Влегува човек во бар и прашува:
- Каков коктел ќе ми предложите?
Шанкерот вели:
- Па нашиот најнов - едно, две, максимум три!
- Е каков е тој коктел?
- Па земаш едно тенџере. Истураш во него една чаша вотка, две, максимум - три. Потоа додаваш чаша коњак, две, максимум три.
Потоа додаваш чаша виски, две, максимум три. Потоа додаваш кригла пиво, две, максимум три во тенџерето. Ги мешаш убаво.
Си ставаш една чашка, две, максимум три, потоа стануваш и правиш чекор, два, максимум три!
Трпе бил таксист, и во колата му се качил некој Јапонец. Возејќи така, јапонецов гледал низ прозорецот и уста не затварал:
- Ииии, Нисан, брза кола, маде ин Јапан!
Оооо, Мицубуши, многу брза кола, маде ин Јапан!
Аиии, Тојотка, ептен брза кола, маде ин Јапан!
Кога дошол до хотелот, Трпе му вика:
... - 200 долари!
- А бе могу е тоа?!
- Аииии, таксиметар, многу, многу брз, маде ин Јапан!!!!