Вицеви без наслов 2 дел

Mаж се бричи во бањата. Наеднаш слуша како жена му почнува да вреска:
– Што е мa?
– Maмa пaднa oд терасата!
– Koлĸу пати сум ти рекол да не засмејуваш додека се бричам! Дa ce исечам ли сакаш!
 
Некој Влав си купил ајфон и се качил во автобус да си тргне за дома. Ајфонот го имал во џеб кога возејќи се во автобусот слушнал крцкање по што Влавот рекол: " Господе боже, те молам само да е кичмата." :D
 
Отишла мравката кај слонот со две трошки леб под мишка и му рекла:
– Слону, ќе ми направиш ли една услуга?
– Добро! – Одговорил слонот.
– Земи ја едната трошка и седни на неа, а другата стави ја на главата.
Слонот се зачудил малку, но ја исполнил нејзината молба. Мравката се повлекла малку назад, го погледнала и рекла:
– Е ова е веќе кул сендвич!
 
Лисицата:
– Гавране, за кого ќе гласаш на следните избори? За ВМРО или СДСМ? Многу е важно! Од тебе зависи иднината на твоите деца!
Гарванот молчи и го стиска сиренцето со клунот.
– Гавране, многу е важно да одбериш правилна опција. За твоите деца се работи! Ќе гласаш за ВМРО или СДСМ?
Гарванот:
– За ВМРО!
Тап сиренцето паѓа, лисицата го грабнува и бега.
Гарванот замислено:
– И за СДСМ да речев пак ќе беше исто…
...................................................................................................................................................
Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и – како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
- Види го животно, а дојде само да нè испрати!
 
Последно уредено:
Ученикот му вика на професорот:
- Професоре, слушнете ова е нешто многу важно... шопска салата, ракија, вотка, пилешки прсти, цело прасе, торта и многу други работи само за 100 денари.
На тоа зачудено професорот вика:
- А ученику каде сето ова го има?
Ученикот на тоа одговара:
- Па нигде професоре, али признајте дека е ефтино.

:D
 
Кандидат за градоначалник ги чека во својот кабинет резултатите од изборите.
Му соопштуват дека е избран, тој го зграпчува телефон и брза да ја израдува мајка си:
– Мамо, ме избраа!
– Браво синко! Да не лажеш?
– Мамо, не почнувај и ти…
 
Си седи мажот дома и слуша како некој гребе на вратата. Отвора и гледа една бедна и ситна фигура на смртта со црна капа и коса преку рамо.
– Еј, те молам… рано ми е уште! Имам само 50 години, сакам уште да си поживеам!
– Живеј си бе… кој ти пречи! Јас не сум Смртта! Јас сум Импотенција.
 
Мажот и’ ѕвони на својата тешта :
— Земете си ја кај себе вашата ќерка . Проживеав со неа еден месец и неможам повеќе!
Тештата:
— Извини, зете после 14-от ден производителот не прифаќа рекламации ![DOUBLEPOST=1446287093][/DOUBLEPOST]-јас вчера со таква девојка се запознав , 90-60-90!
- Штооо, зар за секој втор пат добиваш од неа попуст ?
 
Последно уредено:
Разговараат двајца пријатели:
- Беше на одмор во Охрид?
- Да. Кд дојде, изгреба га ауто, испрска га сас спреј, и излепи га сас налепнице. Ал ако..., нека пукнев комшије, нека мислив дека сам бија у Грчку.

:laugh:
 
Патуваат татко и син црнци во американски авион. По некое време стјуардесата објавува:
– Почитувани патници, авионот има сериозно оштетување и за да не падне ќе мораме да фрлиме дел од патниците. За да нема протести, почнуваме по азбучен ред.
Any African Americans?
Малото црнче погледнува кон татко си, но тој седи мирен на седиштето и си молчи.
Стјуардеса поминува на буква Б:
– Black Americans?
Малото црнче повторно погледнува кон татко си, а тој се спушта пониско на седиштето и си молчи.
Стјуардеса поминува на буква Ц:
– Coloured Americans?
Таткото црнец повторно си молчи, детето не издржува и прашува:
– Тато, што се случува, зошто не се јавуваме?
– Молчи си сине, денес сме Niggers…
 
Ноќ, дожд .Во такси влегуваат двајца Седат позади и си набројуваат кого се денес ограбиле и убиле. Таксистот ги слуша, ни жив ни мртов од страв .
И наеднаш некој му ја става раката на рамо...
- брат ,застани, морам да мочам!
- што ви е бе момци, такво невреме надвор - слободно мочајте тука![DOUBLEPOST=1446401977][/DOUBLEPOST]- имате ли тест за бременост?
- еве ви германски, со веројатност за точност од 96%, чини 20 евра.
- А нешто поефтино имате ли?
- да, кинески , со веројатност од 70%, чини 2 евра.
- А уште поефтино?
појди најдобро во поле , скини си цвет од камилица и лист по лист кини- да-не, да-не ....- веројатноста е 50%, ама затоа пак е бесплатно!
 
Последно уредено:
- Kако те пушта жена ти сам на диско?
– И ја подготвив кадата и ја наполнив со пена!
– И тоа ја спречи да дојде со тебе?
– Пур-пената може да спречи многу нешта…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom