Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
четврток, 01.11.2007

Убиен е еден од избеганите од косовскиот затвор Дубрава


Џавид Морина, еден од избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава, е убиен во престрелката што рано утрината се случи во тетовското село Одри на патот Тетово-Јажинце, јави дописникот на Макфакс.

Во престрелката ранети се и други две лица од кои едниот е Али Красниќи, брат на Агим Красниќи од скопското село Кондово, познат по заканите за гранатирање на Скопје од пред неколку години.

Али Красниќи бил ранет во стомакот. Идентитетот на вториот ранет е Зија Вејсели, кој бил погоден во ногата.

Двајцата во моментов се наоѓаат во една од скопските клиники и се вон животна опасност.

Информациите се од извори во истрагата и се уште се неофицијални.

Полициски извори за Макфакс неофицијално го потврдија идентитетот на убиениот, додека за двајцата ранети немаат информации.

Инцидентот се случил во четири часот изутрината во регион во кој од пред три дена се концентрираат силни полициски сили, за кои беше објаснето дека бркаат опасна криминална банда.

За седумте избегани затвореници од косовскиот затвор Дубрава, македонски безбедносни извори неофицијално тврдеа дека се наоѓаат на територијата на Македонија, со задача да извршат дестабилизација во пресрет на решавањето на статусот на Косово.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи , како дел од владеачката коалиција, и Абдулади Вејсели, лидер на ПДП, која исто така е дел од владеачката коалиција, во последните два дена ги повикаа граѓаните „да не се самоорганизираат“, со оправдување дека полицијата ја држи состојбата под контрола и дека станува збор за криминални банди.





Голем пад на индексите на Македонска берза


Индексот на Македонска берза МБИ-10 денеска продолжи со негативен тренд, губејќи 6,53 насто од својата вредност, што претставува најголем пад по подолго време.

МБИ-10 денешното тргувањето го заврши на 7.733 индексни поени, што претставува намалување за 525 индексни поени во однос на вчера, кога изгуби речиси 4 насто од вредноста.

Според берзанските аналитичари ваквиот пад делумно се должи на падот на индексите на берзите во Белград и Бањалука, како последица на политички проблеми. Но истотака се нагласува дека овој период од годината традиционално се регистрира намален интерес кај инвеститорите за тргување со акции.

Индексот на јавните поседувани друштва МБИД денеска падна за 1,89 отсто, односно за 177 индексни поени.

Аналитичарите очекуваат дека овој негативен тренд нема долго да потрае, односно дека акциите за извесно време повторно ќе растат.





Канада го поддржува членството на Македонија во НАТО


Канадскиот министер за национална одбрана Питер Мек кеј ја потврди поддршката на Канада за членство на Македонија во НАТО.

Министерот Меккеј на средбата со македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски, синоќа во Отава, истакнал дека е „импресиониран од нивото на придонес на Македонија во мировните мисии на НАТО“, соопшти македонското Министерство за одбрана(МО).

Македонскиот министер за одбрана се наоѓа во повеќедневна официјална посета на Канада и на САД.

„Еленовски го информирал Меккеј за процесот на реформите во одбраната, но и за целиот циклус нa трансформација во Македонија, по што, доби уверување дека досегашната поддршка на Канада за членство на Македонија во НАТО сега ќе биде уште посилна“, соопшти МО.

Македонскиот министер за одбрана денеска во Отава се сретна и со претседателот на Долниот дом на канадскиот Парламент Питер Миликен со кого разговараше за реформите во одбраната, во правосудството, економијата, како и за состојбите во регионот и косовското прашање.

Еленовски претходно се сретна со канадскиот пратеник со македонско потекло Луј Темелковски. На средбата покрај високи претставници на канадскиот Парламент, присуствуваше и албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу. Главна тема на средбата беше соработката на земјите од Јадранската група и канадската поддршка за влез на овие земји во НАТО.



Пронајден неидентификуван труп по престрелка во тетовско


Неидентификуван труп пронајден е изутрината во близина на тетовското село Одри, дознава Макфакс.

Полицијата потврди дека ноќеска во регионот под Лешок, кај Одри имало престрелка, но за сега не е познато кои лица учествувале во неа.

Според дописникот на Макфакс, пукањето го потврдиле и локалните жители.

На местото на настанот увид вршат истражен судија и заменик јавниот обвинител.

извор
 
недела, 04 ноември 2007

ТВ “Клан“: Вооружени лица го чуваат Танушевци

Македонската полиција не влегла во селото Танушевци во изминатите четири до пет месеци, а населението одбило три големи полициски акции во кои учествувале 100 до 200 полицајци.

Ова го тврди поранешниот пратеник во македонскиот Парламент Џезаир Шакири, наречен командант Хоџа за тиранската телевизија “Клан“ која објави емисија за безбедносната состојба во Македонија.

Според Хоџа, селото на моменти го надгледуваат хеликоптери, а на влезните позиции има вооружени лица кои го чуваат селото. Тој демантира дека е вмешан во неодамнешното убиство на еден полицаец.

Телевизијата објави и снимки на маскирани вооружени лица, но без униформи, кои ги контролираат влезовите на селото Танушевци.

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, во истата емисија, ги демантира тврдењата на Хоџа дека државата не го контролира селото.

“Владата целосно го контролира теренот, но ДПА не дозволува спектакуларни акции“, изјавил Тачи.

Коментирајќи ја актуелната политичка и безбедносна состојба во Македонија, публицистот Ким Мехмети за ТВ “Клан“ вели дека “Албанците имаат меѓусебни проблеми.

“Албанците во Македонија, сега, немаат проблеми со Македонците туку имаат проблеми меѓусебе“, оценува Мехмети.

Инаку, според Хоџа, Советот на селото Танушевци донел одлука за одржување референдум за спојување на селото со Косово.



ДПА –ДУИ сака дестабилизација на Македонија


Опозиционата ДУИ да престане со помош на криминални групо да иницира нестабилност во поранешните кризни региони, побара денеска владеачката ДПА.

„Го повикуваме раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да го запре своето директно инфилтрирање за дестабилизација на Македонија, бидејќи со тоа му прави огромна штета на албанскиот народ, зачленувањето на Македонија и Албанија во НАТО и независноста на Косово“, изјави денеска на прес конференција потпретседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Ружди Матоши.

Тој и порача на ДУИ „да се повлече од ставот дека со криза со стигнува до власт“.

Матоши најави дека ДПА идната недела ќе достави докази до Министерството за внатрешни работи и ќе побара истрага за инволвираноста на челните луѓе на ДУИ кои „го користат политичкиот имунитет за дестабилизација на земјата“.

Според владеачката ДПА, неодамнешното убиство во тетовско на Џавит Морина, кој избега од затворот на Косово, е расчистување на стари сметки со лидерот на ДУИ Али Ахмети.



Предлогот на Нимиц – скандалозен дипломатски преседан


Срамен преседан во аналите на модерната светска дипломатија е барањето на медијаторот Метју Нимиц за промена на уставното име на Македонија, реагираат македонските писатели.

„Барањето на Метју Нимиц е ирационално, апсурдно и претставува притисок и уцена врз еден мал и мирољубив народ, кој има право на свое постоење меѓу сите други народи во светот“, соопшти денеска Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Во жестоката реакција, ДПМ укажува дека „ниту Нимиц, ниту било кој друг има право да бара од македонскиот народ да се откаже од својата вековна историја, идентитет и име“.

Македонските писатели изразуваат верување дека „меѓународната заедница нема да дозволи во епохата на демократски и хумани принципи, силата и уцената да доминираат над правдата“.

„Името Република Македонија претставува државен и национален идентитет во кој се сплотени интересите и обврските на сите граѓани, политички субјекти и институции во земјата. По ова прашање нема алтернатива и нема цена како можност за дискусија“, се наведува во реакцијата на ДПМ.


Државниот врв на консултации за името


Стратегија за натамошните преговори со Грција за името, ќе разгледува во понеделник државното раководство на Македонија, откако медијаторот Метју Нимиц сугерираше промена на уставното име за меѓународна комуникација.

Премиерот Никола Груевски во петокот експресно ја отфрли одредбата од нацрт рамката понудена од Нимиц во која посредникот сугерира Макеоднија да се согласи со име за меѓународна употреба различно од уставното.

Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски во саботата изјави дека државниот врв е обединет за зачувување на уставното име на државата.

„Државниот врв има еден обединет став по однос на сите национални прашања, вклучувајќи го тука и спорот кој Грција го има во однос на нашето име“, изјави Милошоски.

Тој изрази уверување дека „државата и граѓаните ќе успеат да го зачуваат правото да го користат своето избрано национално уставно име“.

На координацијата на државниот врв предвидена за во понеделник треба да присуствуваат претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни Антонио Милошоски и македонскиот претставник во преговорите со Грција Никола Димитров.



Чистење и пошумување на Водно


Падините на Средно Водно денеска ќе се чистат од смет, а ќе се изврши и пошумување.

Акцијата за чистење и пошумување на ова омилено рекреативно место за скопјани ја организираат друштво „Еко мисија” и Црвениот крст, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” и ЈП „Комунална хигиена.

Средствата за оваа еколошка акција се донирани од АД Македонски телекомуникации.

извор
 
05.11.2007

Македонија



Оскврнавена бистата на поетот Попоски во Струга


Непознати сторители ноќеска извршиле сквернавење на бистата на македонскиот поет Анте Попоски во алејата на писателите во Струга, јави дописникот на Макфакс.

Сторителите го искршиле и стаклото од таблата на која е напишана антологиската Т”га за југ, која се наоѓа пред Центарот за култура.

Бронзената биста на Анте Попоски била демонтирана од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро, каде утрово случајно ја нашле кајакари од локалниот клуб.

Истрагата треба да утврди дали двата инциденти биле предизвикани од ист сторител и кои биле мотивите.

Ова е втор пат годинава да бидат сквернавени бисти на македонски поети во алејата на писателите што се наоѓа веднаш до реката Дрим.

Во март оттаму исчезнаа и бистите на Ацо Шопов и на Славко Јанески која подоцна беше пронајдена во Охрид, а сторителите беа откриени.


Нов рудник за јаглен во Битола


Новиот површински јагленокоп во РЕК Битола - Брод Гнеотино денеска почна да работи со ископ на првите количини јаловина, јави дописникот на Макфакс.

Новиот рудник, заедно со рудникот „Суводол”, ќе обезбедат ресурси за производство на електрична енергија во трите блока на Комбинатот до 2020 година.

„Овој рудник ќе обезбеди стабилна иднина, развојни перспективи и непречена работа на РЕК Битола во наредните дваесеттина години”, изјави на свеченото отворање на рудникот, генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

РЕК Битола обезбедува 75 проценти од вкупното производство на електрична енергија во државата.

Рудникот „Суводол”, со преостанатите резерви на јаглен од каде се снабдува термоелектраната, можеше да обезбеди стабилно производство само до 2012 година.

Копот „Брод-Гнеотино“ располага со 32 милиони тони јаглен достапни за експлоатација, со планирана годишна динамика на ископување од два милиони тони јаглен.

Проценетата инвестициона вредност на овој рудник изнесува 95 милиони евра, а досега се вложени 10 милиони евра.

Првите количини на јаглен од „Брод Гнеотино” може да се очекуваат на почетокот од 2009 година. Во рудникот ќе се отворат 500 нови работни места.



Свет


Покажано лицето на Тутанкамон
Каиро /04/11/ 16:40
Лицето на египетскиот фараон Тутанкамон е покажано за прв пат по повеќе од 3,000 години од неговата смрт.

Мумијата на Тутанкамон, познат во историјата и како фараонот дете, денеска била преместена од саркофагот во гробот во Долината на кралевите во Луксор и поставена недалеку од таму во витрина од плексиглас. Витрината е опремена со систем за контрола на влажноста и на температурата, за да биде заштитена од климатски промени.

Телото исцело е завиено во ленти од ленено платно. Откриено е оставено само лицето.
Тутанкамон на возраст од девет години станал фараон од 18 фараонска династија, а починал на 21 година.

Погребната маска кое досега го криеше лицето на Тутанкамон тежи 11 килограми и е изработено од масивно злато и полускапоцени камења. Откриена е во 1922 година од Британецот Хауард Картер.




Оставка на директорот на најголемата банка во САД


Оставка на функцијата извршен директор на Ситигруп-најголемата американска банка ќе поднесе Чарлс Принс, објави синоќа Wall Street Journal.

Според истиот извор, управниот одбор на банката ќе одржи итен состанок викендов, иако портпаролот на Ситигруп одби да го коментира одржувањето на средбата.

Банката, претходно, објави за губитоци од 6,5 милијарди долари во третото тримесечје оваа година, како и тоа дека го намалува капиталот.

Акциите на Ситигруп Инк., од почетокот на годинава, изгубија 32 проценти од вредноста, од што само во четвртокот паднаа за 8,1 проценти, а во петокот за дополнителни два.

Банките и осигурителните компании бележат пад на вредноста на акциите загрижени дека следи натамошно намалување на капиталот и губитоци поради поседување на обврзници покриени со хипотеки, како и корпорациски заеми.



извор
 
06.11.2007

МАКЕДОНИЈА

Топлификациите за поскапувањето на парното


Топлификациите во Скопје Север и Битола денеска треба да го соопштат ставот за одлуката на Регулаторната комисија за покачување на цените на парното.

Регулаторите вчера донесоа одлука сметките за парното греење во Скопје Север, Чаир и Бутел за октомври да бидат повисоки за 18,61%, додека во Битола поскапувањето да биде 32,8%.

Според регулаторите, со најновата корекција на цените топлификациите во Скопје Север и Битола ќе можат да си ги покријат трошоците на работење.


ЕК ќе го објави извештајот за Македонија


Европската комисија(ЕК) денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија што не содржи дата за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Извештајот на Европската комисија (ЕК) е објективен и ја отсликува реалната состојба оценија високи владини претставници. Според нив ова е најдобар извештај што Македонија го добила од ЕК, иако не содржи препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Фактот што документот не содржи препорака за определување на датум за почеток на преговори со ЕУ, владините претставници го објаснуваат, не само со забелешките, туку и со „политичката волја во ЕУ“.

Во Извештајот на ЕК најмногу забелешки има за работата на правосудството и на јавната администрација, како и за парламентот. Оценето е и дека медиумите се предмет на политички притисоци.

Покрај редовните извештаи за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија, Комисијата денеска ќе објави и документ за стратегијата на проширување и главните предизвици во следната година.

ЕК ќе ја претстави повеќегодишната финансиска рамка за кандидатите и потенцијални кандидати за периодот од 2008 до 2011 година.

Македонија ќе може, од економски аспект, во среден рок да се справи со конкурентноста на европскиот внатрешен пазар и да биде подготвена за во ЕУ.

Ова се оценува во документот „Стратегија на проширувањето и неговите предизвици 2007-2008 година“, што Брисел ќе го објави во вторник, со посебните извештаи за земјите од Западен Балкан и за Турција.

Во Стратегијата се додава дека на Македонија и на другите земји од Западен Балкан ќе им бидат потребни барем уште пет до десет години за да ги исполнат условите што ќе им дозволат да се зачленат во ЕУ зашто во речиси сите земји од регионот реформскиот процес во изминатиот период бил забавен.

Критиките годинава се слични за сите балкански земји. Најострите се упатени на сметка на недоволно независното судство и на неефикасноста на борбата против корупцијата.

Брисел верува дека Хрватска, најнапредната земја од Балканот, и покрај тоа што има сè уште пропусти, може да им послужи како добар пример на Македонија, Црна Гора и на Албанија кои, според досегашните процени, се следните на списокот за влез во ЕУ.



СВЕТ

ЕК ја поддржа уредбата на Италија за протерување


Европската комисија (ЕК) ја поддржа новата уредба што ја усвои Италија за протерување на граѓаните на Европската унија (ЕУ).

Одредбата ќе се спроведува само доколку се исполнат строгите услови за нејзина примена, кои нема да доведат до дискриминација на граѓаните, соопштија претставници на ЕК.

Според одредбата, членките на ЕУ ќе може да протеруваат граѓани од други земји на Унијата доколку се покаже дека тие претставуваат опасност за јавната безбедност, не се вработени, или немаат доволно средства за живот.

Италија ја усвои одредбата за протерување откако неодамна е уапсен државјанин на Романија, кој силуваше и уби 47-годишна Италијанка.


Русите убедени - Путин го знае следниот претседател


Весникот објавува податоци од истражувањето на рускиот центар „Левада“, според кое секој втор жител на земјата, 51%, е убеден дека Путин веќе знае кој ќе го замени на високата функција.
Близу 23% сметаат дека Претседателот се уште размислува за ова прашање, а 26% не можат да посочат какво решение ќе донесе рускиот шеф на државата, пишува „Новие известија“.
Меѓу оние, според кои прашањето за наследникот е решено, 32% сметаат дека тоа ќе биде новиот руски премиер Виктор Зубков. Самиот тој исто така не исклучува дека може да се кандидира за Претседател на Русија.
На второ место меѓу потенцијалните наследници на Путин со 23% од гласовите, е првиот вицепремиер Сергеј Иванов, фаворит во прогнозите пред назначувањето на Зубков за премиер.
Според 17% од испитаниците Путин ќе ја предаде власта на другиот вицепремиер Димитриј Медведев. 2% не исклучуваат дека Претседателот би сакал да ја види во својата фотелја гувернаторката на Санкт Петербург Валентина Матвиенко, а еден од секој сто анкетирани смета дека има шанси претседател на Русија да стане Дмитриј Козак, министер за регионален развој, пишува „Новие известија“.



извор 1
извор 2
 
среда, 07 ноември 2007

Претседателот на грчки Синаспизмос во Македонија


Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска ќе го прими претседателот на грчката политичка партија Коалиција на левицата и напредокот (Синаспизмос), Александар Алаванос.

Синаспизмос е грчка парламентарна партија на левицата. Претставникот за меѓународни односи на Синаспизмос Панос Тригазис, неодамна за грчките медиуми изјави оти очекува „притисокот на Обединетите нации во спорот со името меѓу Скопје и Атина да даде резултати

Тригазис потсети дека партијата Синаспизмос „уште пред 15 години предложила решение за спорот со името, составено oд име кое го содржи зборот “Македонија“.

Претставникот на грчка парламентарна партија на левицата Синаспозмос предупреди и дека „во однос на името треба да се избегнат грешките од минатото и дека спорот не треба да се политизира“.


Русија ќе гради две нуклеарки во Кина


Русија ќе гради два нови реактори за кинеската нуклеарна централа во Тианван, северно од Шангај, јавуваат руските гласила.

Договорот за изградба на нуклеарките беше потпишан за време на посетата на кинескиот премиер Вен Џиабао на Москва.

