Вицеви без наслов 2 дел

се договараат дечко и девојка да идат на кафе.. да се чекаат кај коњот на аце
по пола саат дечкото:
-каде си ма еден саат чекам?
*Еве незнам како да го најдам Аце, прст пред око не гледам..
 
Селскиот доктор имал врска со наставничката. И како што обично се случува, таа забременила. Таа родила машко и му рекла:
- Ти си го правел, ти си го гледај!
Го прибрал докторот детето. Следниот ден пристигнал селскиот поп:
- Докторе, помагај! Целиот сум подуен, ќе експлодирам.
Докторот му удрил една анестезија, му направил неколку клизми и го ставил бебето до него. По еден час попот се разбудил:
- Како ми олесна, докторе ! И шкембето ми спадна.
- Ќе спадне ја. Види што убаво дете роди!
Попот се зачудил , но го зел детето. Поминале години. На смртната постела попот го викнал момчето и му рекол:
- Сине, имам една тајна и сега ќе ти ја откријам. Јас не сум ти татко. Јас сум ти мајка... Татко ти е поп Киро од соседното село!
 
Русокоса му ѕвони на сопругот
- Мили, застана мојот компјутер нешто ......
- Едно големо копче, напред ...го притисна ли ?
- Притиснав ама .. ништо
- А кабелот вклучен ли е ?
- Чекај да земам светилката и ќе проверам ...
- Зошто ти е светилка??
- Па немаме струја!!!
 
По успешно породување гинеколог излегува од родилна сала, за да ја соопшти радосната вест
Во холот пред салата здогледал еден млад добро ухранет маж со букет цвеќе и го прашува:
- Дали вие очекувате бебе?
Мажот одговара:
Не, не ... стомакот ми е од пиво.
 
Како Чомовски пишува смајли?
- :{


Како се вика директорот на Водовод и канализација?
- Исмет Фекали.

На час:
- 2+2=4.
За домашна:
- 4*2=8.
На тест:
- Марко има две јаболка едното го јаде, а едното му го дава на другарот, пресметај ја масата на сонцето.

Акција на ЈСП – со секоја купена карта од 10 возења, добивате гратис панцир и шлем.
 
Таткото го вика синот...
- Сине оди купи Кока Кола.
-Шише или лименка ?
- Шише.
- Ладна или топла ?
- Ладна.
- Да ја купам од продавницата до нас или од онаа преку пат ?
- Сеедно.
- Ти ќе ми дадеш пари или мама ?
- Јас ќе ти дадам оди купи ја!
- Сега или после ?
- Ако не одеш ќе те претепам нема да можеш да седнеш на стол !
- На дрвен или пластичен ?
 
Нешто со баба Рада се во мода деновиве.
Ало баба Рада женами е стриптизерка.
Свари и чај од Шипка.
Ало баба Рада жената ништо не ме слуша.
Напијсе чај од глуварче;)
 
Ако комшијата ти пушта гласна музика во 3 навечер, не се нервирај.
Ѕвони му во 5 и кажи му дека ти се допаѓаат песните..

Во 3 часот навечер седнуваш позади некој таксист што умира за спиење,
и му викаш "еее на оваа раскрcница загинав пред 5 години..."
 
Влав пред умирање:
-Тука е мајка ти?
-Да.
-Сестра ти?
-Да, тука е
-Брат ти?
-Да тато, сите сме тука.
-Епа зошто свети ламбата во другата соба?
 
Улаза наркоман у цркву и поп му вика:
-Христос воскресе,чедо.
-Слушна брат,страшна работа..
На христијански празници вицов почесто се слуша отколку што го даваат тој филмот со Исус на МТВ :D
 
На христијански празници вицов почесто се слуша отколку што го даваат тој филмот со Исус на МТВ :D


1513339_10201928917878908_841036418_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom