Vikings

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една у низу серија која што стана непрепознатлива откако сакаат да ја мејнстримизираат и да внесат апла "тешка" драма моменти.
Новава сезона ми е за едно ниво подолу од претходниве, не дека го нема Рагнар, туку ради тоа што сеа поради сите заврзлами направија да има битка меѓу нив, премногу нови ликови и премногу се разделија сите на разни страни (тоа е веќе видено од многу серии, пример The Walking Dead). Тоа со Бјорн и пустината (арабија) го посраа тотално. Можеше тоа да биде голем/огромен twist, да откриваат нови предели а-у, нови средини да освојат... aма тоа е коа преземаш ризик со надеж дека ќе си ја зголемиш гледаноста наместо да ги задоволуваш страствените гледачи кои веќе ги имаш.
И да, евидентно е дека сезонава ќе се простиме со Лагерта. Ајвар ми е океј, ама неможе сам да ја носи серијава на грб. Интересно е што ги склопија двајцата (со Хеахмунд), тоа е искрено интересна новина. Но, генерално серијата иде у надолна линија баш ради тоа што претераа малце со драматизирањето, го запоставија adventure моментот на целава серија и мене тоа не ми се свиѓа баш.
До вчера никој на никого не веруваше и одеднаш сеа почнаа сите да си веруваат дека ќе се свртат против оние со кои беа неразделиви до вчера. Мислам, не го бива тој муабет.
Заклучок : океј е новата сезона, полоша од претходниве мора да се признае, но да се надеваме дека ќе биде поинтересна и поинтересна натаму.

Ете дури у 2017та ќе даваат Викингс на македонска телевизија (ТВ НОВА, сеа случајно видов пон/сре/пет од 23-00) ... РЕФОРМИ У МЕДИУМИТЕ FTW!!!!

Вчера гледан на тв нова сезона 2 епизода 3 се стигнати.

Инаку и мене ме разочара патувањето на бјорн кон медитеранот. Можеа и мораа тоа подобро да го направат. Премногу брзаа да го вратат за да се стигне за битката дома.

Кога Ајвар :) го зароби бискупот знаев дека ќе го земе со него. Сакаат да го прикажат како најблиску кон Рагнар бидејќи и рагнар го зеде Ателстен слично. Разликата е што Ајвар е лудак а и овој не е подалеку. Интересен спој можат да направат со нив. Рагнар повеќе беше истражувач за разлика од син му кој е жеден за крв, манијак.

Како и да е мене пак ми е интересна само малку ме нервира што премногу почнаа да ги рипаат сцените за да се стигне да се прикаже се.
 
Интересна битка. :)
Очекував дека некој ќе го изгуби животот од синовите на Рагнар или некој друг поважен лик од женине, ама ништо. Џабе толкава толпа народ погина. :)
 
Interesno e sega sto ke napravat Bjorn i Lagerta so Headmund..ili pa da ima nekoj dogovor so Ivar samo ne veruvam posto ovoj odma prasa kade e..

So Bjorn se slozuvam epten na brzina vo pustinata se vrati nisto posebno ne pokazaa..mislam deka ima uste 2 epizodi od ovaa sezona?
 
Последната епизода е тапа,превише е кич епизода .... Викинзиве преку ноќ се Јапанци со стилот и облекувањето во борба .... Многу лоша епизода :cautious:
 
и англичаниве веќе не ги можам, не знам зошто им ја тераат приказната кога веќе Рагнар не е таму...имаше битки и покољ, доста е...
и немој да ме заебаваш, од еден убод од пчела ли умре кралов??
 
и англичаниве веќе не ги можам, не знам зошто им ја тераат приказната кога веќе Рагнар не е таму...имаше битки и покољ, доста е...
и немој да ме заебаваш, од еден убод од пчела ли умре кралов??
Маларија?
 
Ова што и се деси на серијава е класично усерување поради влијание од ГОТ.
Сосема различна беше на почеток, фокусот беше на истражувањето и освојувањето на Викинзиве и се тоа поврзано со историски настани. Ова моментално на ништо не личи, сплетките им се ужасни а па за делот со Бјорн не ми се ни збори.
 
Зошто и обеле косата на Лагерта?
Сите стареат во серијата освен Лагерта. Рагнар остаре Ролло е остарен, сите што беа таа генерација. Она најверојатно се гледаше себеси како млада тепачина и кралица, али од кога и умре Астрид и од кога виде дека ке го изгуби Категат и се случи реалити чек и увиде дека е само една обична стара *бачина.

Интересно е што Ролло му ја даде флотата на Хитсверк. Најверојатно ке се продлабочи причата тука со хитсверк ( Бидејќи сметам дека не е многу опфатена ) како братот на Ајвар во сенка. Ролло се гледа во Хитсверк бидејќи и он беше цело време под сенка на Рагнар како што е овој под сенка на Ијвар.
 
Кај ја гледате серијава дечки?Дајте асален сајт со превод пошто до сеа сите што ги најдов се нешто реклами глупости.
 
Јасно беше кај иде серијата кога умре Рагнар, дури и пробаа намерно да му го маргинализираат ликот во последните 5-6 епизоди за да искочи демек ете, не е толку битен - ќе се дешаваат и други работи и слично у стилу не бил никогаш главен лик, и други наметнатни теории за да се извади од фоукс неговиот лик, за жал не само што не им успеа, него отидоа у провалија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom