Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
29.09.2007

Македонија


Три момчиња убиени во Скопје

Три момчиња биле убиени синоќа во Скопје од непознати сторители, кои кон нивното возило стрелале најверојатно од автоматско оружје.

Полицијата соопшти дека животите ги загубиле Рамадан Шефки (21), Салејман Незири (24) и Фарук Дарлишта (27), сите од Скопје. Инцидентот се случил во 22.20 часот на булеварот „Никола Карев“ (на делот познат како пластичарска улица)

Шефки, кој го управувал возилото „Даеву ланос“ починал на самото место, додека Незири и Дарлишта починале подоцна во Градската болница.

Убијците со неидентификувано возило побегнале од местото на настанот.

Екипи на полицијата, судот и обвинителството извршиле увид, а телата на убиените се предадени на обдукција.

Полицијата трага по напаѓачите и работи на расчистување на случајот и мотивите за убиството.



Исклучен првиот блок на РЕК „Битола” поради дефект

Заради дефект денеска во 11 часот од електроенергетската мрежа исклучен е првиот блок на РЕК „Битола”.

РЕК „Битола” во момент произведува струја само со една третина од капацитетот, затоа што вториот блок е во ремонт.

Екипи на компанијата започнаа да работата на санирање на пукнатина во цевководот од котелот.

Од ЕЛЕМ најавуваат дека се очекува блокот повторно да влезе во производство в понеделник во 8 часот.

Портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски вели дека нема да има увоз на струја, затоа што за викенд има намалена потрошувачка.

Ова е трет дефект во РЕК Битола за само еден месец. Во два наврати, на 3-ти и 12-ти септември од мрежата беше исклучен третиот блок. Недостигот од електрична енергија се надополнуваше со увоз на хавариска струја од Србија.


Свет



Рекордно поскапување на светските стокови берзи

Најголемиот за последните 32 години раст на цените беше одбележан месецов на стоковите берзи во светот. Први на списокот на најбараните стоки се житото, нафтата и златото.

Според меѓународниот индекс Reuters/Jefferies CRB, што претставува мониторинг на 19-те водечки берзи на суровински стоки и зрно, растот на цените во септември е 8,1%.

Цената на бушел пченица (36 кг) на најголемата Чикашка берза во петокот достигна ниво од 9,51 долари, што е историски рекорд. Нафтата исто така поскапе месецов и достигна на Њујоршката берза историски максимум од 83,90 долари за барел.




Над 100 лица исчезнаа на Хималаите


Над 100 лица се водат за исчезнати на Хималаите, меѓу кои има алпинисти од Германија, Австралија и Русија, јавија локалните медиуми, кои наведуваат и дека најмалку едно лице загинало.

„Ја изгубивме врската со повеќе од 100 алпинисти и туристи, со нивните водичи и носачите поради големите снежни наноси“, соопшти висок претставник на државата Утараканд.

Според информациите, за исчезнати се водат четири групи на туристи составени од седум Германци, четворица Руси и еден Австралиец. Туристите биле спроведувани од 60 - тина Индуси – водичи, готвачи и носачи, кои исто така се исчезнати.

Локалните медиуми јавуваат дека на планините непрекинато паѓа снег цели 36 часа со можност снежните наноси да се засилат во наредните неколку дена.

Властите на Утараканд побарале од индиското Министерство за одбрана хеликоптер, со цел побрзо да започне потрагата по исчезнатите лица.



Триесетина убиени во самоубиствен бомбашки напад

Најмалку 31 лице, повеќето војници се жртви на самоубиствен атентат врз автобус со авганистански војници, соопшти министерот за здравство Сајед Мохамед Амин Фатеми.

„Најмалку 31 лице загинале, речиси сите се војници. Дваесет се ранети, од нив 17 - тешко", рече министерот Фатеми.

Властите соопштија дека автобус на министерството за одбрана на пат за кон министерството било цел на самоубиствен атентат. Атентаторот облечен во воена униформа се доближил до автобусот и го активирал експлозивот.


извор
 
Замре темава!
Ја враќам од мртвите! :pos:

Почна издавањето на новите лични карти и возачки дозволи

01.10.2007
Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со издавање нови лични карти и возачки дозволи за граѓаните на Република Македонија.
Цената на образецот на новата лична карта е 190 денари, а на образецот на новата возачка дозвола е 280 денари. Фотографирањето на граѓаните ќе се врши при нивното аплицирање.
Граѓаните на Скопје за добивање на информации и закажување термин за аплицирање за нови лични карти и возачки дозволи можат да се обратат на бројот 0800 192 92. На истиот број, жителите на други градови и места во Македонија засега ќе можат да добиваат само информации.
Досегашните лични карти граѓаните согласно законските прописи ќе треба да ги заменат во период од три години, а возачките дозволи во период од пет години сметано од 1-ви овој месец.
novi-licna-vozacka.jpg

Еден од бегалците од затвор во Косово се крие во Скопје!?

Скопје /01/10/ 13:01
Бурим Баша, еден од затворениците кој неодамна избегаа од затворот во Дубрава, на Косово, наводно се наоѓа во Скопје.

Ова, според приштинскиот весник Експрес, го тврди самиот Баша, кој пошироката локација наводно ја соопштил во изјава за весникот.

Тој уште додал дека со себе носи 200 илјади евра, оти е вооружен и дека нема намера да се предаде.

„Ќе се борам до крај“, изјавил Баша, додавајќи дека се смета за неправедно осуден.

СДСМ го поднесе документот за хотелска ОКТА

01.10.2007
Социјалдемократите денеска до Јавното обвинителство ја поднесоа целата документација што ја поседуваат, за аферата со доделувањето на земјиштето кај старата железничка станица за изградба на хотел.
„Ги приложивме сите докази коишто ги имаме и се надевам дека институциите во државата ќе преземат соодветни мерки. Дваесетина дена чекавме на Министерството за транспорт и врски, согласно законот за слободен пристап на информации, да ни ги достави документите, МВР да почне да го разрешува овој случај. Но, очигледно нема капацитет таму, затоа на повикот на заменик јавен обвинител за организиран криминал денеска, во име на СДСМ, ги доставивме сите докази што ги имавме околу хотелската ОКТА“, изјави Јани Макрадули, СДСМ.

Киднапираниот Македонец се врати дома

01.10.2007
irfan-sulejmani.jpg
Ирфан Сулејмани
Македонецот кој беше киднапиран во Авганистан се врати дома. Ирфан Сулејмани по 3-дневното заложништво во авганистанската провинција Вардак, југозападно од Кабул, беше ослободен без откуп по преговорите што Меѓународниот Црвен Крст ги водеше преку племенските старешини со Талибанците.
„Имаше само разговори и тие сознаваа дека направија грешка и после кратко време требаше се да се реши, како да се организира нашето цивилно враќање“, изјави Ирфан Сулејмани, ослободен заложник.
Ирфан по неколку дена одмор ќе замине на семинар во седиштето на Меѓународниот Црвен Крст во Швајцарија, а потоа пак на работа во Кабул.
На аеродромот во Скопје претпладнево, покрај сопругата и двете деца, Ирфан Сулејмани беше пречекан и од шефот на Меѓународниот Црвен Крст во Македонија.
„Улогата на Меѓународниот Црвен Крст како неутрален и независен посредник помогна во ослободувањето на Ирфан и неговите колеги“, рече Матиас Венрајхт, шеф на МЦК во Македонија.
kidnapiran-makedonec.jpg
Ниедна државна институција не го знае бројот на македонски државјани, кои во неможност да најдат работа дома заминале да работат во Авганистан. Таму во моментов, според неофицијални проценки има неколку стотини Македонци.

Продолжуваат протестите на средношколците

01.10.2007
Средношколците решија, од утре нама да одат во училиште, ќе ја бојкотираат наставата и ќе протестираат пред Министерството за образование, се додека не се укине државната матура.
Денешните протести не беа масовни како оние од минатата недела, но во Скопје дојдоа претставници на матуранти и од другите градови. И тие се за целосно укинување на државниот матурски испит.
Средношколците од Кратово подготвиле и писмо со ставови, кои ќе му ги предадат на министерот Рушити.
„Јас сум против тоа, нашиот успех во овие четири години, односно нашите оценки за кои се боревме, нашите петки тие сакаат да ги фрлат во вода и строго на факултет да се запишуваме со успехот постигнат само на државната матура“, изјави Горјан Бошковски, Кратово.
И велешките матуранти најавија дека секој ден ќе доаѓаат во Скопје. Денеска не успеале да стигнат сите, затоа што не можеле да си ги платат билетите.
„Од Велес има дојдено околу 150 ученици, другите ученици беа сопрени во Велес на железничката станица, кондуктерите не им дозволуваат да се качат без карти“, рече Стив Миланов, Велес.
Претставниците на Иницијативниот одбор тврдат дека не се организирани од ниту една политичка партија. Нема да ги прифатат договорите, кои Рушити ќе ги постигне со претставниците на Средношколската унија.
„Ова што унијата го направи, што преговараа, што велат ќе се отворале канцеларии за информации, во ниту едно школо не се отворени и касно е да се отвораат“, вели Марко Даниловски, Иницијативен одбор.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Парламентот повторно ја повика СДСМ да прекине да ги манипулира средношколците. Со ист став и министерот за образование Сулејман Рушити, државна матура ќе се полага.
Средношколците, пак, за четврток најавуваат масовен штрајк пред Министерството за образование, на кој треба да дојдат ученици и од цела Македонија.

извор
 
Пукање врз возило

saraj.jpg
Пратеникот Блерим Беџети, ги повика министерот за внатрешни работи и премиерот, да помогнат во расветлување на синоќешното пукање врз возило во кое биле четворица жители на скопското село Глумово. Од министерот Јанкуловска побара и да каже, дали во општина Сарај воопшто владее законот, бидејќи досега ниту еден случај не е расветлен.

-Ова е веќе трет пат да се пука врз жители на Глумово. Во претходните случаи имаше и повредени, но сепак ниту еден случај не е расветлен, обвини Беџети.
Тој не сакаше да каже дали има сознанија дека се работи за партиска пресметка меѓу ДУИ и ДПА, како ниту дали нетрпението меѓу овие партии, од Парламентот се прелева на теренот.
Од ДПА, пак, го негираат тврдењето на еден од нападнатите, дека напаѓачите се нивни активисти од Кондово. Негираат и дека мотивот за пукањето е нивното настојување, да ги преземат во своите редови активистите и членовите на ДУИ од општина Сарај. Велат дека ситуацијата во Сарај е стабилна и нема потреба од паника.
-Во Глумово владее законот и сите кои се на било кој начин инкриминирани, ќе бидат изведени пред лицето на правдата, изјави пратеникот Гарип Каба од ДПА.
Според официјалните информации од МВР, во синоќашното пукање нема повредени, а активностите за пронаоѓање на сторителите се во тек.

Почина претседателот на Репунлика Српска

MilanJelic.jpg
Претседателот на Република Српска(РС) Милан Јелиќ почина синоќа од срцев удар, јавија денеска босанските медиуми.


По тој повод, денеска во РС е прогласена тридневна жалост, а знамињата во ентитетот се спуштени на половина копје.

Претседателот Милан Јелиќ е роден на 26 март 1956. година во селото Копривна кај Модрича. Основно училиште завршил во родниот град, средно во Добој, а дипломирал на Економскиот факултет во Суботица.

Работел во органите на државната управа во Модрича, а од ноември 1993. година како член на Српската демократска странка(СДС) е именуван за генерален директор на Рафинеријата за масло во Модрича.

Претседател на РС стана на изборите одржани на 1. октомври 2006. година, кога го победи дотогашниот претседател на РС Драган Чавиќ.

Телото на починатиот претседател денеска ќе биде изложено во Бански двор во Бањалука, каде што граѓаните ќе му оддадат последна почит.


извор

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП - БИТОЛА
Камион смачка "застава", возачот загина


{240EC4BB-D212-49B9-96B8-DDCD84E3E8E2}_soobrakajka-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот вечерта на магистралниот пат Прилеп - Битола, при директниот судир на автомобил "застава 101" и камион МАН. До несреќата дошло кога, од засега непознати причини, автомобилот со охридски регистарски таблички, со кој управувал Реџеп Сефедин (43) од Битола, преминал на десната коловозна лента и удрил во скопски камион, сопственост на фирмата "Тргометал". На самото место загинал возачот на "заставата" Сефедин, а Ивица Љошовски (27), кој го управувал камионот, поминал без повреди. Пожарникарите со часови едвај го извлекоа телото на загинатиот возач од смачканото патничко возило. Судско-полициски екипи извршија увид.

[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СЕ СТЕПАЛЕ ДЕВОЈКИ ВО КЛУБОТ РИЦЕР ВО СКОПЈЕ
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Со шише по глава за место на подум


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Две скопјанки поради место за играње на подиум се степале во ноќниот клуб Рицер во Скопје. Едната завршила со посекотина на челото од шише од пиво. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Инцидентот се случил во три часот вчера утро. Скопјанките Т.Ј. (27) и З.З. (21) кои биле гостинки во клубот се нашле на подиумот за играње и почнале да се расправаат. Според полицијата 27-годишната Т.Ј. лута на З.З. Оти не и правлеа место со шише од пиво ја удрила по глава. Степаните веднаш биле раздвоени а против Т.Ј. Е поднесена прекршочна пријава за физички напад. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Според присутните во клубот степаните се знаеле од порано. Се карале за дечко. Во моментот кога се сретнале на подиумот се скошкале и степале. Полицијата брзо реагирала и спречила да настане поголем инцидент.[/FONT]

[/FONT][/FONT]Е, нееееее! :pos:

извор :pipi:
 
Holland

SC Heerenveen [9 - 0] Heracles Almelo


10' [1 - 0] A. Alves

17' [2 - 0] A. Alves

19' [3 - 0] A. Alves

60' [4 - 0] G. Sibon

68' [5 - 0] A. Alves

70' [6 - 0] A. Alves

74' [7 - 0] A. Alves

76' [8 - 0] A. Alves

80' [9 - 0] G. Sibon

Браво бате!!!
 
10 октомври 2007



Вооружени натовци во Скопје


377C905D1F13744E8806D1CB4D7934E7.jpg

Четворица американски војници вчера со оружје се шетаа во центарот на Скопје, прекршувајќи го договорот за Статусот на силите (СОФА), кој им забранува да носат оружје додека се во земјава.

- Веднаш ја известивме воената полиција на НАТО, бидејќи, според СОФА-договорот со Македонија, забрането е војниците на НАТО и на КФОР вооружени да се шетаат низ земјава - вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Извори од НАТО во Македонија појаснуваат дека војниците на КФОР се обврзани да носат оружје на Косово, каде што се во мисија, но не смеат да го носат во Македонија.

- Во Македонија оружјето мора да го остават во возилото и еден од нив да го чува, или да го остават во базата. НАТО има мал тим воена полиција за вакви случаи, но четворица воени полицајци не може да ги спречат сите вакви ситуации. Откако ќе се утврди од која единица се војниците, ќе биде известена нивната команда за да преземе мерки - велат во Воената полиција на НАТО во Македонија.

Во Генералштабот на АРМ велат дека не се надлежни за однесувањето и за процедурите што важат за војниците на КФОР.


извор тука
 
10 октомври 2007

Одлуката за Косово во јануари, не во декември


Конечна одлука за статусот на Косово нема да биде донесена на 10. декември, туку најверојатно во средината на јануари.

Ова го изјави командантот на КФОР, францускиот генерал Гзавије Бу де Марнак, вчера при посетата на Гњилане. Тој рече дека задача на косовските лидери е да им го објаснат тоа на жителите на Косово.

„Очекувам одлуката за статусот на Косово да биде донесена во средината на јануари“, посочи генералот, не наведувајќи извор.

Францускиот генерал изјави оти Косово сега се наоѓа во два процеса. Едниот е подготовка за изборите закажани за 17. ноември, а вториот утврдување на статусот.

КФОР ќе обезбеди мир и безбедност на територијата на Косово, изјави францускиот генерал, командант на мировните сили.

Приштина /10/10/ 08:04

извор
 
Нема договор помеѓу Рушити и средношколците

Нема договор меѓу министерот Рушити и средношколците. Матурата останува, учениците велат - ние нема да ја полагаме.
„На денешниот состанок што беше одржан во Министерството за образование, иако повторно ги потврдивме нашите аргументи зошто не треба да се полага оваа година матура, не добивме позитивен одговор. Значи, преговорите продолжуваат по празниците, на кои се надеваме дека ќе ги усогласиме нашите ставови“, изјави Ана Милошевска, средношколец.
„Излегоа со став дека ќе се полага матура, меѓутоа ќе се скрати некоја програма, но тоа за нас не е прифатливо. Ние тоа го кажавме горе и уште еднаш го потврдуваме, така што наредната недела, на тие разговори, ќе видиме што ќе се случи“, рече Милошевска.


:pipi:
 
20.10.2007

Македонија



Охридските пратеници од власта против изградба на висококатници


Дел од охридските пратеници од власта се против предлог Нацрт деталниот урбанистички план за Охрид, според кој се предвидува во близина на спортскиот центар да се изградат пет висококатници за времено домување.

Пратениците, своите ставови ги искажаа на јавната средба со граѓаните на Охрид што во рамки на четвртата фаза од проектот Мобилен Парламент денеска ја организираше граѓанската асоцијација „Мост“.

Според пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов, изградбата на објекти за времено домување, всушност ќе претставува нов кинески ѕид, сличен на тој во Скопје, јави дописникот на Макфакс.

„Доколку сакаме од Охрид да правиме индустриски центар со 150.000 жители тогаш тоа е во ред, но доколку сакаме Охрид да остане туристички центар и како таков да се развива тогаш мора многу повнимателно да се урбанизира“, смета пратеникот Александар Николоски.

Според Ристо Трајковски, поранешен директор на СРЦ „Билјанини извори“ и познат спортски работник, чудно е како локацијата каде што се наоѓа до спортскиот центар наеднаш се дели за потребите на урбанистите. Според него таа локација е исклучиво наменета за изградба на спортски, а не за станбени и деловни објекти.

Нацрт деталниот урбанистички план опфаќа површина од над 45.000 метри квадратни на кој што е предвидено да се изградат два хотели , како и пет објекти за времено домување. Предлог нацрт планот неодамна во жестока расправа го усвои Советот на општина Охрид, а во тек е јавниот увид кој трае до 22. октомври.

На јавната средба на која се разговараше за урбанистичките проблеми во Охрид не присуствуваа пратеници од опозицијата, ниту градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој според организаторот, бил уредно поканет.


Ден на идеи“ во организација на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија денеска започнува со реализација на проектот „Ден на идеи“ во кој граѓаните на Македонија ќе можат преку изнсување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сферата на општественото живеење, директно да учествуваат во процесот на спроведување и реализација на владините политики.

За таа цел, пред платото на Владата граѓаните ќе можат да се обратат до премиерот Никола Груевски и министерите од Владата за своите идеи и предлози за реализација на владините плоитики. За граѓаните од внатрешноста на Македонија, на главните градски плоштади ќе бидат поставени пунктови од страна на ресорните министерства, каде во поштенски сандачиња граѓаните ќе можат да се обратат во писмена форма.



Свет

Иран предупреди на масовен ракетен одговор ако биде нападнат

Иран може да лансирани 11. илјади ракети врз непријателските бази уште во првата минута по било каков можен напад врз државата.

Ова денеска за државната иранска телевизија го соопшти генерал Махмуд Чахарбаги, командант на ракетните единици на Иранската револуционерна гарда.

„Копнените сили на Гардата ќе лансираат 11. илјади ракети врз идентификуваните непријателски бази уште во првата минута од било каква агресија врз Иран“, истакна генералот.



Павароти оставил долг од 18 милиони евра

Светски познатиот тенор Лучијано Павароти, кој почина на шести септември годинава, на своите наследници им оставил долг во висина од 18 милиони евра, објави италијанскиот весник „Република“.

„Фактот дека маестрото имал долгови, не е тајна“, изјави адвокатот на втората сопруга на Павароти, Џорџо Бернини.

Тој истакна дека долговите се наталожени поради повлекувањето на Павароти од музичката сцена и зајакнатата медицинска нега која што тенорот го чинела многу, особено во Соединетите Американски Држави (САД).

Весникот наведува дека Павароти покрај долговите, на своите наследници сепак им оставил наследство.

Неговата втора сопруга и мајка на керќичката Аличе, Николета Мантовани го наследи целосниот имот на Павароти во САД во вредност од 15 милиони евра,

Трите ќерки од неговиот прв брак ја наследија вилата во Песаро на јадранското крајбрејжје, како и станот во Монте Карло што треба да го поделат со Мантовани.


извор 1
извор 2
 
21.10.2007

Македонија


Нови измамени од ГИА Инженеринг за 260.000 евра


Расте бројот на измамените од фирмата ГИА Инженеринг, полицијата регистрирала девет нови измами за спорниот објект во општина Кисела Вода, вредни над 260 илјади евра.

Сопственикот на ГИА Инженеринг Георги Шоптрајанов од почетокот на октомври е во притвор поради измама на граѓани при продажба на станови прикривајќи го фактот дека становите претходно ги продал на други лица. Полицијата тогаш утврди измама од речиси 80.000 евра.

Полицијата од дополнителните проверки утврдила дека во периодот 2005 – 2006 година Шоптрајанов измамил уште девет граѓани со кои исто така склучил договори за здружување на средства за изградба на станови во истиот објект на улицата Емил Зола, иако становите како и во претходните случаи веќе ги продал на други лица.

Станува збор за деветмина кои уплатиле пари за 13 станови во овој станбен објект.

Парите за изградба на становите, оштетените граѓани ги уплаќале на кса прими во фирмата, дел преку банка со уплата на жиро сметка, а имало и граѓани кои средствата му ги предале лично на рака, без да добијат било каков документ за извршената уплата.

За објектот на улицата Емил Зола, кој има 17 стана, осомничениот, според кривичната пријава од полицијата поднесена на почетокот на месецов, склучил договори за купопродажба на становите со повеќе од 50 лица.


МОН ќе додели 3.200 студентски стипендии и кредити


Министерството за образование (МОН) за оваа академска година ќе додели 1.360 студентски стипендии и уште толку кредити за студенти од државните универзитети и по 240 за двете квоти за оние од приватните високообразовни институции.

Студентите од Архитектонскиот факултет, Градежниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Рударско – геолошкиот во Штип, Техничкиот во Битола, Технолошко металургискиот, Шумарскиот и факултетите за биотехнички науки и за земјоделство и храна, за добивање стипендии потребно е да имаат успех од најмалку осум, како и да ги положиле 90 насто од предметите од претходната година.

Студентите од овие факултети за добивање кредит мораат да имаат просек со оценка од најмалку седум.

Студентите од другите факултети потребно е да имаат просек од 8,5 за стипендии односно 7,5 за кредити.

Исполнувањето на другите услови, како што се семејно материјалната состојба и другите потребни документи се дадени во објавениот конкурс, јави Македонското радио.

Висината на стипендиите ќе изнесува 3.300 денари. Пријавувањето кое е во тек ќе трае до 31. октомври, а прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 5. ноември.



Свет

Над дваесет метрополи под вода до 2015 година!!!


Дваесет и еден од 33 најголеми крајбрежни градови во светот се во опасност поради покачувањето на нивото на светските океани.

Ова го покажуваат најновите истражувања на научници од меѓународната асоцијација „Ворлд Воч“, кои предупредуваат дека животот на осум милиони жители на планетата ќе биде во опасност.

Истражувањата покажуваат дека зголемувањето на нивото на светските океани е поврзано со глобалното затоплување.

Меѓу градовите кои што се изложени на непосредната опасност од поплави се Буенос Аирес, Рио де Женеиро, Шангај, Александрија, Каиро, Мумбај, Токио, Џакарта, Лагос, Карачи, Бангок, Њујорк, Лос Анџелес.



Џорџ Клуни менаџер на швајцарска еколошка компанија


Американскиот глумец и хуманитарец, Џорџ Клуни ќе стане член на извршниот одбор на нова швајцарска компанија која што ќе развива чиста енергија, потврди основачот на компанијата.

„Оваа нова компанија ќе има ограноци за истражување и развој на чист водород и на соларна енергија“, изјави милијардерот Николас Хајек, претседател најголемиот производител на часовници, на Своч групата во интервју за дневникот „Бернер цајтунг“.

Тој истакна дека при изборот на личност за менаџерската функција на компанијата, главен соперник на Клуни бил поранешниот американски потпретседател и екологист Ал Гор.

извор



Кајгана
*си ја поставив темата како важна:wink:
 
22.10.2007

Македонија



Обид за деблокирање на Анкетната комисија


Состанок на координаторите на парламентарните партии за да се изнајде начин за деблокирање на работата на Комисијата, задолжена за расветлување на неодамнешните инциденти треба да се одржи денеска.

Состанокот го свика претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски по одлуката на лидерот на ДПА Мендух Тачи неговата партија да не учествува во работата на Анкетната комисија. Спикерот Георгиевски вчера рече дека доколку ДПА не покаже добра волја да се врати во работата на Комисијата, тогаш ќе се бара друго решение.

Претседателот на Анкетната комисија задолжена за утврдување на одговорноста за тепачката на 25. септември меѓу пратениците на ДПА, ПДП и ДУИ, Стојан Андов во петокот најави повлекување од должноста доколку членот на комисијата од редовите на ДПА, Агим Рамадани не доаѓа на седниците.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи донесе одлука неговата партија да не учествува во работата на Анкетната комисија,поради одлагање на неговото сведочење пред комисијата. Сведочењето на Тачи беше одложено на денот кога Собранието ја прекина работата поради трагичната смрт на Тоше Проески.




Гејтс ги охрабри Македонија, Хрватска и Албанија да продолжат со реформите за членство во НАТО
28265581n.jpg
Македонија, Хрватска и Албанија од американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс добија поддршка и охрабрување да продолжат со реформите на патот кон полноправно членство во НАТО, јави известувачот на МИА од Киев.
Гејтс им порача на земјите од Јадранската повелба до Самитот на НАТО во Букурешт забрзано да работат на исполнување на стандардите и во другите области во општеството, а не само во одбраната.
Средбата со Гејтс, одржана по негова иницијатива со министрите за одбрана на Македонија, Хрватска и Албанија, македонскиот министер за одбрана ја оцени како исклучително продуктивна. На неа особено била потенцирана поддршката за направените реформи во македонската одбрана.
- Продолжуваме заеднички да ја градиме регионалната безбедност. На денешната средба државниот секретар за одбрана на САД Гејтс немаше забелешки за ниту една од трите држави, изјави Еленовски по средбата.
Тој информира дека државниот секретар денеска уште еднаш го потенцирал учеството на македонските војници во мировните мисии во Авганистан и во Ирак, кои имаат голема улога за воспоставување на демократијата во тие две земји.
Во Киев денеска министрите за одбрана на земјите од ЈИЕ од Процесот СЕДМ заедно со министрите за одбрана на земјите набљудувачи ќе разговараат за идните ангажмани на мултинационалните мировни сили на ЈИЕ. Ќе биде одобрен и годишниот план за 2008 година за вежби, а ќе бидат поздравени и идните полноправни членки на СЕДМ процесот Босна и Херцеговина, и на мултинационалните мировни сили - Украина.
Министерот Еленовски во Киев ќе го афирмира придонесот на нашата држава во рамките на Процесот, како и подготвеноста на Македонија да биде домаќин на следниот министерски состанок во 2008 година, кога ќе бидат одбележани десет години од потпишувањето на Основниот договор за мултинационалните мировни сили на ЈИЕ во Скопје во септември 1998 година.







Свет



Анкара најавува одговор на курдските напади, Вашингтон апелира на воздржаност
28265686n.jpg
Турција е подготвена по секоја цена да ја штити својата територијална целовитост и своите граѓани, се истакнува во соопштението од канцеларијата на турскиот претседател Абдулах Ѓул, објавено по вонредната средба на претседателот со премиерот Реџеп Таип Ердоган и престставници на армијата по вчерашниот напад на курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција во кој беа убиени 16 турски војници.
- Турција го почитува територијалниот интегритет на Ирак, но воопшто нема да се колеба да плати каква било неопходна цена за да ги заштити своите права, закони, територијалната целовитост и своите граѓани, се наведува во документот.
Инаку, премиерот Ердоган пред новинарите по средбата на турскиот државен врз изјави дека американскиот државен секретар Кондолиза Рајс побарала Анкара на неколку дена да ја одложи воената операција против курдските бунтовници во Северен Ирак.
Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс оцени дека Анкара нема масовно воено да се ангажира во северен Ирак.
Гејтс се сретнал со турскиот министер за одбрана Веџди Ѓуњул во Киев, на средбата на министрите за одбрана од државите на Југоисточна Европа. На средбата Гејтс го советувал турскиот воен врв да се воздржи од масовна воена операција во Северен Ирак, независно провокациите.
- Јас сум охрабрен од тоа што тој јавно ја нагласи намерата да не се преземаат еднострани активности. Не добив впечаток дека претстои такво нешто, додаде Гејтс.
Според зборовите на американскиот секретар за одбрана, тој го запознал турскиот колега за позицијата на Вашингтон, дека каква било масовна воена опреација би била спротивна како на интересите на Турција, така и на оние на САД и на Ирак. Гејтс оценил дека во моментов е неопходно собирање што поцелосни и попрецизни податоци за базите на Курдската работничка партија во Северен Ирак.
- Јас му реков дека спроведувањето масовна воена операција без такви разузнавачки податоци ќе доведе до големи колатерални загуби, истакна првиот човек на Пентагон, притоа имајќи предвид големи жртви меѓу цивилното население.
Министерот Гуњул пред новинарите во Киев изјави дека Турција има планови за влез во Ирак, но оти не е предвидена неодложна воена акција.




Полската опозиција води на парламентарните избори


Опозиционата партија Граѓанска платформа води со освоени 41 отсто од гласовите на парламентарните избори што вчера се одржаа во Полска, пренесуваат локалните медиуми.

Според првите неслужбени резултати, опозиционата партија освоила 226 од вкупно 460 места во Горниот дом на полскиот Парламент.

За освојување на мнозинство во Парламентот потребни се уште пет пратенички места, кои лидерот на опозицијата Доналд Туск планира да ги обезбеди преку коалицирање со помали партии.

Владеачката конзервативна партија Право и Правда која ја предводи премиерот Јарослав Качински, според неслужбените изборни резултати, освои 31,6 отсто од гласовите, што е гаранција за 156 пратенички места.


извор 1
извор 2
 
24.10.2007

Македонија


Стејт департментот позитивно го оцени предлогот на Нимиц за нов круг разговори за прашањето за името
28413995n.jpg
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Шон Меккормак го оцени како позитивен предлогот на посредникот на ОН Метју Нимиц за продолжување на разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, пренесува МИА.
Запрашан „дали САД ќе се вклучат во разговорите, имајќи предвид дека тие се во критична фаза“, Меккормак рече дека САД ги поттикнуваат двете страни за решавање на ова прашање.
- Како што знаете, ние донесовме одлука за прашањето за името, изјави Меккормак, идндиректно посочувајќи дека САД ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име.
Европскиот комесар за проширување Оли Рен ги повика Атина и Скопје да ги засилат напорите за постигнување взаемно прифатливо решение за проблемот со името.
Портпаролката на Рен, Кристина Наѓ вчера на прес-конференција изјави дека Комисијата препорачува „двојно“ засилување на напорите за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името, со што целосно би се нормализирале и онака одличните врски меѓу двете соседни земји.
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на НАТО Метју Нимиц пред два дена преку писмена изјава соопшти дека двете страни се согласиле новиот круг разговори за името да се одржи на 1 ноември во Њујорк.




Работилница за превенција од дрога


Работилница за превенција од дрога на подрачјето на општината Карпош ќе се организира денеска и утре во хотелот Средно Водно, официјално е соопштено.

Работилницата се одржува на иницијатива на Полициската станица Карпош и Советодавните групи на ученици и на граѓани од скопската општина Карпош, а со поддрѓка на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

На дводневната работилница ќе учествуваат експерти од повеќе институции, полицијата, министерствата за правда, здравство и за образование, од Основното јавно обвинителство Скопје, како и од Основниот суд Скопје 1.

Учество најавија и претставници од средните и основни училишта на територијата на општина Карпош, претставници на локалната самоуправа, НВО секторот, од Центарот за социјални работи и Центарот за лечење на зависници Кисела Вода, и претставници на верските заедници.



Свет


САД незадоволни од воената поддршка на НАТО во Авганистан



Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска започнуваат дводневна неформална средба во Холандија, јавуваат медиумите.

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, пред средбата, искажа „незадоволство“ од недостатокот на поддршка од страна на земјите членки на НАТО во Авганистан. Тој најави дека Авганистан ќе биде една од главните теми на претстојната средба.

„Не сум задоволен од тоа што НАТО, чии земји-членки имаат повеќе од два милиони војници, морнари и пилоти, не може да обезбеди дополнителни ресурси, кои беа ветени за Авганистан на состанокот во Рига, кон крајот на 2006 година“.

Американскиот министер оваа оценка је соопшти на прес конференцијата по средбата на министрите за одбрана на државите од Јужна и источна Европа, одржана деновиве во Киев.



Близу милион лица евакуирани поради пожарот во Калифорнија


Речиси милиони жители на јужна Калифорнија побегнаа во текот на вчерашниот ден пред шумските пожари, кои носени со силниот ветар причинија огромни штети.

Според локалните медиуми, најмалку пет лица ги загубиле животите, а изгорени се над 1.300 куќи или деловни објекти во пожарите што зафатија површина од 1.500 квадратни километри.

Најтешка е состојбата во градот Сан Диего, каде што над 500.000 лица се евакуирани, а најмалку 40 лице, меѓу кои и 16 пожарникари, се хоспитализирани со изгореници. Седум лица се во критична состојба.

Американскиот претседател Џорџ Буш прогласи вонредна состојба во седум окрузи, за да може во истите да упати федерална помош за елементарни непогоди.

Околу 6.000 пожарникари, кои со надчовечки напори се борат со огнената стихија, мораа да го признаат поразот, бидејќи пожарот е незапирлив поради силниот ветар кој се движи во неповолен правец.

„Пожарот е многу голем, се шири со силината на ветерот и ќе оди се до океанот. Можеме да спасиме само некои материјални работи, но пожарот не можеме да го сопреме“, изјави командантот на пожарникарите во Сан Диего, Кирк Хамфрис.


Гувернерот на Калифорнија, кој уште пред три дена прогласи вонредна состојба, предупреди дека уште најмалку 68.000 куќи се наоѓаат пред непосредна опасност од пожарот.

„Имаме несреќа што три работи се случија во исто време- многу сушно подрачје, многу топло време и многу силен ветар“, рече Шварценегер.

Опожареното подрачје се простира од мексиканската граница во близина на Сан Диего долж 240 километри до Малибу во близината на Лос Анџелес.



извор 1
извор 2
 
петок, 26 октомври 2007

Полицајците нападнати од шверцери


Македонската погранична патрола беше нападната од шверцерско криминална група во средата во реонот на Танушевци, при што еден полицаец загина, а двајца беа ранети.

Овие првични сознанија ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа на вонредна седница на Собранието, свикана на барање на опозицијата.

Според првите сознанија на истрагата и сведочењето на еден од ранетите полицајци, погранична патрола била нападната во атарот на селото Танушевци, од група од пет-шест лица со автоматско оружје. Полицијата имала сознанија дека криминални групи кои шверцуваат акцизна стока помеѓу Македонија и Косово носат и употребуваат оружје.

На вонредната седница имаше полемична и остра дебата меѓу опозицијата и пратениците на партиите од власта. Парламентот доцна синоќа не ги усвои заклучоците предложени од опозиција со која се бараше и одговорност на министерката на полицијата Гордана Јанкулоска.

извор
 
27.10.2007

Светски меѓурелигиски самит во Охрид


Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог продолжува денеска во Охрид.

Расправата денеска ќе се одвива во две панел дискусии, првата на тема „Религијата во образованието-нејзината улога во трансформацијата на општеството”, и втората на тема „Придонесот на зедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото”.

Тридневната Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид е збогатена и со културно - уметничка програма на која ќе настапат познати уметници, а во рамки на конференцијата синоќа во Охрид беше отворена изложба насловена како „Добро утро балкан” на која свои дела ќе претстават познати уметници од регионот.

На Светската конференција на која учествуваат над 200 претставници на религиски групи и заедници предвиден е и термин за молитва во траење од еден час.

Конференцијата завршува утре во усвојување на заедничка декларација, порака за мир, толеранција и дијалог меѓу цивилизациите.

Како придонес кон овие цели во Охрид утре ќе биде отворена патека на религијата и толеранцијата, каде отисоци од раце ќе остават петнаесет видни учесници на Светската конференција за дијалог меѓу цивилизациите.



Црвенковски предложи нов член за Судскиот совет


- Претседателот Бранко Црвенковски го предложи Насер Хаџи-Ахметагиќ за член на Судскиот совет.

Предлогот Црвенковски го доставил вчера доцна попладне до претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, се наведува во соопштението што денеска го достави кабинетот на Црвенковски.

Насер Хаџи-Ахметагиќ е дипломиран правник и во моментов работи како судија во истражен отсек во Основниот суд Скопје 1 во Скопје.

Црвенковски претходно за член на Судскиот совет го предложи Абдулселам Канзоски, но тој не беше прифатен од мнозинството во Парламентот.

Пред дваесетина дена за нови членови на Судскиот совет беа избрани Лина Петровска, Љубомир Богески, Бујар Сабриу и Ментор Ќоку.

Докомплетирањето на Судскиот совет е еден од условите што Македонија треба да го исполни на патот на евроинтегрирањето.





Одложена воената операција на Турција во Ирак


Турција нема да изведе воена операција протите курдскире сепаратисти во северен Ирак, до посетата на премиерот Реџеп Ердоган на Соединетите Американски Држави (САД).

Посетата на Ердоган на САД е закажана за петти ноември, пренесуваат локалните медиуми.

За време на средбата со американските власти се очекува турскиот премиер да ги претстави плановите на турската војска за справување со курдските сепаратисти, кои вклучуваат и напади кон територијата на Ирак.



Kризата околу американскиот штит е како кубанската криза



Американските планови за поставување на противракетна одбрана во Европа се слични со Кубанската криза, која што за малку ќе резултираше со трета светска војна.

Ова вчера го изјави рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Европската Унија (ЕУ) и Русија во Португалија.

„Слична беше ситуацијата во средината на 60-тите години од минатиот век, кога Советскиот Сојуз распореди проектили на Куба. За нас ситуацијата, технички е многу слична“, изјави Путин.

Соединетите Американски Држави (САД) минатата година објавија планови за поставување противракетен штит во Чешка и Полска. Штитот, според Вашингтон, ќе служи за одбрана од напади на „одметнатите“ држави. Москва смета дека поставувањето на противракетниот штит во источна Европа е против нејзините интереси.



извор
 
28.10.2007

Македонија


Околу 4 000 Македонци протестираа во Австралија


Околу 4 000 Македонци од цела Австралија протестираа денеска пред Парламентот во Канбера, поради ставот на Владата да ја именува Република Македонија како ФИРОМ.

Семакедонскиот собир на кој својот револт го изразија Македонци кои патуваа и по стотици илјади километри до Канбера, го организираа здружението „Потомци на Александар“ и Здружението на македонски општини од Австралија.

„Поминаа скоро 14 години откако австралиската Влада одлучи да го оспорува демократски изразениот идентитет на Република Македонија, именувајќи ја како „Поранешна Југословенска Република“, изјави пред насобраниот народ Игор Александров, претставник на Македонците во Австралија.

Вистинска причина за „дискриминаторската политика на австралиските власти“, според Александров, е силното грчко лоби, чија што цел е „да го потисне македонскиот етнички идентитет“.

„Ќе ја добиеме оваа праведна борба преку демократскиот процес, со застапување на вистината. За разлика од оние кои ни го оспоруваат идентитетот, нам не ни се потребни лаги и фалсификување на историјата. Не ни е потребно да освојуваме туѓ идентитет и туѓа земја, или пак, да потиснуваме древни нации за да создадеме своја’’, изјави Ацо Шапкаровски, во име на здружението „Потомци на Александар“.



Верските лидери со порака за мир, толеранција и разбирање во светот



Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог заврши денеска во Охрид со усвојување на Декларација за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво.

Декларацијата за унапредување на дијалогот и заемното разбирање меѓу религиите и цивилизациите безрезервно јас прифатија сите верски заедници кои учествуваа на Конференцијата.

Како што беше истакнато на прес конференцијата, тоа е силна порака што верските лидери ја испраќаат во светот за мир, разбирање, толеранција меѓуцивилизациски дијалог.

Во Декларацијата се наведува дека практикувањето на верата треба да биде во функција на остварувањето на длабоко човечките и морални вредности.

Се осудуваат злоупотребата на верската практика и искривувањето на верските начела, како глорификацијата и фаворизирањето на една вероисповед наспроти другите.

Исто така, се осудуваат сите форми на верско насилство и нетолеранција, како и злоупотребата на верата и сите видови на дискриминација и делување кои го понижуваат достоинството на човекот, стои во Декларацијата.

Верските лидери повикуваат на зацврстување и развивање на дијалогот меѓу различните вери, култури и цивилизации и суштинската улога на овој пристап во борбата против тероризмот.

Според нив, образованието треба да биде значаен столб во формирањето на личноста и претставува суштинска основа за унапредување на толеранцијата, меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог и разбирање, почитување на разликите, човековите права и демократски начела.

Декларацијата за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво ќе се достави до Генералното собрание на Обединетите нации-ОН, Советот на Европа, ОБСЕ, Арапската лига, Африканската унија, Асоцијацијата на јужноазиските нации, Централно азиската асцијација за соработка, Организацијата на американските држави, Меѓународната организација на Франкофонијата, како и до Владите на државите-членки на ОН.

„Дијалогот на светската конференција што се водеше во Охрид е доказ дека човештвото има сила да постигне еден сојуз на верите и цивилизациите наспроти ризикот да бидеме соочени со судири“, истакна на затворањето на Конференцијата министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Во Охрид беше договорено и следната Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог да се одржи во 2008 исто така во Охрид, за што беше избрано и координативно тело.



Свет


Масовни анти воени протести во САД


Масовни протести на кои се бара итно прекинување на војната во Ирак, се одржаа во повеќе градови во Соединетите Американски Држави (САД).

Најмасовни биле протестите во Сан Франциско и Калифорнија, каде според организаторите ноќеска учествувале околу 30 000 луѓе.

Дел од учесниците во протестите носеле транспарентни на кои пишувало „Запрете ја војната сега!“, „Wall Street се богати!“, „Гинат американски војници и Ирачани!“.

На дел од улиците демонстрантите легнувале на земја изведувајќи симболично умирање во чест на илјадниците американски војници и Ирачани кои загинаа од почетокот на војната до денес.



Ердоган ја обвини ЕУ за неиспорачување на курдските сепаратисти



Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија (ЕУ) за неиспорачување на припадниците на Курдската работничка партија(ПКК).

„Ниту една членка на ЕУ до сега не и испорачала на Турција член на ПКК и покрај тоа што Унијата оваа организација ја прогласи за терористичка“, Изјави Ердоган за локалните медиуми.

Според него, курдските сепаратисти во државите на ЕУ наоѓаат засолниште и се занимаваат со собирање на пари.


извор
 
29.10.2007

Македонија


Албанскиот претседател во посета на Македонија


Новиот претседател на АлбанијаБамир Топи денеска ќе престојува во официјална работа посета на Македонија на покана на претседател Бранко Црвенковски.

Претседателите Топи и Црвенковски се очекува да разговараат за билатералната соработка и исполнувањето за евроатлантските интегративни процеси на двете земји, како и за состојбата во регионот.

Средбата меѓу двајцата претседатели ќе се одржи во вилата Билјана во Охрид.

Ова е прва официјална посета на Топи на Македонија по неговиот избор за претседател на Албанија.



Легализација на дивоградби


Проектен документ во врска со донесувањето на законот за легализација на дивоградбите и за дигитална база за урбанистичките планови ќе биде потпишан денеска.

Со документот е предвидена „Техничка помош и поддршка на политиката за донесување на Закон за легализација на дивоградбите и за воспоставување на дигитална база на податоци за урбанистичките планови“.

Документот ќе го потпишат амбасадорот на УНДП во Македонија Марија Луиза Силва и .министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.



Свет


Европа ќе ја намали зависноста од рускиот гас


Европа во следните 10 години планира да ја смали зависноста од гасот на руската компанија „Газпром“, со нуклеарна енергија и со гас од централна Азија.

Европскиот секретар за енергија Андрис Пиеблагс рече дека ЕУ е на добар пат да обезбеди свои извори за снабдување.

Темел на оваа стратегија е планирањето на изградба на гасоводот Набуко, со кој би се транспортирал гас од Азербејџан и централна Азија до Европа преку Турција, заобиколувајќи ја Русија.

Набуко е проект вреден 4,6 милијарди евра. Неговата должина изнесува 3.300 километри, а гасоводот би требало да биде готов до 2011 година.

„Газпром“ во моментот задоволува четвртина од потребите на ЕУ.


Нивото на Мртвото Море, кое се наоѓа на границата со Израел и Јордан, во последните неколку години опаѓа со загрижувачко темпо и сега е 420,47 метри под нивото на светското море, дури 15 сантиметри пониско од минатиот месец, објави деновиве израелската Хидрометеоролошка служба.

Драматичното опаѓање на нивото на морето, 1,2 метри годишно, е последица на прекумерна употреба на вода од Галилејското Езеро и реката Јордан за полјоделство, хидроцентрали и вода за пиење.
Израел и Јордан пренасочуваат дури 90% од текот на реката.
Еколошката организација „Пријатели на земјата“ предупреди уште пред неколку години дека Мртвото Море може да исчезне за половина век, ако не престане таквата практика. На брегот на морето има се повеќе вдлабнатини кои ја отежнуваат изградбата на инфраструктурата, а ризични се и за посетителите.
Морето е се подалеку од хотелите и бањите, изградени пред 20 години на самиот брег.
Загрозени се и онака ретките видови на животни како леопард, јарец, зајаци и милиони птици кои таму се гнездат секоја година за време на преселбата меѓу Европа и Африка.
За последните 50 години површината на Мртвото Море, најсоленото на светот, на најниската точка на планетата, е намалена за една третина, а длабочината е опадната за 25 метри.
Единствено можно решение кое претседателот на Израел Шимон Перес го промовираше последниве години е воспоставување на таканаречен „мировен канал“ меѓу Црвеното и Мртвото Море. Водата би се користела за производство на енергија.
Но, не се знае што би се случило со ова решение, бидејќи кога водата од Црвеното Море би се споила со Мртвото Море би се формирал слој на гипс кој би го обоил морето бело и би се изгубиле солите и минералите карактеристични за него.
Појавата на флора и фауна пак во Мртвото Море, во кое нема живот, е другото сценарио, а би можела да се загрози рамнотежата на коралите во Црвеното Море, предупредуваат стручњаците.
Има и решение реката Јордан да го храни морето со свежа вода.
Водата е спор на Блискиот Исток, каде решението на деценискиот израелско-палестински судир се уште не е на повидок.
Поради непријателството меѓу Израелците и Арапите, се избегнуваат напорите заеднички да се води грижа за природата, па можеби идните генерации само ќе ги слушаат сеќавањата на нивните родители за Мртвото Море кое некогаш постоело.






извор 1
извор 2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom