Лисицата:
– Гавране, за кого ќе гласаш на следните избори? За ВМРО или СДСМ? Многу е важно! Од тебе зависи иднината на твоите деца!
Гарванот молчи и го стиска сиренцето со клунот.
– Гавране, многу е важно да одбериш правилна опција. За твоите деца се работи! Ќе гласаш за ВМРО или СДСМ?
Гарванот:
– За ВМРО!
Тап сиренцето паѓа, лисицата го грабнува и бега.
Гарванот замислено:
– И за СДСМ да речев пак ќе беше исто…
...................................................................................................................................................
Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и – како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
- Види го животно, а дојде само да нè испрати!