Видел Господ дека на Земјата страшни работи се случуваат, па решил да ја прати Дева Марија на Земјата да види колку-толку да ја оправи ситуацијата. И и напоменал често да му се јавува да му каже дали на луѓето им е животот подобар или полош, и ако евентуално има некој проблем. Поминал еден месец, и ете ја Дева Марија му се јавува на Господ:
-Дева Марија: Ало, Господ, овде Дева Марија се јавува од Земјата.
-Господ: Кажете, како е доле?
-Дева Марија: Абе Господе, добро е се, ама направив еден грев.
-Господ: Каков грев?
-Дева Марија: Па... пушев цигари.
-Господ: Добро, простено ти е, и ако има пак нешто јави ми се.
Поминало некое време, ете ја Дева Марија пак му се јавува на Господ:
-Дева Марија: Ало, Господ, овде Дева Марија повторно.
-Господ: Да не има пак некој проблем?
-Дева Марија: Па да, пробав алкохол...
-Господ: Добро, и тоа ти е простено.
И така поминало долго време, Господ дури заборавил дека ја пратил Дева Марија на мисија на Земјата. Еден ден му заѕвонел телефонот и од таму слуша:
-Ало, Господе, овде
Марија...

pos2