Руската компанија Атомстројекспорт годинава ја заврши изградба на два реактори во Тианван со јачина од 1.000 мегавати и кинеската нуклеарката веќе работи со полн капацитет.

Русија која успешно гради нуклеарни реактори настојува оваа дејност да ја прошири во повеќе држави.



Втор обид за судење на Шешељ


Хашкиот трибунал денеска по втор пат ќе го отпочне судскиот процес против лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, обвинет за злосторства против човештвото во Хрватска.

Судењето на Шешељ почна пред речиси една година, но беше прекинато бидејќи тој започна штрајк со глад. Шешељ протестираше бидејќи не му беше дозволено сам да се брани и за тоа да добие финансиски надомест од Трибуналот

Наспроти тоа Хашкиот трибунал трајно одреди бранители на Шешељ по службена должност, оценувајќи дека неговото однесување претставува значително пореметување на судската постапка.

Судењето беше прекинато и поништено бидејќи поради штрајкот со глад, здравствената состојба на Шешељ сериозно се влоши.


Бакојани во Берлин за името на Македонија


Шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани на денешната средба со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмер ќе лобира за името.

Како што е најавено тема на разговорот се прашања во врска со балканските држави, во рамките на што се очекува да стане збор за разликите околу Македонија.

Бакојани во рамките на мини турнејата на која лобира за грчкиот став околу разликите во вторникот во Лондон разговараше со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд.

На средбата, како што е соопштено, било разговарано за односите во Европската унија (ЕУ), прашањето за Кипар и за европскиот курс на Турција.


Голема полициска операција во тетовско


Специјални единици на полицијата изутрината започнаа акција во шарлпланинското село Бродец и има престрелка со вооружена група.

Официјален претставник на полицијата за Макфакс не можеше ниту да потврди, ниту да демантира дека во тетовско има вооружена престрелка.

Во Бродец се пука од огнено оружје и жителите не можат да го напуштат селото кое е блокирано од полицијата, јавува Макфакс, повикувајќи се на изјави на жители на ова шарпланинско село.

Во реонот на селото Бродец се испратени бројни специјални полициски сили со оклопни транспортери и хеликоптери.

Според неофицијални извори, полициската акција е насочена за апсење на вооружена група предводена од Лирим Јакупи, кој неодамна избега од затворот Дубрава на Косово.


извор
 
четврток, 08 ноември 2007

„Планинска бура“ уништи криминална банда


Акцијата, во која беа убиени шест члена на криминалната банда, министерката Јанкулоска ја оцени како високо професионална, со мерки за заштита на цивилното население
BF3F01631BD76144A3A0343CDE682A51.jpg

Шест убиени и десетина уапсени е резултатот на полициската акција „Планинска бура“, која МВР вчера ја спроведе против криминално-екстремистичката банда на Лирим Јакупи-Нацист и Рамадан Шити, кај тетовското село Бродец. Неофицијално, во акцијата загинал и Рамадан Шити, кој на крајот на август избега од косовскиот затвор „Дубрава“, но МВР не потврди. Неколкумина од уапсените се обиделе да избегаат облечени како жени, но биле пресретнати и уапсени од полициските единици.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска соопшти дека не се пријавени цивилни жртви, ниту загинати полицајци.

Според министерката, полицијата имала разузнавачки податоци дека групата избегани косовски затвореници, на кои им се приклучиле и криминалци од Македонија и од Албанија, се во шарпланинското село. Според полициски извори, во групата биле и албанскиот државјанин Фатос Тоси, кој се бара со меѓународна потерница, и Хабит Амети, осуден за убиство на стражар во тетовскиот затвор.

МВР ја следело групата, а пред 10 дена била подигната борбената готовност и зголемено присуството на граничната полиција на северната граница.

Ноќта пред акцијата во Скопје биле приведени неколкумина, за кои МВР вчера проверуваше дали имаат врска со криминалната банда.

Акцијата „Планинска бура“ почнала вчера околу 4 часот изутрината. Полициски хеликоптери ја надлетувале Шар Планина. Припадници на специјалните полициски сили извршиле десант на неколку места околу реонот во кој била стационирана бандата.

Пред зори, конвои на полициски транспортни возила и оклопни транспортери се упатиле кон селото Бродец. За акцијата биле известени и Косовската полициска служба и КФОР, кои ја засилиле контролата на границата. Групата, за во која се проценува дека имало околу 15 луѓе, била сместена во две куќи во Бродец. Кога полицајците ја почнале акцијата, групата од неколку позиции отворила оган, по што почнала престрелка. Припадници на групата ги напуштиле куќите, едни избегале кон шарпланинските шуми, а други се обиделе да се скријат во селото.

- На местата од кои бил отворен оган кон полицијата е најдено големо количество оружје, меѓу кое бесповлечен топ, тежок митралез, разни гранати и бомби и друго оружје. Во акцијата, која беше спроведена со висок професионализам, беа преземени сите мерки за заштита на цивилното население - изјави Јанкулоска, оценувајќи ја акцијата како исклучително успешна. Спротивно на МВР, македонски медиуми на албански јазик вчера објавија тврдења од жители на селата во чиј реон се одвиваше акцијата дека биле убиени двајца цивили, биле запалени две куќи, а имало и ранети цивили. Ниту МВР ниту скопските и тетовските болници вчера не ги потврдија тврдењата.

Жители на Бродец негодуваа и против полициските пунктови поради кои до попладнето беше оневозможен сообраќајот од тетовската жичница кон Бродец и од Калето кон Селце. Тие тврдеа дека нивните роднини се криеле во подруми и оти полицијата не им дозволувала да ги напуштат куќите додека траела акцијата.



извор
 
Петок, 9 ноември 2007

Презентација на запленетото оружје во „Планинска бура“


Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ќе го презентира оружјето запленето во акцијата „Планинска бура“.

Презентацијата, како што соопшти МВР, ќе се одржи во касарната Ѓорче Петров, а најавено е присуство на полициските аташеа при странските дипломатски претставништва во земјата.

Во рамки на презентацијата министерката Гордана Јанкулоска ќе се сретне и со дел од припадниците на Единицата за брзо распоредување, кои учествуваа во акцијата на Шар Планина.



Земјоделци најавија блокада на автопатот Тетово-Гостивар


Група од триесетина индивидуални производители на шеќерна репка од тетовското село Пирок за денеска најавија двочасовна блокада на автопатот Тетово-Гостивар, јави дописникот на Макфакс.

Според првичните информации, протестот е поради недоразбирање помеѓу производителите на репката и шеќерната околу терминот за откуп, поради што репката се уште се наоѓа на нивите.

Блокадата, како што е најавено ќе трае од 09-11часот.

извор
 
Сабота, 10 ноември 2007

Македонија

ОН да ја признаат Македонија под уставното име


Обединетите Нации да го следат примерот на преку 120 држави од целиот свет кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, му порачаа на посредникот Метју Нимиц организациите на Македонците од Северна Америка.

Првите луѓе на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во Њујорк остварија средба со амбасадорот Нимиц и разговараа за последните настани поврзани со спорот за името меѓу Грција и Македонија.

ОМД и ММДЧП на средбата со Нимиц потенцираа дека ниедна држава нема право да именува друга, истакнувајќи оти Грција дури во 1988 година, кога заклучи дека независноста на Македонија станува изгледна, ја преименува „Северна Грција“ во „Провинција Македонија“.

„Република Македонија ни де јуре ни де факто не претставува закана за нејзините соседи. Напротив, постапките на Република Македонија се дијаметрално спротивни на грчкиот непопустлив став, кој наместо да промовира стабилност, предизвикува нестабилност и раздор на Балканот“, наведуваат ОМД и ММДЧП.

Македонските организации му изразија незадоволство на амбасадорот Нимиц и за неодамнешните иредентистички изјави на митрополитот солунски Антимос од Грчката православна црква, за поделба на Македонија и Бугарија.Обединетите Нации да го следат примерот на преку 120 држави од целиот свет кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, му порачаа на посредникот Метју Нимиц организациите на Македонците од Северна Америка.

Првите луѓе на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во Њујорк остварија средба со амбасадорот Нимиц и разговараа за последните настани поврзани со спорот за името меѓу Грција и Македонија.

ОМД и ММДЧП на средбата со Нимиц потенцираа дека ниедна држава нема право да именува друга, истакнувајќи оти Грција дури во 1988 година, кога заклучи дека независноста на Македонија станува изгледна, ја преименува „Северна Грција“ во „Провинција Македонија“.

„Република Македонија ни де јуре ни де факто не претставува закана за нејзините соседи. Напротив, постапките на Република Македонија се дијаметрално спротивни на грчкиот непопустлив став, кој наместо да промовира стабилност, предизвикува нестабилност и раздор на Балканот“, наведуваат ОМД и ММДЧП.

Македонските организации му изразија незадоволство на амбасадорот Нимиц и за неодамнешните иредентистички изјави на митрополитот солунски Антимос од Грчката православна црква, за поделба на Македонија и Бугарија.


Наставниците најавија генерален штрајк


Наставниците ќе стапат во генерален штрајк наредната недела доколку до 15. ноември не ги добијат октомвриските плати, одлучи Синдикатот за работници во образованието (СОНК).

„Таква мерка СОНК ќе применува во сите наредни месеци. Таа е генерална одлука што важи за секој месец доколку до 15. во тековниот не биде исплатена платата за претходниот месец“, изјави вчера претседателот на СОНК Дојчин Цветановски.

СОНК ја обвинува Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), за која што смета дека затаила во работата и оти не исцрпеле искуство од она што се случувало досега.

Од Министерството за образование велат дека се пуштени блок дотации до 42 општини кои влегоа во втората фаза на децентрализација, каде се и парите за плати.

Снег во Дебар и околината


Дебар и околината изутрината ги покри снежна покривка со висина од осум до 30 сантиметри, а снег се уште паѓа на повисоките места , јави дописникот на Макфакс.

Екипите на „Македонија пат“ ги расчистуваат патните правци Дебар – Струга, Дебар – Маврово, како и патниот правец Дебар – граничен премин Блато, на македонско албанската граница. Сообраќајот се одвива со мали задоцнувања.

Над 20 сантиметри снег наврна и во Горна Жупа, каде што дел од патиштата не се проодни.

Проблеми во сообраќајот има и на локалните патни правци кон планинските села Бриоштица и Могорце, како и во селата во Мала Река.

СВЕТ


Објавени планови на САД за можен напад врз Иран


Планови за можен напад на САД врз Иран ако ескалира кризата околу иранските нуклеарни цели ажурирале американски воени претставници, иако не изгледа дека ударите се неизбежни.

“САД располагаат со значајна воздушна и морнаричка сила за изведување на удар ако претседателот Џорџ Буш реши да нападне нуклеарни локации или да возврати поради наводна иранска вмешаност во Ирак“, пишува агенцијата Асошиејтед прес, во написот за можен судир во регионот.

Можни цели за напад, освен нуклеарната инсталација со плински центрифуги за збогатување на уран во Натанц, се и локации со балистички ракети, бази на Револуционерната гарда и силите на иранската воена морнарица што може да го затворат теснецот Хормуз – витална сообраќајна артерија за превоз на нафта од Персискиот залив, наведува АП.

Воената морнарица на САД во Заливот има носач на авиони со 60 ловци што би имала важна улога во кампањата на воените удари. Контигент од 2.200 маринци стандардно се распоредени во Заливот, а авиони-ловци и бомбардери се достапни и на други места во подрачјето на Заливот, се додава во извештаите.

Заедничкиот штаб на американските вооружени сили е должен да се подготвува и да ги ажурира плановите во случај на потреба за можна воена акција.

Тајните планови, со серија временски одредници и број на постројки, се темелат врз основа на цел спектар потенцијални сценарија – од инвазија како онаа во март 2003 година врз Ирак, до помалку важни мисии.
 
Недела, 11 ноември 2007

„Тоше - Македонија навива за вас“ официјална навивачка химна


Композицијата „Македонија навива за вас“ во изведба на починатиот Тоше Проески, вчера беше избрана за официјална навивачка химна на Македонија.

Дванаесетте композиции кои што влегоа во најтесниот круг на проектот „Македонија навива“ на Агенцијата за млади и спорт, синоќа беа претставени во Метрополис арената на Скопскиот саем.

Изборот беше пренесуван директно, а јавноста за композициите можеше да гласа по телефонски пат.

Средствата собрани од јавувањата ќе бидат донирани за лекување на тригодишниот Тео Тасев.


Регистрирани 102 лица со ХИВ вирус во Македонија


Регистрирани се вкупно 102 лица во Македонија кои се заразени со ХИВ вирус, од кои најголем број се млади.

Ова беше истакнато на дводневната работилница посветена за заштита на младите од ХИВ, што денеска заврши во Охрид, јави дописникот на Макфакс.

Ризикот од инфекција со ХИВ е најголем кај младите, а најчувствителни групи се корисниците на дроги, младите кои се проституираат или даваат секс услуги за пари, и мажите кои имаат секс со мажи, покажуваат научните истражувања.

Според експертите, опасноста кај младите да се заразат со ХИВ е голема затоа што тие всушност се скриена популација.

„Ние не знаеме каде се младите, дека употребуваат дрога, или дека се проституираат затоа што тие најчесто и не се свесни за тоа“ смета експертот Силвана Ончева.

Според официјалните податоци, во Македонија има над осум илјади екстремни корисници на дроги, но експертите предупредуваат дека реалната бројка е многу поголема.

Ончева смета дека еден од главните проблеми е тоа што младите немаат можност за користење на постоечките сервиси, на пример корисниците на дроги не можат да ги користат услугите на специјализираните центри бидејќи не се полнолетни.

„Токму тоа ги прави да бидат поранливи, и затоа ќе треба да се прават програми кои ќе допрат до оваа младина, да и дадат доволно информации во смисла на заштита и превенција од болеста, во спротивно можеме да очекуваме дека многу нагло може да дојде до ширење на овој вирус токму кај младата популација“ додаде Ончева.



Застрелан навивач на Лацио, првенството може да биде прекинато


Еден човек загина во пресметка меѓу спротивставени табори на фудбалски екипи во Италија, соопшти полицијата.

Последната трагедија на Апенинскиот полуостров се случила во ресторан крај магистрала во Арецо, областа Тоскана. Според агенцијата АНСА жртвата е приврзаник на Лацио, кој бил застрелан со пиштол за време на тепачка меѓу тифози на „орлите" и Јувентус.

Некои италијански медиуми тврдат, дека меѓу 8:00 и 9:00 часот утринава 28-годишниот Габриеле Сандри е застрелан од полицаец, кој случајно бил на местото на инцидентот. Во моментов претставници на Италијанската фудбалска федерација со полицијата ја разгледуваат варијантата првенството да биде прекинато, другата можност е само мечот Интер - Лацио во Милано да не се игра.


извор
 
12.11.2007

Македонија
Собранието за интерпелацијата на Елмази



Македонското Собрание денеска треба да расправа по интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи Рефез Елмази.

Интерпелацијата за Елмази ја поднесе пратеничката група на Либерално демократската партија.

Во образложението за интерпелацијата се наведува дека заменик министерот се однесувал скандалозно за време на инцидентот во Парламентот.


Холандско- македонска соработка за ЕУ


Делегација на Комисијата за европски прашања на парламентот на Холандија ја продолжува посетата на Македонија.

Холандските парламентарци денеска во македонското Собрание треба да имаат средби со пратеници од власта и опозицијата

Претседателите на комисиите за европски прашања на македонскиот и холандскиот парламент Тито Петковски и Харм-Еверт Валкенс, денеска треба да одржат прес конференција.



Свет
Италија ќе гради автопат во Либија


Италија ќе гради автопат што ќе ги поврзува западна и источна Либија, како дел од компензацијата за штетата нанесена за време на колонизација на Либија.

Одлуката на либискиот претседател Моамер Гадафи му ја соопштил министерот за надворешни работи на Италија Масимо Далема, јавија медиумите во Рим.

Италија која што со Либија владееше од 1911 до 1943 година, имаше тешки односи со Гадафи откако тој ја освои власта во 1969 година и ги протера италијанските државјани од државата и ги запали нивните имоти.

Односите меѓу двете држави се подобрија во последните неколку години откако Рим, како главен либиски трговски партнер во Европа, ги поддржа настојувањата на Триполи да ги затопли односите со Запад.

Италија денес од Либија увезува третина од своите потреби за плин и четвртина за нафта.


Ербас склучи зделка од 20 милијарди долари


Европскиот концерн Ербас во Дубаи потпиша договор со домашната авиокомпанија Емирати, вреден повеќе од 20 милијарди долари, најголем во историјата на компанијата.

Авиокомпанија Емирати има нарачани 70 авиони од најнов прекуокеански модел на Ербас А350. Ербас соопшти дека првиот А350 на Емирати ќе и биде испорачан во 2014 година.

Ербасовиот американски ривал - Боинг, чиј авиона 787 - Дримлајнер му конкурира на европскиот А350, потпиша договор со Катар Ервејс за испорака на 30 авиони од овој тип и пет товарни авиони од типот 777, во вредност од 6,1 милијарди долари.

Боинг има нарачка и од Обединетите Арапски Емирати за 12 товарни авионот од типот 777-300 за 3,2 милијарди долари.

Претседателот на авиокомпанијата Емирати, шеикот Ахмед бен Саид Ал-Мактум најави дека неговата земја ја разгледува можноста за набавка на дополнителни 50 авиони од Ербас од типот А350.


извор
 
Вторник, 13 ноември 2007

Македонија со среден ризик за странски инвестиции

Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик за странските инвестиции.

Ова го покажа студијата „Risk map 2008“ на консултантската куќа Control Risks, која оценува дека во речиси 60 насто од земјите во развој постојат сериозни закани за странските инвестиции во политичкото и безбедносното опкружување.

Студијата ги дели земјите според политичкиот и безбедносниот ризик во четири групи и тоа земји со висок, среден, низок и незначителен ризик.

Од европските држави, покрај Македонија среден безбедносен ризик имаат и Албанија, Грција, Франција, Италија, Казахстан, Молдавија, Србија, Шпанија и Туркменистан. Среден безбедносен ризик имаат и САД и Кина, а како високо ризични меѓудругите се оценети и Индија, Русија и Турција

Низок безбедносен ризик од земјите во регионот имаат Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Словенија, а незначителниот ризик е резервиран за Андора, Финска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Сан Марино.

И кај политичките ризици, меѓу кои е вбројуваат корупцијата, влијателните лоби групи, недостиг на законски гаранции и слаби политички институции, Македонија е сместена во групата со среден ризик, заедно со Албанија, Белгија, БиХ, Камерун, Кина, Иран. Пакистан, Србија, Сирија, Турција...

Најголем политички ризик за инвестициите имаат Сомалија, Северна Кореа и Зимбабве, а во групата со незначителни ризици се сместени Андора, Британските Девствени отрови, Кајманските острови, Данска, Финска, Шведска, Нов Зеланд.

Бугарија, Хрватска, Канада, Кипар, Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Велика Британија и САД се меѓу земјите со низок политички ризик за странските инвестиции.


„Шпиље“ прекина со работа поради ремонт


Хидроцентралата „Шпиље“ го прекина производството на електрична енергија поради вршење на планиран годишен ремонт.

Според портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски, станува збор за ремонт на влезната решетка на тунелот каде што влегува водата од акумулацијата кон турбините на електраната. Работите околу ремонтот на решетката треба да завршат на 28 ноември.

Поради оштетувања на влезната решетка на тунелот што носи вода до турбините, постоела опасност со водата да навлезат и некои предмети кои би ги оштетиле турбините.

Ремонтот го врши стручна екипа од Бугарија, која што применува врвни технички методи за работа во вакви услови.

Инаку, лошата хидролошка состојба на Дебарското езеро, по последните врнежи, полека се подобрува.


Прекината седницата за интерпелацијата за Елмази


Собранието на предлог на владеачката ДПА ја прекина денеска седницата на која требаше да продолжи дебатата за интерпелацијата на заменикот министер за внатрешни работи од нејзините редови Рефет Елмази.

Прекин на седницата, која почна во понеделникот, побара координаторот на пратеничката група на Демократската партија на Албанците (ДПА) Ружди Матоши, повикувајќи се на член од собранискиот деловник.

Предлогот беше усвоен со гласовите на парламентарното мнозинство.

Интерпелацијата за Елмази ја поднесе опозиционата Либерално демократска партија, која повикувајќи се на заклучоците на собраниската Анкетна комисија побара заменикот министерот за внатрешни работи да сноси политичка одговорност за инцидентите во Парламентот од 25 септември.

Елмази во своето излагање синоќа ја обвини опозицијата дека бара оставка поради тоа што и пречи неговиот професионален однос во борбата против криминалот.

Тој отфрли лична одговорност за инцидентите во Парламентот и наведе дека спречил сценарио од поголеми размери.

Претходно, ДПА се закани со растурање на владината коалиција, доколку Собранието ја прифати интерпелацијата за заменикот министер за внатрешни работи од нејзините редови Рефет Елмази.


Висока делегација на АРМ во Брисел


Висока воена делегација на Македонија денеска треба да отпатува за Брисел, каде ќе учествува на есенскиот Состанок на Евроатлантскиот партнерски воен комитет.

Македонската делегација на состанокот, кој се одржува денеска и утре во седиштето на НАТО, ја предводи Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-полковник Мирослав Стојановски, соопшти неговиот кабинет.

Една од главните теми на состанокот ќе биде изнаоѓање на нови форми на меѓународна воена соработка како неопходен фактор за успешна интеграција на армиите од помалите земји, како и презентирање на концептот на заеднички одбрамбени структури за поддршка и степен на интеграција.

Состанокот во седиштето на Алијансата ќе биде одлична прилика за размена на искуствата и погледите помеѓу началниците на ГШ на армиите членки на НАТО и ПзМ, се вели во соопштението.

Предвидено е на состанокот на стане збор и за учеството на членките на ПзМ во силите за брза реакција (Nato Responce Force), како и за други тековни прашања.

извор
 
Среда, 14 ноември 2007

САД задоволни од акцијата на македонската полиција во Бродец


Успешно спроведување на законот беше акцијата на мултиетничките сили на македонската полиција против криминална група, во селото Бродец, смета американскиот Стејт Департментот.

„Според нас, операцијата беше успешно спроведување на законот од страна на мултиетничките полициски сили против една група, во која имало и криминалци со меѓународни потерници, некои од нив неодамна избегани од затворот на Косово“, изјави синоќа заменикот портпарол на Стејт Департментот Том Кејси.

Тој, одговарајќи на прашање на грчки новинар за наводна поврзаност на криминалната група со Вахабисти, како и дека запленето оружје потекнува од Ал Каеда, укажа дека САД немаат веродостојни информации за таква поврзаност.

„Ние сме задоволни од оваа успешна операција за спроведување на законот, и секако, ги охрабруваме властите во Македонија за што поскоро нормализирање на состојбата во селото каде се случија овие настани“, изјави заменикот портпарол на Стејт Департментот Том Кејси.Грција е обврзана да ја нарекува Македонија според уставно име


Според народното обичајно право, Грција е обврзана да ја нарекува Македонија со уставно име, и покрај договорот од 1995 година помеѓу двете држави.

Ова во интервју за Дојче Веле го изјави професорот на Правниот факултет во Келн, Томаш Милеј, според кого Македонија со потпишувањето на договорот со Грција, во кој се согласила дека ќе преговара за името, се откажала од правото да бара од Грција да го прифати името врз основа на обичајното право, но тоа не било по нејзина волја.

“Јас сепак ќе речам, дека според народното обичајно право, Грција има обврска наскоро да го прифати уставното име. Зашто, Грција со нејзината политика доведе до таква ситуација во која Македонија беше вовлечена во преговори за името“, вели Милеј

Тој додава дека од меѓународно-правен аспект, позициите на Грција не се разбирливи, бидејќи треба да докаже дека Македонија специјално е наречена под тоа име само за да и наштети на Грција.

„Според мене, тоа не е случај. Ознаката Македонија за словенскиот народ таму е прашање на идентитетот. Тие се чувствуваат како Македонци и затоа се нарекуваат Македонци, а не за да и наштетат на Грција. Изборот на името нема намера некому да наштети, туку е поврзано со идентитетот“, изјави Милеј.

Тој потсетува дека во историјата имало само еден случај да не биде прифатено име на држава, а тоа е случајот од 1918 година со името Германо-Австрија, поради јасни територијални претензии кон Чехословачка.
Делницата Катланово-Велес повторно во употреба


Автопатот Скопје - Велес, во делницата од Катланово, која беше затворена една година, денеска официјално ќе биде пуштен за нормално одвивање на сообраќај.

Според најавите, на свеченоста по повод отворањето на делницата Катланово-Велес ќе присуствуваат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и генералот на НАТО штабот во Скопје, Џон Дуранс.

Делницата од автопатот Скопје – Велес беше затворена за сообраќај една година поради реконструкцијата на оштетените мостови во Македонија, што беше финансирано од НАТО.

