Вицеви без наслов 2 дел

У некоју фирму ѕвони телефон неколко пута и радник се јавља:
- Што не се јавите бре кд ја звону? - дере се некој нервозно
- Што си зинаја бе, па у гужву смо, што сакаш?
- Знаеш ли бе ти кој е на телефон?
- НЕ.
- На телефон е твој директор.
- А ти знаеш ли сс кога разговараш?
- НЕ .
- Епа ондак можеш да едеш гомна колко сакаш.

Иде Трпе на доктор и му вика на докторот:
– Докторе имам камења во желудникот, имам песок во бубрезите што да правам?
Докторот насмеано му вика:
– Ти пријателе треба да си отвориш градежна фирма.

Звони звончето.
- Кој е?
- Добар ден, отворете, да го запишам водомерот.
- Не можам, не сум облечена...
- Добро де, облечете се.
- Добро, минута само.
После пола саат пак звони:
- А бе шо направите, се облековте ли?
- Ами... не, не знам шо да облечам...

Трпе се прибира два дена порано од пат. Пред врата гледа чевли број 46, слуша на вратата и ја слуша Трпана:
- Мили, можиш ли да замислиш шо ќе се случе мажот ми ако си дојде порано од пат?
Се слуша длабок машки глас:
- Ќе го фанам за вратот, и ќе му го свиткам како на пиле.
Трпе надвор го покажуе средниот прст на вратата, и тивко вели:
-- НАА каа ќе ме фаниш, јас сум уште два дена на пат!
 
Маж и жена лежат во кревет:
– Душо, ако знаеме дека светот ќе престане да постои по 10 минути, што ќе правиме?
– Секс…
– А останатите 9 минути?
 
Си седат две другарки плавуши и си разговараат и едната вели:
– Го изневерив маж ми на кожната столица и сега имам грижа на совест и сакам да ја продадам! Како ме советуваш?
– Ако гледаме така, мене ќе ми останат само лустерите.



Отишле гости кај власи. Влавот ги прашал што сакаат за да се освежат а тие рекле што било. Тогаш влавот и рекол на жената:
– Жено, отвори прозорот за да се освежат гостите.
 
Разговараат двајца пријатели:
– Што правиш во петок навечер?
– Излегувам на пивце.
– А потоа?
– Потоа е… понеделник!
 
- Кој е побрз, ти или брат ти?
- Јас!
- Епа оди брзо да земеш едно пиво!


Разговараат две плавуши:
- Размислував цела вечер и знаеш што заклучив?
- Што?!
- Вратата.


Како е дефиницијата за кредит?
- Три дни тралала, три години оф леле.


:D
 
Мажот упорно се обидува да ја убеди жената да ја прават онаа работа, но жената упорно го одбива:
– Не можам сега, не се чувствувам добро, главата ме боли.
– Добро тогаш, ќе одам да побарам некое апче од комшивката. Ќе се вратам за саат-два.
 
Оди некој Македонски архитект кај свој колега во Италија. Го гледа Италијанецот со две куќи, три автомобили и пет мобилни телефони. Па го прашува:
- Како успеа да направиш толку богатство?
На тоа Италијанецот му одговара:
- Го гледаш оној мост?
- Го гледам. - му вели Македонецот.
- Епа тој мост требаше да биде 120m x 25m, а јас го направив 120m x 22m, па од тие 3 метри го направив ова богатство.
Доаѓа следната година Италијанецот во Скопје, па го гледа Македонецов со 3 хотели, вози џип, има казино и јахта.
А од каде пак сега ти е сето ова?
- Го гледаш оној мост онде?
Италијанецот на тоа одговорил:
- Не!
На тоа нашиов му рекол:
- Тука требаше да биде!
 
Разговараат две пријателки по подолго време:
– Ленче, советувај ме што да правам?! Оној мојот нели пред две години отиде во Америка и сега ме вика да одам таму со двете деца.
– Па, ти си луда! Зошто воопшто прашуваш, спакувај ги куферите и тргнувај.
– Абе, да тргнам, ама децата во меѓувреме станаа четири…
 
Маж бил кај љубовницата и се вратил дома доцна во ноќта. Жена му го пречекала со прашање:
– Каде Беше до сега?
– Пааа, aaa…
– Случајно состанокот на работа да не ти траеше многу долго?
– Да, Да, на состанок…
– А Зошто мирисаш на женски парфем?
– Пааа, aaa…
– До тебе на состанокот да не седеше некоја жена?
– Да! Секако, до мене седеше најстарата колешка.
– А Зошто имаш женска влакна на сакото и кармин на кошулата?
– Пааа, aaa…
– Сигурно во преполниот автобус некоја жена без да сака те извалкала?
– Да! Така беше…
– Добро, ајде да си легнеме!
Мажот се соблекува:
– Еј, чекај! Зошто носиш женски гаќи?
– Жено… ти си паметна… измисли нешто…
 
Црногорец се излежава под дебела сенка. Проаѓа некој бизнисмен и му вика:
- Aбе како можеш така да лежиш? Земи нешто работи, обработувај ја земјата.
- И?
- И ќе ти пораснат плодови, ќе ги продадеш на пазар, па ќе си купиш еден чамец и ќе ловиш риби.
- И?
- И ќе ги продаваш рибите, па ќе го прошириш бизнисот, ќе направиш голема компанија.
- И?
- И ќе заработиш многу пари, ќе си купиш остров и после ќе уживаш.
- Па јас и сеа уживам...
 
Жената му вели на нејзиниот сопруг – програмер:
– Отвори го овој фајл! Ја гледаш ли оваа слика?
– Да, и? – Отсутно одговара тој.
– Запомни го добро лицето… Го запомни ли?… Добро, утре во 17:30 треба да го земеш од градинка!
 
газдата го повикува новопримениот пекар и му приговара :
- Пак тебе кифлите ти изгореа, ќумур ги стори , што се случува ?! А кога те примив на работа ми рече дека имаш 10 години стаж
- Десет, но во крематориум.
 
Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.
:D
 
Во централата на BMW ги преслушуваат последните 5 секунди од црните кутии после фатални несреќи во различни држави.
Германија:
– Scheiße, Scheiße, Scheiße…
САД:
– Oh shit, man, shit, fucking shiiittt…
Турција:
– Аllah bizimle birlikte olabilir…
Македонија:
– Гледај во втора што прави!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom