам и сепаратизам кои ни донесоа и нам војна и жртви и протерани, имаме капитализам кој ни донесе затворени фабрики, долгови, стечајци, мнозинство на сиромашрија и малцинство на богаташи, имаме катастрофално здравство скапи лекови и операции, имаме руинирано школство никој не не ферма секој не шутка кој како сака а со пасошот те гледаат на граница како да си дојден нешто а ги заебеш. Државатта ни спадна на бизнис партнер со криминалец под истрага во Индија, за пари признаваме непостоечки држави (Тајван) уште ни фали некој бос на картел од колумбија да инвестира тука.
Порано беше мноооооооооооооооооооооогу подобро!