Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Преместено во ''Вест на денот''.


-------------------------------------------------------------------------------
Сочувство од мене до неговото семејство.
 
25.12.2007

МАКЕДОНИЈА

Собранието ја изгласа Шеќеринска за претседател на Националниот совет за евроинтеграции

Собранието денеска со 64 гласа “за“ и ниту еден против и воздржан, ја донесе одлуката за именување претседател, потпреседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции. За претседател е избрана лидерката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, а за потпреседател Стојан Андов од Либерлната партија.
Исто така , со 55 гласа “за“ и шест воздржани, ја изгласа Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Во моментов, во Собранието се расправа за утврдување на потреба и постапка за изведување на реконструкција на зградата на Собранието.
Се очекува на дневен ред на денешната седница да биде и предлог – одлуката за избор на претседател, потпреседател и членови на собраниски комисии, како и за избор на потпреседател на Собранието.


Државата спремна да ги штити граѓаните од непогоди и кризи

Дирекцијата за заштита и спасување и шест министерства денеска се состанаа за да потпишат Меморандумот за соработка, кој предвидува подобра и поефикасна заштита од непогоди и справување со кризи.
Средбата се одржа во Центарот за справување со кризи, а потписници на меморандумот беа министерствата за здравство, за труд и социјална политика, за земјоделство, за транспорт и врски, за култура и за животна средина, од една страна и Дирекцијата за заштита и спасување.
На свеченоста не присуствуваа министрите за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, и за животна средина и просторно планирање, Џелил Бајрами.
Според Центарот за справување со кризи, потпишувањето на овој меморандум ветува подобра и поефикасна заштита, навремено предупредување и справување со кризи, како и други состојби со кои би се активирале и би се употребиле силите за заштита и спасување. Исто така и отстранување на настанатите последици што се во делокругот на надлежности на соодветните министерства.
Присутните министри се заложија за подобра и покоординирана соработка, ветија повеќе ресурси во нивниот делокруг и им порачаа на граѓаните дека се подготвени за справување со сите непредвидени ситуации.
“Им честитаме на граѓаните што успеаа да ги соберат иституциите. Можам со сигурност да кажам дека со ваква соработка тие ќе бидат побезбедни“, рече Мирвет Рамадани, заменик директор на Дирекцијата за заштита.
Сите министри ги посочија овогодинешните пожари на територијата на Македонија како пример за навремено реагирање и справување со кризи.


СВЕТ

Фидел Кастро добро се опоравува

Кубанскиот лидер Фидел Кастро, кој се опоравува по минатогодишната операција, се здебелил, вежба двапати дневно и потполно ги контролира своите ментални способности, изјавил неговиот брат Раул.
“Тој е свесен, ментално здрав, и целосно ги користи своите умствени способности“, рекол Раул за Ројтерс.
Раул Кастро го поддржување Фидел во неговиот изборен округ Сантјаго де Куба, затоа што овој месец Фидел е именуван за кандидат за место во Народното собрание, каде што мора да членува за да биде претседател на републиката.
Фидел Кастро (81), кој дошол на власт со револуцијата во 1959 година, привремено ја предаде власта на својот брат Раул (76) во јули 2006 година, поради операција.
Иако во јавноста се немаше појавено следните 16 месеци, минатата недела во писмо до кубанската телевизија изјавил дека нема да се врати на позицијата претседател, туку дека само ќе учествува во политичкиот живот во улога на искусен државник и ќе ја советува владата за важни прашања.
Тој е претседател на државниот совет и на советот на министрите, како и прв секретар на владејачката Комунистичка партија.
Од март годинава е присутен на политичката сцена преку новински статии во кои ги напаѓа идеолошките противници, особено американската влада поради војната во Ирак, како и нејзината политика во врска со зачувувањето на природата и користењето на житарките за производство на биодизел.



Милиони луѓе го прославуваат католичкиот Божиќ

Милиони христијани ширум светот го прославуваат католичкиот Божиќ – традиционалниот ден на Христовото раѓање.
Во Витлеем, библиското место на раѓањето на Исус, илјадници верници се собрале да ја прослават полноќната миса.
Локалните власти во Витлеем велат дека годинава бројот на луѓето коишто тргнале на аџилак е двојно поголем од оној лани.
Во Рим, Папата Бенедикт ЏВИ одржа специјална миса во црквата Св. Петар, а повторно присуствувале илјадници верници.
Оние кои не биле во можност да се приклучат кон славењето во црквата ја гледале мисата на огромни видео бимови на плоштадот пред црквата.
Се пееле Божиќни песни на преполниот плоштад Мангер, пред црквата „Раѓање“ – изградена на местото каде што се претпоставува дека била шталата кајшто е роден Исус.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас, муслиман, бил присутен на мисата во Витлеем и нагласил дека не го слават празникот само христијани.
„Новата година, со Божја помош, ќе биде година на безбедност и економска стабилност. Се молиме годината што следи да биде година за незаввисност на палестинскиот народ“, вели тој.
Мишел Саба, католичкиот водич во Светата земја, во текот на мисата што ја водел, пратил порака за мир на Блискиот Исток.
„Земјава му припаѓа на Бога. Не смее за некои да биде земја на живот а за други окупирана земја и полоитички затвор“, рекол тој во проповедта на мајчиниот арапски јазик.






Пренесува: Нетпрес
 
ова го слушнав на вести!!!! ДЕКА АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО ЌЕ СЕ ЖЕНИ СО ИРИНА АБРАМОВИЧ( бивша жена на Роан Абрамович!!! Немам што да кажам освен алал му вера
 
Ќе прашам само кој све работи во МВР и на кого све му се дава да носи оружје??????????????????? :nenene:

А да, друга работа, не идам у Деспина, сите викаат има многу сељачишта па у право биле. :nerv:

п.с. Бог да го прости. :toe:

turbo folk muzika,pejacka,alkohol,oruzje

sami po sebe ovie raboti kazuvaat incidenti i problemi

pocivaj vo mir
 
МАКЕДОНИЈА


Норвешка помош за ново училиште во Желино


Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити и амбасадорот на Норвешка, Карл Вибу денеска треба свечено да го отворат новиот објект на подрачното основно училиште во село Озормиште, општина Желино.

За изградбата на новата училишна зграда во ова село се вложени 97.000 евра, во рамките на Проектот за реконструкција на училишта, што е дел иницијативата на Секретаријатот за европски прашања за унапредување на условите за одвивање на образовниот процес.

Во рамки на иницијативата, досега се вложени вкупно 100 милиони денари за изградба и реконструкција на 34 основни училишта. Со стартот на новата учебна година, во соработка со Норвешка веќе се обезбедени и дополнителни средства, кои ќе бидат насочени за обнова на дополнителен број на училишта.

Големите потрошувачи на струја на разговори во Владата


Вицепремиерот Зоран Ставрески и членови на Владата денеска треба да остварат средба со претставниците на компаниите – големи потрошувачи на електрична енергија.

Средбата како што е официјално соопштено ќе се одржи попладне во македонската Влада.

„Мепсо“ вчера попладне ја прекина испораката на електрична енергија на комбинатот за производство на феросилициум, „Силмак“ од Јагуновце.

Според извршниот директор на Силмак Ѕвонко Стојановски овој потег значи принуден одмор за сите 700 работници.

Исклучувањето и евентуалното вклучување на „Силмак“ во производство носи загуба од 1,5 до два милиона евра.


СВЕТ

Претседателот на Кенија подготвен за политички дијалог


Претседателот на Кенија, Мваи Кибаки, реизбран на 27. декември на оспорени избори, кои што предизвикаа крвави нереди, изрази подготвеност за политички дијалог откако ќе биде воведен мир во државата.

„Подготвен сум да започнам дијалог со заинтересираните страни веднаш откако ќе се смири нацијата и политичката температура ќе спадне на ниво за конструктивен и плодотворен ангажман“, истакна синоќа Кибаки на прес конференција во Најроби.

Тој испрати уверување дека владата прави се што е можно, за да ја загарантира безбедноста на Кенијците.

„Оние, кои продолжуваат со прекршување на законите, треба да понесат одговорност за тоа“, истакна Кибаки.

Обама и Хакби победија во Ајова


Демократот Барак Обама и републиканецот Мајк Хакби победија на прелиминарните избори во сојузната држава Ајова, со што почна долгата трка за нов американски претседател.

Младиот сенатор од Илиноис, Барак Обама, освои 38 отсто од гласовите,пред поранешниот сенатор Џон Едвардс -30 и сенаторката Хилари Клинтон со 29 отсто од гласовите.

Кај републиканците, победи поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакби, со 34 отсто од гласовите.

Гласањето во Ајова означи крај на претседателската трка за двајца кандидати на Демократската партија – сенаторите Џо Бајден и Кристофер Дод. Тие заедно освоија одвај нешто повеќе од еден отсто од гласовите.

Од таборот на Републиканската партија се уште никој не најави повлекување од трката, иако многумина од кандидати остварија лоши резултати. Тоа важи и за водечкиот на национално ниво, поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, кој заврши како претпоследен во Ајова, со само четири отсто од гласовите.

извор
 
МАКЕДОНИЈА


Вашингтон подготвува покана до Скопје за влез во Нато, Нимиц нов предлог за името


http://netpress.com.mk/vestiimages/21018/ethnos.jpg Вашингтон се подготвува во април да испрати до Скопје покана за членство во НАТО. Истовремено посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, најверојатно подготвува нов предлог. Ова го објавува во својот денешен број грчкиот весник “Етнос”.
“Сигналите, кои доаѓаат од Вашингтон, создаваат нови непријатни услови во спорот со името. Американските власти се ориентираат кон испраќање на покана до бившата југословенска република за средбата на врвот на НАТО, која ќе се одржи на 2 и 3 април, годинава, во главниот град на Романија, Букурешт. Грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Маљас, со телеграма ја информирал Атина за намерата на САД.
Поканата до Скопје со сигурност ќе создаде сериозни проблеми во грчката влада, а дополнителна главоболка е и фактот дека нема никаков напредок во преговорите под закрилата на ООН. Според тоа Атина ќе е приморана да наложи вето во НАТО“, се вели во текстот.
Весникот, за проблемот со името, објававува дека прогнозите за исходот од новиот круг преговори се наблагопријатни, оти “како што изјави Антонио Милошоски минатата седмица, само Грција има проблем со уставното име на Македонија“.
“Може да се очекува специјалниот посредник на ООН, Метју Нимиц, да изнесе нов предлог пред средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на 6 и 7 март, годинава во Брисел. Тогаш треба да се постигне конечно решение, односно покана до Македонија за членство во Северноатлантската алијанса“, објавува грчкиот весник.
Повикувајќи се на дипломатски извори, “Етнос“ пишува дека во Грција категорично е отфрлена формулата, која цело време САД се обидува да ја лансира, а според која Атина ќе даде зелено светло за влезот на Скопје во НАТО со услов дека за целосното присоединување на државата во Алијансата ќе има нова процедура во решавање на споророт за името и тоа со определен времеснки рок.



Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 07.01.2008 10:47:51

-----------------------------------------------------------
Православните христијани го слават Божик


http://netpress.com.mk/vestiimages/21017/bogorodica&Isus.jpg Православните христијани во Македонија денеска го слават Божик, раѓањето на синот Божји - Исус Христос.
По тој повод поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан упати божиќна порака до верниците.
“Еве, по милоста Божја, и годинава се удостоивме да го дочекаме Божик и да му се радуваме на спасоносниот настан – на доаѓањето на Бога како човек на земјата. Раѓањето на Синот Божји од Дева Марија, беше најавено и очекувано уште од старозаветните пророци и праведници, и се случи кога се исполни времето.
Бог слезе од небото на земјата, постана човек за да го спаси родот човечки.
Затоа на тој спасоносен настан, кој донесе пресврт во духовната историја на човечкиот род, му се радуваат и небото и земјата.
Веќе над два милениума, родената Радост во Витлеем, се раѓа во душите и срцата на милиони богољубиви луѓе, се раѓа кај оние кои за свој пат, вистина и живот Го избрале и Го следат “Сонцето на Правдата“. Меѓу нив, и меѓу првите народи кои го примија и поверуваа, сме токму и ние во Македонија. Нашата Татковина веќе 20 столетија е земја на верата во Христа Богочовекот.
Спасението на човечкиот род не дојде ни од земјата, ниту од небото, туку од највисоките височини – од Бога. Самиот Бог слезе од небото на земјата, од вечноста во времето... И сето време, и се што е во времето, свој почеток и свој крај добија во Христа Богомладенецот, соединети во Човекот со Бога.
Овогодишното чествување нека ни биде празнување во мир, во мир со себе, во мир со другите и, пред си, во мир со Бога. Само измирени меѓу себе, можеме да бидеме во мир со другите и со Бога.
На својата Татковина, на својот народ и на својата Црква ќе им бидеме од полза ако вистински им припаѓаме и им служиме. Тоа му треба и тоа го очекува нашиот народ, особено сега во овие времиња полни со најразлични искушенија. Празникот на Рождеството Христово нека ни донесе духовна радост, нека ни исполни со вера, надеж и љубов, за да можеме вистински – богоугодно да му се радуваме и на овој празник и на сите денови.
Христос се роди – Навистина се роди! Честито и од Бога благословено Новото Лето Господово!“, се наведува во божиќната порака архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Божик - традиционален семеен празник
Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.
Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите беа првите вести што ги видоа и слушнаа пастирите "Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли". И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната "Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја" (Лук.2-14). Оваа радосна вест, пастирите ја потврдија веднаш и пристигнувајќи во пештерата му се поклонија на Младенецот.
На поклонение дошле и тројца вавилонски мудреци, носејќи му дарови: злато, ливан и смирна. Овие дарови симболизираат: ливанот - бог, смирната - човек и златото - цар.
Во Црквата овој празник почнува да се празнува при крајот на третиот век, затоа што дотогаш Црквата не му придавала многу значење на телесното раѓање. Многу поважно го сметала духовното раѓање, односно крштението и затоа овој празник се славел заедно со крштевањето на Господ Исус Христос и бил наречен Епифанија.
Обичаи кај македонскиот народ
Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Рано наутро, на Бадник децата одат по куќи и пеат разни песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде. Децата ги симболизираат пастирите, а домот, каде што одат ја симболизира пештерата во која е роден Младенецот. Постои уште една симболика. Децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред Младенецот.
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.
Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.
За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови и пеат песни, а денес се избира и кум, кој меси погача со паричка. Оној, кај кого ќе падне паричката, наредната година станува кум. Вечерта на Божик некаде се става и слама во собата за спиење, што ја симболизира пештерата во која се родил Христос.
На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.
Во некои села во Македонија по Богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата, за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е пропратен со песни.
Исто така, со Божик е поврзана и поговорката, "Пред Божик, зад Божик дома да си ", што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.



Автор на веста: Нетпрес/МИА
Објавена на 07.01.2008 10:00:09

БАЛКАН

Њујорк тајмс: Несакани последици од независноста на Косово


На почетокот на оваа година претседателот на САД, Џорџ Буш и лидерите на ЕУ најверојатно ќе ја признаат независноста на Косово, без оглед на жестоките противења на Србија и Русија, наведува „Њујорк тајмс“ и истакнува дека таквата одлука би можела да има несакани последици.
Во текстот на професорот од универзитетот Принстон, Гери Бас се вели дека Република Српска, во случај Косово да добие независност, ќе дојде во искушение да појде по истиот пат, со што Босна ќе биде поделена, додека Белгија ќе била поделена како и Чеохословачка во 1993 година.
„Без јасни стандарди со кои би се оправдала таквата одлука, западното признавање на косовската државност дополнително ќе ги отежни напорите суданската влада да дозволи распоредување на мешовитите мировни сили на ОН и Африксанката унија во провинцијата Дарфур, поради стравот дека Дарфур еден ден, исто така ќе побара независност“ пишува Бас. Тој наведува дека не треба да се занемарат и барањата за независнист на Курдистан од Ирак и Чеченија од Русија.
Одговарајќи на прашањето, кој во 21 век заслужува државност, професорот навел дека повеќето од постоечките традиционални решенија, според ставот на Вудроу Вилсон дека нациите имаат право на самоопределување, денеска не биле употребливи. „Јазикот, исто така, не може да биде одговор, зашто денес постојат околу 6.900 јазици, но само 192 држави во Обединетите Нации“ пишува Бас.
Тој смета дека признавањето на државноста врз основа на референдум, исто така, би предизвикало граѓански војни и хаос од страна на сепаратистички движења во светот.



Автор на веста: Нетпрес
 
МАКЕДОНИЈА

Имерсија: Словенија го отвора “македонското“ прашање во ЕУ


http://netpress.com.mk/vestiimages/21089/Imersija.gif Претседателството на Европската унија го отвора “македонското“ прашање, пишува денеска грчкиот весник “Имерсија“. Меѓу приоритетите на Словенија, која е на чело на ЕУ од 1-ви јануари годинава, е европскиот пат на Македонија. Така, коментира грчкиот весник, македонското прашање се покренува во унијата, и тоа во момент кога Атина е исправена пред важна дилема заради поканата на Македонија во НАТО.
На средба со новинари поканети во Љубљана, словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека Македонија ја следи Хрватска во приближувањето кон ЕУ. Постојано, пишува “Имерсија“, Јанша ја нарекуваше државата со уставното име.
Според словенечкиот премиер, Владата во Скопје завршила многу добра работа и ги придвижила реформите. Тој потенцира, се вели во текстот на грчкиот весник, дека европскиот пат на Македонија, што стои во место од 2005 година, треба да продолжи и тоа е приоритет за словенечкото претседателство.

--------------------------------------------------------

Како активностите на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција ја одбележаа 2008 година


http://netpress.com.mk/vestiimages/21111/slobodna-evrpa.jpg Едмонд Темелко стана градоначлник на Пустец, ОМО Илинден-“Пирин“ продолжи со барањето за регистрација на партија во Бугарија, а “Виножито“ во Грција го објави второто проширено издание на македонскиот “Абецедар“. Овие активности на македонските малцинства во соседните земји накратко ја одбележаа 2007 година, објави радиото Слободна Европа.
“Историска за Македонците во Албанија“, оценува Темелко од Македонската алијанса за европска интеграција
“Се надеваме во 2008 година да ја прошириме партијата Македонска алијанса за европска интеграција на сите делови каде што живеат Македонци, за да бидеме спремни во 2009 да станеме парламентарна партија. Ние сметаме дека нашите проблеми може да се решат ако сме вклучени во политичкиот живот на Албанија“, изјавил Темелко.
И додека Македонците во Албанија размислуваат за проширувае на партијата бугарските судови одбиваат да ја регистрираат ОМО Илинден-“Пирин“. Претседателот Стојко Стојков вели дека кога Бугарија влезе во Евроспката Унија односот на властите кон нив се влошил.
“Бугарските власти помислија дека сега за нив не важат правилата. Внатре се во Европа, никој не ги надгледува, па може да прават тоа што сакаат. Како резултат на тоа беа случувањата на Рожен, кога имаше забрани и ограничувања, но за среќа со интервенција на Европа тие работи почнаа да се поправаат“, изјавил Стојков и додал дека во 2008 покрај на регистарцијата на партијата ќе продолжат да работат и на неколку други полиња.
“Да воспоставиме правилен дијалог за правата на Македонците во Бугарија, а исто така да ги прошириме нашите европски контакти со други организации и партии. Да ја екипираме и самата партија кадровски“, потенцира Стојков.
И претседателот на “Виножито“, Павле Вакопусол, со слична работна агенда.
“Тоа што ние сметаме дека сега треба да го направиме бидејќи е навистина еден чувствителен период за движењата за малцинствата е на домашен план, како “Виножито“ да ја подобриме и организациската структура на нашата партија и полека ако можеме да почнеме да воспоставуваме дијалог со грчките власти, нешто што континуирано го бараме“, изјавил Васкопулос за Слободна Европа.
Покрај овие активности тој ги истакнува и плановите за издавање на грчко-македонски речник и одржувањето на вториот конгрес на партијата.
За тоа што може да направи македонскта власт за нив државнот советник за дијаспора во министертвото за надворешни работи Сашко Тодоровски за радиото изјавил:
“Наше е како на МНР да создадеме услови тие да може да дејствуваат и да се направи трансфер на она што значи мешање во внатрешните работи како прашање од минатото и она што е сега важечка филозофија во меѓународните односи дека ова е вид на меѓународна соработка. Со тоа ќе се овозможи тие да дјествуваат по линии коишто тие самите ќе ги зацртаат“.

БАЛКАН

Холбрук – Косово независно во февруари


http://netpress.com.mk/vestiimages/21113/images[31].jpg Поранешниот државен секретар за надворешна политика на САД, Ричард Холбрук, изјавил дека Косово ќе прогласи независност во февруари.
Тој во една емисија на Унгарската телевизија, вчера, рекол дека идниот месец, Косово ќе прогласи независност и најважно било тоа да се направело на мирен начин, пренесува Блиц.
Според неговото мислење сигурно било дека Србија и Русија ќе ја отфрлеле прокламацијата за независност на јужната српска покраина, но, ќе ја признаеле САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и повеќето земји членки на Европската унија.
“И Унгарија, јавно најавила дека сака да тргне по тој пат, тоа значи дека ќе го признае Косово, што е многу важно бидејќи станува збор за држава што географски се наоѓа наблиску до тоа подрачје“, истакнал Холбрук, напоменувајќи дека во Србија живееле повеќе Унгарци отколку Срби на Косово.
Европските држави, вклучувајќи ја и Русуја, требало да обезбедат Србите да не предизвикаат уште една вооружена криза, но, голема одговорност лежела на Албанците кои мораат да ги гарантираат сите човекови права и имот на тамошното српско малцинство, заклучил поранешниот американски министер за надворешна политика.

-----------------------------------------------

Албанија реагира на новото издавање македонски визи

Одлуката на Македонија за враќање на процедурата за добивање на визи во амбасадите, а не на границата како што беше досега, е регрес и враќање на еден стар режим.

Ова го изјави претседателот на комисија за надворешна политика на Собранието на Албанија Прец Зогај, јави дописникот на Макфакс.

Tој коментирајќи ја одлуката на Македонија за издавањето на визи за албанските државјани, додаде дека во декември започнале преговори меѓу Скопје и Тирана да остане истиот граничен режим, кој подразбира добивање на визи за влез во Македонија на границата.

„Чудно е Македонија да преземе еднострана одлука во момент кога за тоа се водат преговори“, изјави Зогај .

На одлуката на Македонија визи за албанските државјани да се издаваат во амбасадата во Тирана има бројни реакции.

Медиумите во Албанија коментираат дека најмногу штета со оваа одлука ќе имаат туристите и бизнисмените, кои често патуваат во Македонија. Тие додаваат дека со оваа одлука можно е видно да се намали бројот на туристите, кои викендите ги минуваат во Македонија, но и на бизнисмените./крај/мн/ил

Copyright 2008 makfax и netpress
 
Ватикан ќе го прогласи Тоше Проески за светец?

ТВ Ватикан открил дека македонската музичка легенда Тоше Проески бил член на организацијата “Мајка Тереза“ и дека останатите членови, по неговата смрт, одлучиле да покренат идеја тој да биде канонизиран за светец во Куќата на сестри на Мајка Тереза во Ватикан, објавува српскиот весник “Курир“.
“Овој предлог се поткрепува со фактот дека Тоше учествувал во многу хуманитарни акции и им помагал на луѓето без разлика на нивната вера и нација. Пееше на македонски, на влашки, јазикот на неговата мајка Доминика, потоа на српски, на англиски, на хрватски, на шпански, на италијански, на руски..и на други јазици. На својот последен концерт доби награда статуа на Мајка Тереза, која ова момче со ангелски глас веднаш и ја предаде на својата мајка, изјавувајќи дека токму родителите го воспитале да им помага на другите, кога и да му се укаже прилика за тоа.“, се вели во текстот.
Инаку италијанската телевизија Ватикан, во својата божиќна програма, и отстапи голема минутажа на трагично загинатата македонска пеачка ѕвезда, Тоше Проески. Во прилогот беа прикажани неговата духовна посветеност на Господ и неговата хуманитарна работа.

Net Press
 
Nemam komentar. Stvarno zalosno ako go napravat toa no ne e i cudno bidejki Rimokatolicite sekoj koj napravil barm edno dobro delo go kanoniziraat(proglasuvaat) za svete. Tose vistina pravese dobri dela sega dali od srce ili samo od slava toa Gospod ke kaza na strasniot sud, no treba da sevidi toj sto pravel i vo svoeto slobodno vreme, zaradi verodostojnosta za informaciite.
 
Oва го гледав сабајле на А1, дискутираа на оваа тема и мое мислење е дека многу го злоупотребуваат животното дело на Тоше и дека не ми се допаѓа идејата за прогласување на Тоше за светец, вистина е дека тој правеше многу добри дела и помагаше на многу луѓе, ама тоа што премногу го злоупотребуваат името на Тоше, мислам дека е претерано.
:salut:
 
11 јануари 2008

Снег во Багдад

Багдад, 11 јануари (МИА) - Во Багдад денеска паѓа снег, за првпат откако паметат неговите жители, на радост на сите бидејќи локалното население смета дека тоа е предзнак за мир на тие простори.
- За првпат видовме снег во Багдад. Сме виделе лапавица, но никогаш снег. Ги гледав вчудоневидените лица на граѓаните, изјави 60-годишниот Хасан Захар. Тој жител на Багдад вели дека пред неколку минути бил прекриен со снегулки и оти ги повикувал луѓето да уживаат во мирот што „го носи снегот“.
Улиците низ Багдад утрово беа празни бидејќи паѓаа големи снегулки, но температурата се движи околу нулата, па снегот по паѓањето веднаш се топи.
И багдадскиот полицаец Муртада Фадил мисли дека снегот е предзнак за нов Ирак и знак на нова надеж, како и дека се надева оти Ирачаните ќе ги исчистат своите срца, а политичарите ќе работат на просперитет на сите жители на Ирак.
 
Хеликоптер на АРМ се урна утрово кај Скопје. Неофицијално, загинале сите 11 лица што се наоѓале во леталото.

Воениот хеликоптер Ми-17, од засега непознати причини, се урнал утрово кај местото Блаце, во близина на Катланово, а во него се наоѓале припадници на АРМ кои учествувале во мисијата АЛТЕА во Бих.
Хеликоптерот, којшто по уривањето се запалил, се урнал на педесетина метри од првите селски куќи и нема цивилни жртви.
МВР и Министерството за одбрана си уште немаат издадено официјално соопштение за несреќата.



од А1
 
ПАК ХАОС ПРЕД ДОМАШНИОТ ИЗБОР ЗА ЕВРОСОНГ

Колегиумот пресече - само 15 учесници

Петицијата, за која се зборуваше деновиве во естрадните кругови по објавувањето на списокот на учесници на домашниот избор за песна за Евровизија, на првопримените 15 автори за исклучување на шестмината вроди со плод. Наместо најавените 21, се враќаат на Конкурсот и замислата да се отпеат само 15 песни

CE54F4F602D07A489D3BF02742DAE24E.jpg
Колегиумот на Првиот програмски сервис на МТВ пресече - наместо предложените 21 песна дел од домашниот избор за Песна на Евровизија, ќе бидат првично планираните 15. Причината за ваквиот потег, како што се вели во соопштението, е со цел да се амортизира атмосферата што се создава секоја година пред одржувањето на Евросонг, како и пресериозното сфаќање на манифестацијата која, пред се, има забавно значење.
"Програмскиот Колегиум на МТВ имаше замисла да го збогати изборот на композиции и автори за националниот избор на песна за Евровизија и затоа наместо избраните 15 од стручното жири, дополнително предложи уште шест композиции. Но по реакцијата на авторите, чии композиции беа примени од страна на стручното жири и по реакција на Програмскиот совет на МРТ, кој е највисоко програмско надзорно тело, Колегиумот реши, согласно јавно објавениот конкурс, дека на фестивалот треба да бидат изведени само 15-те композиции избрани од стучното жири", се вели понатаму во дописот. Премислувањето се должи на реакцијата на авторите кои дошле до таму да потпишуваат петиција, со цел од списокот да бидат отстранети додадените: Маја Вукиќевиќ, Агон и Џокси, Сања Лефкова, Игор Шаревски, Филип Јордановски и Бојан 13 и Биг Мама, кои пак најавија прес-конференција.
Поради ваквиот потег Програмскиот Колегиум им се извинува на сите автори и изведувачи кои учествувале на овој конкурс и се надева на продолжување на соработката.
Бојан 13
758C9E471BF3F3428ED4A2D94378A5A6.jpg
Според Бојан 13, кој требаше да учествува во дует со Биг Мама и да ја отпее темата "Холивуд" на композиторот Јорданчо Василев - Оцко, ваквото премислување е класична местенка и се должи на иницијативите на одредени продукции.
"Класична местенка. Наместо Евровизија можат слободно да ја наречат Дарковизија, затоа што целата иницијатива е на Дарко Димитров кој сака нивниот ексклузивец да победи. Доказ дека ако не се плашеа од мене ќе ме оставеа да учествувам. Што можам друго да кажам, освен дека им благодарам што се свесни колку сум популарен и битен за оваа земја", вели Бојан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom