Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
петок, 23 ноември 2007


МАКЕДОНИЈА


Полицијата трага по двојниот убиец


Полицијата трага по Ѓорѓи Топаловски, кој е осомничен за двојното убиство, што се случи вчера во Скопје, потврдија денеска извори во МВР за агенцијата Макфакс.

Возилото, марка ситроен, со кое Топаловски избегал од местото на настанот е пронајдено синоќа во гаража во скопската населба Карпош.

Двете лица кои беа убиени во Скопје се Андреј Филип и Новица Благојевиќ, а мотивот за убиството најверојатно се нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу жртвите и убиецот.

На инцидентот му претходела расправија и тепачка меѓу Филип и Благојевиќ со убиецот, кој успеал да го земе пиштолот од своето возило, по што двајцата ги застрелал.

Убиецот потоа го стартувал возилото со кое поминал преку едниот од убиените, истрелал уште неколку пати и го напуштил местото.

Двојното убиство се случи вчера околу 14 на фреквентиот булевар Илинден на потегот меѓу Зоолошката градина и амбасадата на САД.


Намалена видливост на патиштата во делови на Македонија

Густата магла во Македонија предзвикува проблеми во сообраќајот и намалена видливост на одделни патни правци.

Според АМСМ видливоста е намалена на 50 до 100 метри на патните правци Скопје-Тетово, Тетово-Гостивар, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар и Неготино-Демир Капија.

Скопскиот аеродром изутрината е отворен за сообраќај, а не работеше од завчера попладне поради густата магла.



ГРУЕВСКИ ДЕЦИДЕН - СТРУЈАТА НЕМА ДА ПОСКАПИ

Струјата нема да поскапи, тврди премиерот Груевски. Иако тоа е во надлежност на Регулаторната Комисија, според контактите кои ги имал со нив, цената на енергијата останува непроменета вели премиерот. Бара од ЕВН да престане да ги уценува, затоа што Владата немала да попушти на притисоците нивните загуби да се плаќаат од буџетот, односно од џебот на граѓаните.
- Не можеме да дозволиме една монополска комопанија, која и се однесува монополски и тоа крајно вулгарно го изразува, користејќи ги и злоупотребувајќи ги чувствата на посиромашните граѓани, користејќи ја позицијата и својата моќ, да атакува врз државата барајќи дополнителни средства од буџетот. Ние не можеме нивните комерцијални загуби да ги покриваме со средства на граѓаните - рече Груевски.
Австриските газди од ЕВН вчера тврдеа дека ги исполите своите обврски за инвестирање, дури и повеќе од ветеното. Загубите, повеќе од 11%, кои бараат да им ги покрие државата биле од кражби на струја. Побараа заштита и од австриската Влада. Денеска премиерот Груевски им порача - вратете се и работете нормално по законите кои важат овде како што тоа го правите во Австрија или во другите западноевропски земји.


РЕГИОН


„ТАЈМ“: НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО НА 10 ДЕКЕМВРИ

Првичните најави на Хашим Тачи дека веднаш по 10 декември, кога „тројката“ меѓународни посредници ќе ги извести ОН за текот на преговорите меѓу Белград и Приштина, ќе прогласи независност на Косово „се за локална употреба“, но се чини дека косовските лидери не се подготвени таквиот потег да го одложуваат подолго од јануари, пишува њујоршкиот магазин „Тајм“ во најновото издание.
Лидерот на Демократската партија на Косово и некогашниот политички претставник на ОВК, Хашим Тачи во изјава за „Тајм“ вели дека независноста на Косово е „готова работа“, нагласувајќи дека косовските Албанци чекале доволно долго на таков развој на ситуацијата.
- Времето на војни е минато. За мене, независноста на Косово е готова работа. Чекавме доволно, изјави Тачи.
Њујоршкиот магазин исто така наведува дека Тачи денес тврди оти созреал од времето кога ја предводел ОВК, признавајќи дека „правел грешки“, но дека сега гледа однапред, односно на решавање на енергетските проблеми, изградба на патишта и економски развој на Косово.
- Се променив, изјави Тачи, нагласувајќи дека е подготвен и да го „промени Косово“.
Партијата на Тачи победи на изборите на Косово во саботата.


извор1
извор2
 
МАКЕДОНИЈА


Проширена акцијата „змиско око“-приведени нови 40 лица


Бројот на приведени во полициската акција „Змиско око“, насочена против корупција на наплатните рампи, денеска се искачи на седумдесет.

Како што јави македонската телевизија, изутрината биле приведени повеќе од 40 вработени на наплатните рампи во Тетово, Велес и Куманово.

Сите се осомничени за неиздавање на фискални сметки и злоупотреба на службената должност. Според полицијата, тие наплатувале патарини по половина цена, а парите ги делеле меѓу себе.

Одбраната на дел од приведените смета дека нема потреба од вакви спектакуларни апсења и дека во текот на постапката мора да бидат предочени сите докази.

„Гломазноста на целиот овој спектакл ќе има реперкусии подоцна“, изјави адвокатот Миодраг Вујиќ, еден од одбраната на приведените. Тој посочи дека големата бројка на приведени може да доведе до „блокада на работата на судот“.

Пред шест дена во акцијата „змиско“ око беа приведени 27 лица, кои се осомничени за корупција на наплатните рампи и за присвојување на пет милиони евра.


Конгрес на Конфедерација на слободни синдикати


Втор конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати(КСС) ќе се одржи денеска во Домот на армијата на Македонија.

На Конгресот се очекува да биде усвоен нов статут на КСС, нови програмски определби, како и Резолуција за измени на работното законодавство и Резолуција за поделба на синдикалниот имот.

Тема на Конгресот ќе биде и избор на нов претседател на КСС.


СВЕТ


Најскапиот ресторан во светот затворен поради глувци


Њујоршкиот ресторан „Серендипити 3“, лоциран на Менхетен, во кој порција сладолед чини 25.000 долари, привремено е затворен по наредба на санитарните инспектори.

Двонеделната инспекција на санитарните инспектори во ресторанот, познат по своите екстравагантни десерти, открила глувци, муви и над 100 живи бактерии, како и загадена вода во подрумските простории.

„Серендипити 3“ на почетокот на ноември влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако на менито понуди порција сладолед по цена од 25.000 долари, подготвен од 28 видови на какао, од кои 14 се многу ретки, како и 23 каратно злато, што се јаде.

Овој десерт се послужувал во златен сад, на чија што основа се наоѓа алка од 18 каратно злато со бели брилијанти од еден карат, наменета за гостите. Десертот се јаде од златна лажичка, која што потоа останува во сопственост на гостинот.


Буџетот на Унијата – 118,6 милијарди евра



Буџетот на Европската унија за 2008 година да изнесува 118,6 милијарди евра, што е 2,7 отсто повеќе отколку за оваа година, предложија министрите за финансии на земјите во Унијата.

Предлогот буџетот не е конечно дефиниран, поради барањето на Европската комисија и Европскиот парламент, сумата да биде поголема.

Спорните точки се однесуваат на финансирањето на заедничката надворешно – политичка и на безбедносната политика.

Во предлог буџетот за идната година недостасува и една милијарда евра, колку што Европската комисија побара за сателитскиот систем Галилео.

Усогласениот буџет на ЕУ за 2008 треба да биде усвоен од Европскиот парламент кон средината од декември.


извор
 
сабота, 24 неомври 2007

Одбележани 40 дена од трагичната смрт на Тоше Проески


Со верска литургија и во присуство на илјадници граѓани денеска во Крушево беа одбележани 40 дена од трагичната смрт на големото име на македонската музика и хуманист Тоше Проески.

Главниот обред со кој чиноначалствуваше поглаварот на Македонската црква, поглаварот г.г Стефан се одржа во црквата Пресвета богородица во Крушево, а продолжи на Гумење покрај вечното почивалиште на Тоше.

„Ова што се случуваше во изминатите 40 дена меѓу сите генерации на Балканот, па и пошироко, е потврда за тоа кој беше и особено каков беше Тоше. Од моментот кога се слушна трагичната вест и во сите овие 40 дена во солзи и воздишки по Тоше е цела Македонија“, рече во беседата, поглаварот г.г Стефан.

Тој истакна дека смртта на Тоше внесе неизмерна тага и жал во душите на илјадници почитувачи на неговиот глас и на неговите добрини.

„За жал требаше да се случи тоа што се случи за да разбереме кого сме имале, а Тоше беше редок и исклучителен човек, кој ги освои луѓето и со гласот и со својата човечност“, рече поглаварот на Македонската црква.

Почит на трагично загинатиот Тоше Проески денеска му оддадоа членови на неговото семејство, роднини и илјадници граѓани од цела Македонија, како и голем број на негови обожаватели од странство.

Големото име на македонската и балканската поп музика и хуманист Тоше Проески загина на 16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска.

На неговиот гроб изминатиот период постојано пристигнуваа обожаватели од целиот Балкан, а на радијата и телевизиите постојано се емитуваат песните на Тоше.

Семејството на пејачот, во консултации со Македонската православна црква, ќе одлучи за идното решение за вечното почивалиште на мега ѕвездата.

Не стивнуваат и идеите повеќе објекти ширум земјата да го носат неговото име, за што конечниот збор ќе го има одборот што е задолжен за заштита на ликот на Тоше Проески


Проширена акцијата „змиско око“-приведени нови 40 лица


Бројот на приведени во полициската акција „Змиско око“, насочена против корупција на наплатните рампи, денеска се искачи на седумдесет.

Како што јави македонската телевизија, изутрината биле приведени повеќе од 40 вработени на наплатните рампи во Тетово, Велес и Куманово.

Сите се осомничени за неиздавање на фискални сметки и злоупотреба на службената должност. Според полицијата, тие наплатувале патарини по половина цена, а парите ги делеле меѓу себе.

Одбраната на дел од приведените смета дека нема потреба од вакви спектакуларни апсења и дека во текот на постапката мора да бидат предочени сите докази.

„Гломазноста на целиот овој спектакл ќе има реперкусии подоцна“, изјави адвокатот Миодраг Вујиќ, еден од одбраната на приведените. Тој посочи дека големата бројка на приведени може да доведе до „блокада на работата на судот“.

Пред шест дена во акцијата „змиско“ око беа приведени 27 лица, кои се осомничени за корупција на наплатните рампи и за присвојување на пет милиони евра.


Отказ за професор поради синот на босанскиот премиер


Професор по математика на Економскиот факултет во Бања Лука доби отказ, откако не му пишал преодна оценка на синот на претседателот на Советот на министри на БиХ Никола Шпириќ.


„Од мене е барано да не ја почитувам регулативата и да му дозволам на синот на Никола Шпириќ да го положи испитот, што јас одбив да го направам“, изјави професорот по математика на Економскиот факултет во Бања Лука, Ратко Краварушиќ.

Локалните медиуми наведуваат дека овој професор добил отказ по 30 години минати на бањалучкиот Економски факултет.

Во одбрана на Краварушиќ застанале и студентите и покрај фактот дека е познат како строг професор.

Деканатот на Економскиот факултет ги отфрли обвинувањата на професорот Краварушиќ и наведе дека малиот број студенти кои го полагаат испитот по предметот што го предава „го кочи развојот на факултет“.

„Синот на Никола Шпириќ е само еден од 800 студенти кои не можат да положат математика“, соопшти Деканатот на Економскиот факултет во Бања Лука.


извор
 
Najnova vest: CARINA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA RESI SEKOJA STOKA STO IDI OD gRCIJA,VO DOKUMENTACIJATA STO JA PRATI STOKATA,AKO STOI "FIROM" ISTATA DA NEMOZI DA SE CARINI. (neovicijalna informacija od prva raka,podetalno denovive)
 
26.11.2007

МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Битола еден час без струја




Поголем дел од Битола еден час е без струја, заради дефект на главниот вод на трафостаницата 110 во близина на РЕК Битола, јави дописникот на Макфакс.

Екипи на МЕПСО се упатени на терен и се очекува за половина час да започнат со работа, информираше портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузовска.

Прекинот е предизвикан од силниот ветер што претпладнето го зафати градот и дува со брзина од 43 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека периодичните удари од ветер на моменти достигнуваат и до 80 километри на час.

Според очевидци, поради силниот ветер, во населбата Карпош дрво паднало врз два автомобили при што целосно ги уништило.


Надминување на разликите и реформи услови за НАТО



Македонија, која очекува членство во НАТО треба да покаже дека внатрешните разлики може да ги решава на демократски начин.

Ова денеска пред пратениците на Собранието на Македонија го порача Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Жозе Лело.

Тој посочи на неопходноста од усвојување на потребната легислатива и продолжување на реформите. Истакнувајќи дека земјите во НАТО споделуваат демократски вредности, високиот функционер на Алијансата ги акцентираше владеењето на правото, почитување на правата на малцинствата и борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Не знаме што нашите 26 влади ќе одлучат следната година во април во Букурешт. Но, знаеме дека вашата влада заедно, со вашите два јадрански партнери (Албанија и Хрватска има направено навистина добар прогрес во неколку области“ рече Лело.

Тој ги посочи реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и македонскиот придонес во мисиите во Босна и Херцеговина, Ирак и Авганистан, како и логистичката поддршка за силите на КФОР на Косово.

Лело ја повтори пораката од помошникот генерален секретар на НАТО Мартин Ердман, дека целото општество влегува во Алијансата, а не само вооружените сили или министерството за одбрана.

„Императив е новите земји членки да се покажат како стабилен и сигурен партнер, не како потенцијален извор на нестабилност, ниту внатрешно, ниту во односите со соседите или во однос на организираниот криминал“, порача претседателот на Парламентарното собрание на НАТО.


СВЕТ


Надминување на разликите и реформи услови за НАТО


Македонија, која очекува членство во НАТО треба да покаже дека внатрешните разлики може да ги решава на демократски начин.

Ова денеска пред пратениците на Собранието на Македонија го порача Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Жозе Лело.

Тој посочи на неопходноста од усвојување на потребната легислатива и продолжување на реформите. Истакнувајќи дека земјите во НАТО споделуваат демократски вредности, високиот функционер на Алијансата ги акцентираше владеењето на правото, почитување на правата на малцинствата и борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Не знаме што нашите 26 влади ќе одлучат следната година во април во Букурешт. Но, знаеме дека вашата влада заедно, со вашите два јадрански партнери (Албанија и Хрватска има направено навистина добар прогрес во неколку области“ рече Лело.

Тој ги посочи реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и македонскиот придонес во мисиите во Босна и Херцеговина, Ирак и Авганистан, како и логистичката поддршка за силите на КФОР на Косово.

Лело ја повтори пораката од помошникот генерален секретар на НАТО Мартин Ердман, дека целото општество влегува во Алијансата, а не само вооружените сили или министерството за одбрана.

„Императив е новите земји членки да се покажат како стабилен и сигурен партнер, не како потенцијален извор на нестабилност, ниту внатрешно, ниту во односите со соседите или во однос на организираниот криминал“, порача претседателот на Парламентарното собрание на НАТО.


Околу 60 исламисти планирале напад врз воена база во Аризона


Околу 60 исламистички терористи од Ирак и Авганистан планирале напад на тајната американска воена база за обуки Форт Хуачука, во државата Аризона, само на 24 километри од американско-мексиканската граница.

Весникот „Вашингтон пост“ наведува дека терористите се подготвувале да влезат во Соединетите Американски Држави (САД) со помош на лица од мексиканските нарко кругови, преку подземни тунели под границата.

Според информации на американските разузнавачки служби, секој бунтовник за услугата и платил по 20 илјади долари на мексиканската наркомафија. Воената база Форт Хуачука, според информациите, се подготвува за претрес и распрашување на затвореници од затворот Гвантанамо, како и во други затвори каде што има осудени за тероризам. Во воената база работат околу 12 илјади лица, кои таму живеат со своите семејства.


извор
 
28.11.2007

МАКЕДОНИЈА


Реконструкција на училиштето на Тоше Проески во Крушево

Свечена церемонија по повод завршувањето на реконструкцијата на ОУ „Никола Карев“ од Крушево ќе се одржи денеска.

На свеченоста ќе говорат американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ, норвешкиот амбасадор Карл Виби, вицепремиерот Живко Јанкулоски, како и градоначалникот на Крушево Лефкија Газоска.

Во чест на трагично загинатиот пејач Тоше Проески, кој го помагаше овој проект, во дворот на училиштето ќе бидат засадени црешови дрвца.

Проектот за основно образование што со странски донации се имплементира преку Академијата за образовен развој, соработува со сите јавни основни училишта и настојува да го подобри квалитетот на наставата.


Штрајкот на стечајците ставен во мирување

Масовниот штрајк на стечајците што во вторникот почна со протести пред Собранието и Владата, е ставен во мирување, изјави денеска за Макфакс претседателот на Здружението на стечајците Стојан Стојанов.
„Одлучивме штрајкот да го ставиме во мирување доцна синоќа по средбата со претседателот на НСДП Тито Петковски, кој ни вети дека ќе разговара со премиерот Никола Груевски да биде закажана вонредна седница на која ќе се разговара за нашиот проблем“, изјави Стојанов.
Стечајците штрајкот го ставија во мирување до идната недела, до кога реално очекуваат да се заврши таа средба по што законот за стечајците би се нашол на дневен ред во Собранието.
Делегацијата на стечајците доцна синоќа во владата ја примил вицепремиерот Зоран Ставревски, како и министрите за економија, труд и социјала и финансии, Вера Рафајловска, Љупчо Мешков и Трајко Славевски.
„На средбата предложивме, државата да ни ги исплати парите од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што сме ги плаќале додека сме биле вработени, со тоа што ние би се откажале од пензијата што ни следува“, појасни Стојанов. Според него, во таков случај воопшто не би бил потребен закон за стечајци.
Овој предлог бил отфрлен од владината делегација која не се согласила ниту околу паричен надоместок до пензионирањето бидејќи таквото решение би значело „„рушење на системот на државата“.
„Се понудивме сите да не вработат до Нова година но и на тоа немаше одговор бидејќи се свесни дека тешко се наоѓа вработување за стечајците“, потенцира Стојанов, според кого се појасно е дека „оваа категорија луѓе е заборавена и исфрлена од системот“.
Протестот на стечајците во шатори пред Собранието започна на 5. март годинава. Девет месеци тие живеат во шатори, а поради лошите временски услови голем дел од нив се разболеа. Околу храната им помага црквата Света Петка и мал број хумани граѓани.


СВЕТ
Саркози свика вонреден состанок поради насилствата


Францускиот претседател Никола Саркози денеска во својот кабинет ќе одржи вонреден состанок посветен на најновиот бран насилства во државата.

Состанокот е закажан поради немирите во париското предградие Вилие ле Бел, каде беа ранети 77 полицајци, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

Париското предградие веќе два дена го потресуваат немири во кои разбеснети момчиња палат згради, продавници и полициски станици.

Немирите почнаа откако двајца тинејџери во неделата загинаа во сообраќајна несреќа. Малолетниците, возејќи се на мотор, се судрија со полициски автомобил во околината на Париз.


Буш: Можни преговори за создавање палестинска држава


Израелците и Палестинците се согласни веднаш да започнат мировни преговори, во насока на воспоставување на палестинска држава и траен мир со Израел, и да ги завршат до крајот на 2008. година.

Ова синоќа го изјави американскиот претседател Џорџ Буш, на отварање на еднодневната блискоисточна мировна конференција во Анаполис.

„Ова е историска шанса да се охрабри воспоставувањето на мирот и безбедноста во Светата земја“, рече Буш на конференцијата во Анаполис на која учествуваа претставници од повеќе од 40 земји и меѓународни организации.


извор
 
петок, 30 ноември 2007

Џонсон Мети во Македонија ќе произведува катализатори


Британската компанија Џонсон Мети соопшти дека во Македонија ќе гради фабрика вредна 34 милиони фунти.

Во официјалното соопштение на водечката компанија за производство на катализатори се наведува дека почетната инвестиција во Македонија ќе изнесува 34 милиони фунти, односно околу 48 милиони евра.

Фабриката за катализатори во Бунарџик која, како што е планирано, треба да биде готова на крајот од 2009 година, ќе има капацитет од 4 милиони катализатори годишно.

Џонсон Мети соопшти и дека ќе гради фабрика и во САД во Пенсилванија вредна 21 милион фунти.



Пресуда во процесот за шверц на половина тон кокаин


Судски совет на Основниот суд Скопје 1 денеска треба да ја изрече пресудата за обвинетите Станислава Чочороска - Полетан и Алија Азировиќ, обвинети за трговија со наркотични дроги.

Во процесот што трае веќе неколку месеци, Чочороска е обвинета дека стапила во контакт со непознати лица од Венецула заради транспорт на кокаин.

Заменик-јавниот обвинител смета дека делото за кое се товарат Полетан и Азировиќ се потврдило уште на главниот претрес.

Бранителот на обвинетата Станислава Полетан, адвокатот Љубомир Михајловски, смета дека вистинските виновници не се во судницата, а на Обвинителството најлесно му било да ги обвини Полетан и Азировиќ.

Чочороска, во завршниот збор рече дека не се чувствува виновна и оти станувало збор за најобична комерцијална зделка. Таа пред судот изјави дека е голем поборник во борбата против дрогата, како мајка на петгодишно дете и дека самата ги пријавувала на полицијата уличните дилери во Белград.



Лидерска средба за евроатлантските интеграции


Лидерска средба посветена на евроатлантските интеграции денеска ќе се одржи во Клубот на пратеници.

Средбата ја иницираше премиерот Никола Груевски, кој во вторникот ги покани лидерите на СДСМ и ДУИ Радмила Шеќеринска и Али Ахмети.

„На оваа средба, заедно со лидерите на другите партии очекувам да размениме мислења за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на Република Македонија во НАТО и Европската унија“, се вели во писмената покана на Груевски до Шеќеринска и Ахмети.

Во неа се додава дека на средбата ќе се дискутира и за сите други прашања кои е потребно да се отворат и за кои е потребно да се изгради политички консензус

Премиерот Груевски изрази уверување дека на средбата ќе бидат дадени конструктивни предлози за надминување на сите отворени прашања што стојат на патот на евроатланската интеграција на државата.


извор
 
Македонија за Косово ќе ја следи одлуката на НАТО и ЕУ
Скопје /01/12/


Македонија во однос на решавањето на статусот на Косово ќе ја следи одлуката на НАТО и ЕУ, порача претседателот Бранко Црвенковски.

„Република Македонија нема да биде првата земја што ќе ја признае независноста на Косово. Ние немаме намера да ја прејудицираме одлуката на НАТО и ЕУ, туку да ја следиме одлуката на НАТО и ЕУ“, рече Црвенковски по средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, јави Дојче Веле.

Косовскиот претседател во Скопје најави скорешна независност на протекторатот. „Независноста на Косово е неповратен пат. Не можам да кажам датум, но ќе биде најбрзо“, рече Сејдиу.

Тој рече дека косовските власти очекуваат поддршка од НАТО и САД, на патот кон независноста, во рамките на општата политика на стабилизирање на Балканот.

Косовскиот претседател ги демантираше тврдењата дека генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, побарал од Приштина да ја одложи одлуката за независност.

извор
 
15.12.2007

МАКЕДОНИЈА
Оружен напад во Тетово


Полицијата приведе двајца жители на Тетово, кои се осомничени дека синоќа извршиле оружен напад врз тројца нивни сограѓани.

Лицата во кои било пукано од огнено оружје, сите на возраст од 23 до 26 години, во моментот на инцидентот се наоѓале во службено возило на Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба.

Полициската истрага треба да ги утврди мотивите за оружениот напад, во кој нема повредени.





Промоција на поштенската марка со ликот на Тоше



Македонска пошта денеска во Крушево ќе ја промовира поштенската марка со ликот на Тоше Проески.

Промотивната марка, која се држи во најголема тајност, ќе биде со димензии од 1,8 на 2,4 метри, а на почетокот од промоцијата ќе биде прекриена со жолто платно на кое ќе биде испечатено логото на Поштата.

Промоцијата на поштенската марка почнува со посета на гробот на Тоше, по што претставници на Македонска пошта ќе ги посетат неговите родители и ќе им ја подарат првата испечатена марка.

Свечената поворка ќе го посети и споменикот Илинден, а точно напладне во Македониумот треба да почне официјалната промоција на марката.

Од Македонска пошта најавија дека имаат подготвено материјал за животот и делото на Тоше Проески, што ќе се емитува непосредно пред откривањето на двометарската поштенска марка. Целата свеченост ќе биде проследена со песни на Тоше. На промоцијата ќе биде објавено каде и за кои цели ќе се користи марката, како и чие дело е фотографијата.

Во Крушево, во дирекцијата на Историскиот музеј на Гумење, денеска ќе се одржува и Меморијална крводарителна акција посветена на Тоше.


СВЕТ


Укината вонредната состојба во Пакистан


Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ја укина денеска вонредната состојба во земјата, пренесуваат западните агенции, повикувајќи се на официјални извори во Исламабад.

„Да, вонредната состојба е укината“, изјави владин претставник, кој побара да остане анонимен.

Потегот на Мушараф ги подгрева надежите на Западот за стабилизирање на ситуацијата во Пакистан, каде изминатиот период е во пораст насилството предизвикано од исламистичките милитанти.

Пакистанскиот министер за информирање Нисар Мемон рече дека „ова е историски ден“, и оти парламентарните идниот месец ќе го зацврстат враќањето на земјата на патот на демократијата.

Претседателот Мушараф треба да и се обрати на нацијата во сабота вечер.Тој воведе вонредна состојба на почетокот на ноември, го суспендираше Уставот и направи „чистка“ во Врховниот суд, кој сакаше да го спречи неговиот реизбор, што новоизбраните судии, во меѓувреме, го потврдија.

Паралелно со укинувањето на вонредната состојба, бомбаш самоубиец се саморазнесе денеска во еден камп на пакистанската војска, при што загинаа двајца војници и тројца цивили.

Copyright 2007 makfax.


Ќе ве замолам, ако има форумџии кои се во можност секојдневно да ја обновуваат темата, нека го прават истото.
 
Полициски специјалец убиен во кафеанска тепачка

Припадник на Единицата за специјални задачи при МВР, бил убиен рано утрово, во тепачка што се случила пред кафеаната “Деспина“, што се наоѓа во скопската населба Мичурин.
Како што информираат од полицијата, во расправијата, која завршила со трагичен крај, учествувале Владимир Дамчевски (26), неговиот колега од Единицата за специјални задачи С.Н. (29), двајцата од демирхисарското село Слепче, Б.М. (35) припадник на Единицата за брзо распоредување и неговиот помал брат С.М. (24), двајцата од Скопје.
Расправијата започнала во кафеаната, каде четворицата таа вечер седеле, потоа излегле и продолжиле да се караат. Вербалниот дуел прераснал во тепачка, еден од присутните извадил пиштол и испукал куршум кој завршил во главата на Владимир Дамчевски. Повреда во пределот на главата добил и Б.М, како и неговит брат кој имал лесни повреди. Тие веднаш биле пренесени во Ургентниот центар, каде им била укажана помош.
Од страна на овлстените службени лица бил приведен С.Н. Од МВР информираат дека се работи на целоно расчистување на случајот, по што ќе следуваат пријави.

od Netpress
 
Полицаец убиен по банална расправија:(

Владимир Дамчевски, 26-годишен припадник на полициските „Тигри“, е убиен синоќа, 40 минути по полноќ.
Во него пукал Сашо Максимовиќ од Скопје, кој бил во кафеаната „Деспина“ заедно со неговиот брат, 35-годишниот Бобан Максимовиќ, припадник на Единицата за брзо распоредување.
Меѓуполициската пресметка се случила по опомената на еден од келнерите во „Деспина“, Сашо Максимовиќ да не се качува на масата.
Откако не успеал да ја смири ситуацијата, со косопственикот на „Деспина“, 29-годишниот Славе Неделковски, исто припадник на „Тигрите“, настанала тепачка.
Биле вклучени повеќе лица, двајцата браќа со уште еден припадник на Единицата за брзо распоредување, а од друга страна двајцата „Тигри“ помогнати од друштвото.
Тепачката од ходникот се преселила надвор, се тепале со извадени пиштоли Бобан Максимовиќ и Славе Неделковски, на кого му испаднал пиштолот.
Настанала расправија меѓу двајцата, по што се вмешал и Бобан Максимовиќ.
Извор А1




Почивај во мир:(
 
Ќе прашам само кој све работи во МВР и на кого све му се дава да носи оружје??????????????????? :nenene:

А да, друга работа, не идам у Деспина, сите викаат има многу сељачишта па у право биле. :nerv:

п.с. Бог да го прости. :toe:
 
Издишани глави vs. запалени глави.

Зар очекувавте поинаков испад?
Стварно жално што вака гинат луѓе, поготово оние што се задолжени за спроведување на редот и мирот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom