Жена го носи љубовникот дома преку ден, додека мажот и е на работа.Незнаејќи таа, нејзиниот 9годишен син се крие во плакарот. Неочекувано, нејзиниот маж доаѓа дома, па таа го става љубовникот во плакарот.
Синот:Темно е тука.
Љубовникот:Да, темно е.
Синот: Имам бејзбол топка.
Љубовникот: Убаво.
Синот:Сакаш да ја купиш?
Љубовникот:Не, фала.
Синот:Татко ми е надвор.
Љубовникот:Добро бре, колку сакаш?
Синот: 15 000
Љубовникот: Многу да не е?
Синот:Ќе му кажам
Љубовникот:Добро, добро...
Во наредните неколку недели пак љубовникот и синот се наоѓаат во плакарот.
Синот: Темно е тука.
Љубовникот: Да, темно е.
Синот:Имам ракавица за бејзбол.
Љубовникот(сеќавајќи се на минатиот пат):Колку ти треба бе?
Синот:35 000
Љубовникот:Оф, добро......
Неколку дена подоцна таткото му вика на синот: Сине зимај топката и ракавицата, да играме бејзбол.
Синот:Неможам, ги продадов.
Таткото:И колку зема?
Синот: 50 000 денари
Таткото:Ужасно е да им пренаплатуваш на твоите другарчиња сине.Тоа е многу повеќе отколку што вредат. Ќе те однесам на исповед.
Одат во црквата, таткото го тера синот да влезе во бутката за исповед и му ја затвора вратата.
Синот: Темно е тука.
Свештеникот: Еј, ај не почнувај пак, преку глава си ми веќе!