Вицеви без наслов 2 дел

Полицијата после брза потера успева да го застане Владo.
Веќе долго време не сум се забавувал вака добро“ рекол полицаецот и додал: „Ќе ве пуштиме само ако имате добар изговор.
На тоа Владo му одговорил „Жена ми ме остави пред три недели заради полицаец. Кога го здогледав вашиот автомобил се преплашив дека ќе ми ја вратите пак назад.
 
Цветко се жали на кумот:
- Бев на лекар заради пиењето!
- И? Што ти кажаа?
- Докторот ми рече дека може да пијам само по една чаша пред спиење.
- И сега што ќе правиш?
- Сега спијам 8 пати на ден по еден саат!
 
Зошто мравките толку брзо се размножуваат?
- Затоа што ниедна фабрика не произведува толку мали кондоми.

-Што е разликата меѓу Баба Рога и Лејди Гага?
-Баба Рога децата ги плаши само навечер!

Синот го прашува таткото:
- Вистина ли е дека во некои области на Африка мажот не ја познава жената сè додека не ја ожени?
Таткото:
- Така ти е тоа, сине мој, во сите земји.
 
Ајде да пиеме по едно пиво после работата?
- Не можам, треба да си одам дома.
- Зошто? - Да готвам.
- Ти нели си женет?
- Женет сум.
- И жена ти нели е со тебе?
- Со мене.
- А што, болна ли е?
- Не. Гладна!


- Колку чини рибата?
- Двесте денари.
- Скапа е за мене
- Сто и педесет!
- Многу е - Сто! - Немам толку
- Осумдесет!
- Откај толку пари во мене бе, човек?
- Епа тогаш ви ја подарувам
- Благодарам, спакувајте ми две!



Влегува Трпе кај забар и му вели:
- Колку ти е вадење?
- 500 денари.
- А без анестезија?
- Така, 350 денари!
- Добро тогаш, само откорнете го и готово.
- Браво, би било добро сите мои пациенти да се вака храбри. Кажете ми за кој заб се работи.
- Трпано, кажи му кој заб те боли!
 
Си биле мајка, ќерка и еден млад г-дин. Дошло време за у кревет и мајката му рекла на г-динот: „Г-дине бидејќи имаме само еден кревет слободен ќе спиете со ќерка ми заедно но помеѓу вас ќе ставам една даска.“ Г-динот одговорил: „Нема проблем“. Г-динот отишол да си легне во креветот. Мајката и рекла на ќерка и: „Ќерко што и да те праша одговори му со не бива.“ „Во ред, мамо.“-одговорила ќерката. Отишла и таа да си легне. Лежејќи и двајцата така започнале разговор:

Г-динот: „Бива ли даската да стое помеѓу нас?“
Ќерката: „Не бива“.
Г-динот: „Бива ли да лежеме така а нишо да не правеме?“
Ќерката: „Не бива“.

Утредента, мајката ја прашува ќерката: „Ќерко, како помина вечерта?“
Ќерката одговорила: „Мајко, од твоето „не бива“, цела вечер ми го „набива“!!
 
Перица ја прашува макја си:
-Мамо кој е мојот татко ?
-Дедо Мраз.
-Како така ?
-Е,така дојде една ноќ,ми даде подарок и никогаш повеќе не го видов.

Дим да ме њама :D

За Нова Година премиерот ги посети затворениците и ги поздрави.
-ЗА МНОГУ ГОДИНИИ, ЗА МНОГУ ГОДИНИИ....
 
Си биле Македонец, Французин, Англичанец, Турчин и Грк..
Правеле муабет на кој по што му е позната неговата земја...
Гркот вели: Мојата држава е позната по Грчката Енциклопедија...
Турчинот: ... Турското кафе...
Англичанецот: Елизабета Втора
Французинот: Ајфиловата Кула
И македонецот не знаел со да каже и вика Александар Македонски..
И тие го прашуваат како бе Александар Македонски..
Македонецот вели: Александар Македонски ја е*ал Елизабета Втора под Ајфиловата Кула Пијајќи Турско Кафе, ако не ви се верува прочитајте во Грчката Енциклопедија...!!
 
Влегува човек во бар и прашува:
- Каков коктел ќе ми предложите?
Шанкерот вели:
- Па нашиот најнов - едно, две, максимум три!
- Е каков е тој коктел?
- Па земаш едно тенџере. Истураш во него една чаша вотка, две, максимум - три. Потоа додаваш чаша коњак, две, максимум три.
Потоа додаваш чаша виски, две, максимум три. Потоа додаваш кригла пиво, две, максимум три во тенџерето. Ги мешаш убаво.
Си ставаш една чашка, две, максимум три, потоа стануваш и правиш чекор, два, максимум три!

Трпе бил таксист, и во колата му се качил некој Јапонец. Возејќи така, јапонецов гледал низ прозорецот и уста не затварал:
- Ииии, Нисан, брза кола, маде ин Јапан!
Оооо, Мицубуши, многу брза кола, маде ин Јапан!
Аиии, Тојотка, ептен брза кола, маде ин Јапан!
Кога дошол до хотелот, Трпе му вика:
... - 200 долари!
- А бе могу е тоа?!
- Аииии, таксиметар, многу, многу брз, маде ин Јапан!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom