Vip Communicator

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Малце постара вест е, денес го инсталирав ова и ме интересира ваше искуство..
Го активирав ова комуникаторот преку бројот на татко ми што има бесплатни кон сите на VIP. Сега ме интересира дали ќе може јас преку ПЦ-во да зборам бесплатно кон сите што се на мрежата на VIP без разлика која претплата сум?!
------------------------------------------------------------------------------------------ГЛАВНА ВЕСТ---------------------------------------------------
Бесплатна мобилна комуникација преку интернет за првпат во Mакедонија
Главниот извршен директор на Телеком Австирија Групацијата и на мобилком австрија, Ханес Аметсраитер е сигурен дека мобилниот телефон ќе биде главна комуникациска алатка во светски рамки, особено паметните телефони кои нудат напредни функции и апликации и дека македонскиот телекомуникациски пазар во иднина ќе биде значително мобилен.
Вип оператор продолжува да ги изненадува корисниците со единствени, оригинални и исклучително поволни понуди и услуги. Овојпат, тоа е услугата Вип комуникатор преку која за првпат на македонскиот пазар, Вип им овозможува на корисниците бесплатни разговори со целата мрежа на Вип, но и со корисниците во другите мрежи во земјава и странство, преку интернет.
- И преку оваа понуда ние јасно покажуваме дека задоволувањето на потребите на корисниците, преку постојани иновации, е наша основна движечка филозофија,изјави Главниот извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и на мобилком австрија, Ханес Аметсраитер, кој ја искористи својата посета на Вип оператор и Република Македонија за да присуствува на промовирањето на новата услуга.
- Мобилниот телефон ќе биде главна комуникациска алатка во светски рамки, особено паметните телефони кои нудат напредни функции и апликации. Ние нудиме единствено мобилно искуство на нашите корисници преку мобилни сервисни платформи. Затоа, силно верувам дека македонскиот телекомуникациски пазар во иднина ќе биде значително мобилен. Вип оператор веќе го препозна тоа нудејќи ги први и единствени BlackBerry услугите на македонскиот пазар, изјави Ханес Аметсраитер.
Објаснувајќи ја новата услуга и поволностите што таа им ги овозможува на корисниците на Вип, Главниот извршен директор на компанијата Никола Љушеврече: - Со новата услуга отвораме нова ера во комуникациите во Македонија. Со оваа иновативна услуга, која за првпат се воведува на македонскиот пазар корисниците добиваат можност за бесплатни разговори без разлика каде се наоѓаат, вклучително и во роаминг. Покрај ова Вип комуникатор овозможува видео повици, инстант пораки, мултифункционален адресар, СМС-и... и сето тоа е достапно на едноставен и оригинален начин, при што истовремено заштедува време и пари за граѓаните и бизнисите.
Вип комуникатор е оригинална услуга, првпат видена и воведена на македонскиот пазар. Лесно се активира преку интернет страницатаwww.vip.mk и со повик кон контакт ценатарот на 077 1234. Тарифите се едноставни – тие се исти како и постојните Смарт тарифи при што корисниците добиваат само една сметка за разговори со цел свет според одбраната Смарт тарифа, што значи без дополнителни трошоци. Услугата ќе биде достапна за корисниците на почетокот на наредната недела.
 

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Има ли во Вип интернет , како што имаше за 70ден на т-мобајл еден месец на ФБ!???Или нешто слично???
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Slobodno mozes da go koristis. Vip komunikatorot gi trosi minutite od pretplatnickiot broj na tvojot tatko sto znaci dokolku ima 1000 minuti, ti si trosis samo od niv( koga se javuvas vo mrezata na VIP). Jas komunikatorot go koristam i za razgovori od stranstvo i ova dosta dobro funkcionira. Vnimavaj koga gi biras broevite od drugite mobilni i fiksni operatori zatoa sto togas razgovorite se naplatuvaat. Pozdrav
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Малце постара вест е, денес го инсталирав ова и ме интересира ваше искуство..
Го активирав ова комуникаторот преку бројот на татко ми што има бесплатни кон сите на VIP. Сега ме интересира дали ќе може јас преку ПЦ-во да зборам бесплатно кон сите што се на мрежата на VIP без разлика која претплата сум?!
Да.
Значи јас ова го користам дооолго време и е многу добра и јака ствар.
Целата работа е да се логираш ти преку ацц-то што ти го креирале од ВИП, така што со тоа имаш пристап кон бројот (од татко ти). Е сега ова замисли го како: кога и да ти треба да се јавиш негде исто како да си го зел телефонот на татко ти и да си свртел, само што тоа го правиш преку пц. Доколку се јавиш на ONE или T-Mobile ќе ти земе сосема исто пари како да си се јавил (како што рековме) од телефонот на татко ти.
Друга исто така екстра можност е што доколку си го носиш тоа програмче на УСБ стикче и си некаде во странство, слободно можеш да идеш во некое интернет кафе, да го инсталираш таму и да се јавиш каде што сакаш во МКД. Значи звониш од странство а не ти тарифира НИКАКОВ роаминг. Повиците што ги праиш ти ги тарифира исто како од дома да звониш.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ја не знам шо и како иде со инсталација, ама едно другарче из Америке ми се јави два пати ова лето и малку слабо се слуша, ама па и далеку е Америка.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Зошто неможе да се данлодира од страната на ВИП ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зошто неможе да се данлодира од страната на ВИП ?
Да не не си логиран. И мене ми правеше таков проблем. Јави им се во контакт центарот ќе ти помогнат.

Патем алаткава им добра, јас ја користам секојдневно. Знае некогаш и да забушава, али супер е и вака.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Да не не си логиран. И мене ми правеше таков проблем. Јави им се во контакт центарот ќе ти помогнат.

Патем алаткава им добра, јас ја користам секојдневно. Знае некогаш и да забушава, али супер е и вака.

Нормално дека сум логиран, само кога ќе кликнам ме враќа на почеток и пак исто. Значи ти го реши проблемот со јавување во контак центарот или само од себе се управи ситуацијата ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нормално дека сум логиран, само кога ќе кликнам ме враќа на почеток и пак исто. Значи ти го реши проблемот со јавување во контак центарот или само од себе се управи ситуацијата ?
Да, исто и кај мене беше. Се јавив па со инструкции на тел успеав да го симнам.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Кој што сака нека пише, ќе му кажам подесувања од вип комуникатор на андроид, така што ќе ви работе на телефон, не ви треба пц.
 

icerici

No Woman No Cry
Член од
19 април 2012
Мислења
316
Поени од реакции
467
Дали имате проблеми со вип комуникаторот, веке 3 дена ми дава Сервисот е привремено недостапен
 
K

Kiko

Гостин
Ц
Дали имате проблеми со вип комуникаторот, веке 3 дена ми дава Сервисот е привремено недостапен
И кај мене е истиот проблем веќе една недела. Има некој идеја што е проблемов. Се јавив во подршка, kao demek ostaj broj ќе ти се јавиме. Ништо од тоа!
--- надополнето: 28 септември 2013 во 20:34 ---
И јас сакам :)
Те молам и мене помогни ми околу тоа.
 
Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
Кој што сака нека пише, ќе му кажам подесувања од вип комуникатор на андроид, така што ќе ви работе на телефон, не ви треба пц.
Стварно може на телефон да го инсталирам вип комуникатор,, ај те молам ако има опција кажи ми.

Фала унапред
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 00:00 ---
Дај ако го има некој инсталационно за компјутер да ми го прати оти неможам да го доњнлоадирам од страната..

Фала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom