H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Малце постара вест е, денес го инсталирав ова и ме интересира ваше искуство..
Го активирав ова комуникаторот преку бројот на татко ми што има бесплатни кон сите на VIP. Сега ме интересира дали ќе може јас преку ПЦ-во да зборам бесплатно кон сите што се на мрежата на VIP без разлика која претплата сум?!
------------------------------------------------------------------------------------------ГЛАВНА ВЕСТ---------------------------------------------------
Вип оператор продолжува да ги изненадува корисниците со единствени, оригинални и исклучително поволни понуди и услуги. Овојпат, тоа е услугата Вип комуникатор преку која за првпат на македонскиот пазар, Вип им овозможува на корисниците бесплатни разговори со целата мрежа на Вип, но и со корисниците во другите мрежи во земјава и странство, преку интернет.
Вип комуникатор е оригинална услуга, првпат видена и воведена на македонскиот пазар. Лесно се активира преку интернет страницатаwww.vip.mk и со повик кон контакт ценатарот на 077 1234. Тарифите се едноставни – тие се исти како и постојните Смарт тарифи при што корисниците добиваат само една сметка за разговори со цел свет според одбраната Смарт тарифа, што значи без дополнителни трошоци. Услугата ќе биде достапна за корисниците на почетокот на наредната недела.
Го активирав ова комуникаторот преку бројот на татко ми што има бесплатни кон сите на VIP. Сега ме интересира дали ќе може јас преку ПЦ-во да зборам бесплатно кон сите што се на мрежата на VIP без разлика која претплата сум?!
------------------------------------------------------------------------------------------ГЛАВНА ВЕСТ---------------------------------------------------
Бесплатна мобилна комуникација преку интернет за првпат во Mакедонија
Главниот извршен директор на Телеком Австирија Групацијата и на мобилком австрија, Ханес Аметсраитер е сигурен дека мобилниот телефон ќе биде главна комуникациска алатка во светски рамки, особено паметните телефони кои нудат напредни функции и апликации и дека македонскиот телекомуникациски пазар во иднина ќе биде значително мобилен.
- И преку оваа понуда ние јасно покажуваме дека задоволувањето на потребите на корисниците, преку постојани иновации, е наша основна движечка филозофија,изјави Главниот извршен директор на Телеком Австрија Групацијата и на мобилком австрија, Ханес Аметсраитер, кој ја искористи својата посета на Вип оператор и Република Македонија за да присуствува на промовирањето на новата услуга.
- Мобилниот телефон ќе биде главна комуникациска алатка во светски рамки, особено паметните телефони кои нудат напредни функции и апликации. Ние нудиме единствено мобилно искуство на нашите корисници преку мобилни сервисни платформи. Затоа, силно верувам дека македонскиот телекомуникациски пазар во иднина ќе биде значително мобилен. Вип оператор веќе го препозна тоа нудејќи ги први и единствени BlackBerry услугите на македонскиот пазар, изјави Ханес Аметсраитер.
Објаснувајќи ја новата услуга и поволностите што таа им ги овозможува на корисниците на Вип, Главниот извршен директор на компанијата Никола Љушеврече: - Со новата услуга отвораме нова ера во комуникациите во Македонија. Со оваа иновативна услуга, која за првпат се воведува на македонскиот пазар корисниците добиваат можност за бесплатни разговори без разлика каде се наоѓаат, вклучително и во роаминг. Покрај ова Вип комуникатор овозможува видео повици, инстант пораки, мултифункционален адресар, СМС-и... и сето тоа е достапно на едноставен и оригинален начин, при што истовремено заштедува време и пари за граѓаните и бизнисите.