Како што соопшти Авто мото Сојузот на Македонија (АМСМ) со пуштање на делницата ќе профункционираат и наплатните станици Отовица и Сопот.

извор
 
16.11.2007

МАКЕДОНИЈА


Отворен саемот на општините „ЗЕЛС Експо 2007“

Успехот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) се гледа во сите општини кои денеска се присутни со свои штандови на саемот на општините „ЗЕЛС Експо 2007“.

Ова денеска во Скопје го изјави европретставникот во Македонија, Ерван Фуере на свеченото отворање на четвртиот по ред саем на општините. Темата на годинашниот саем е „Две години децентрализација и предизвиците на втората фискална фаза“.

Саемот во текот на двата дена ќе претстави околу 50 општини, од кои 42 се влезени во втората фаза на децентрализацијата. Општините ќе ги презентираат досегашните активности, постигнати резултати, како и идните правци на дејствување.

„Европската Унија го цени пионерскиот чекор на ЗЕЛС во изминатите години“, истакна Фуере

Тој посочи дека „на штандовите може да се види разноликоста на културните традиции со кои што оваа држава е благословена“.

„Овој навистина извонреден мозаик од различни етнички, верски заедници секоја на свој начин си има своја традиција и духовна историја и затоа оваа држава е единствена“, рече Фуере.

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Џилијан Миловановиќ смета дека саемот дава можност за една „виртуелна прошетка низ општините“.

„Процесот на децентрализација е успешен и ефикасен начин граѓаните на Македонија да изградат подобра иднина за себе“, рече Миловановиќ на свеченото отворање на саемот.

Премиерот Никола Груевски изјави дека „ЗЕЛС претставува активна структура, која на сите општини им овозможува да земат учество во идентификување на предизвиците со кои што се соочуваат, како и одлична можност да изнаоѓаат адекватни политики и солуции за решавање на тие предизвици“.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со тесната и интензивна соработка со ЗЕЛС.

Саемот за отворен го прогласи претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров.


Возилото на напаѓачите пронајдено во Топанско Поле

Возилото со кое избегале напаѓачите кои денеска ограбија возило на Комерцијална банка, при што беше убиен еден, а ранети три лица од обезбедувањето на банката, е пронајдено во Топанско Поле.

Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека станува збор за возило марка „голф“. Од полицијата изјавуваат дека се трага по напаѓачите.

Инцидентот, како што за Макфакс соопштија од МВР, се случил на раскрсницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“, каде неколку вооружени и маскирани лица, пукале кон возилото на Комерцијална банка, при што смртно настрадал МБ(33) од Скопје.

Во инцидентот повредени се и возачот на возилото А.М (29) и неговиот колега В.С., двајцата од Скопје. Тие во моментот се примени во Градската болница, каде најверојатно сами се одвезле, заедно со починатиот М.Б, кој бил ранет и во болницата им подлегнал на повредите.

Од „Комерцијална Банка“, како што јави А1, изјавиле дека во вооружениот грабеж се украдени 11,4 милиони денари (околу 185.000 евра), 11.000 евра и 1.500 долари.


Турски артисти повредени во сообраќајка

Седум членови од екипата на турска серија „Збогум Румелија“, која неколку месеци се снима во Македонија, утрината близу Битола се полесно повредени во сообраќајна несреќа, јави дописникот на Макфакс.

Шестмината турски државјани и возачот на комбито Зоран Жикоски од Скопје се хоспитализирани во битолската болница и се надвор од животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случила кога комбито управувано од Жикоски на патот кон мариовското село Маково во близина на РЕК Битола удрило во паркиран камион.

Се претпоставува дека до незгодата дошло поради неприлагодена брзина, слаба видливост поради густа магла и непрописно паркираниот камион.

Од полициската станица во општина Новаци ја потврдија несреќата, а директорот на Клиничката болница во Битола Димче Кузмановски, вели дека сите повредени се згрижени.

Инаку од срцев удар вчера почина Јосив Силјановски, соработник на сценографија на овој проект кој е во продукција на турската телевизија АТВ.



СВЕТ
Приходите од опиум се повеќе од половината од БДП на Авганистан

Приходите од продажбата на опиум претставуваат повеќе од половината од БДП на Авганистан, соопшти Службата на ООН за борба со наркотици и криминал во годишниот извештај за 2007 г., посветен на државата.

Во 2007 г. печалбата од извозот на опиум достигнале 4 милијарди долари во однос на 3,1 милијарда за лани, што изнесува 53% од БДП, проценет од авганистанската влада на 7,5 милијарди долари, сума во која не е вклучена печалбата од опиумот.

Според извршниот директор на Службата на ООН за борба со наркотици и криминал Антонио Марија Коста, околу една четвртина од приходите од извоз на опиум или една милијарда долари одат за земјоделците.

Локалните власти собираат даноци од реколтата, бунтовниците ја финансираат својата дејност од производството и дистрибуцијата на хероин, а наркодилерите го земаат делот од нелегалната трговија.
ЕУ бара од Русија демократски избори

Европската комисија изрази жалење откако ОБСЕ одби да ги набљудува парламентарните избори во Русија и го повика Владимир Путин да даде гаранции дека изборите ќе бидат „демократски“ и „согласно меѓународните норми“.

„Ние жалиме дека околностите не дозволуваат да се спроведе мониторинг на изборите во Русија. Очекуваме државата да ги запази уверувањата, кои претседателот Путин ги даде на средбата Русија-ЕК во Мафра во октомври, дека изборите ќе бидат отворени и согласно меѓународните норми“, рече портпаролката на комисијата Христиане Хохман. ОБСЕ денеска одби мониторинг на парламентарните избори во Русија, кои ќе се одржат во почетокот на декември, со образложение поради недостаток на соработка со руските власти.


извор
 
19.11.2007

МАКЕДОНИЈА


Еленовски во Брисел


Министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска во Брисел ќе учествува на состанок во формат ЕУ Тројка од областа на одбраната, соопштено е во Скопје.

Средбата се одржува во рамките на редовниот состанок на Советот за општи прашања и надворешни односи (ГАЕРЦ), на кој присуствуваат министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија(ЕУ), а на кој се поканети и министрите за одбрана на ЕУ.

Министерот Еленовски на средбата ќе го презентира прогресот на Македонија во делот на Европската безбедносна и одбранбена политика, а во рамките на севкупните евроинтегративни напори на земјата.

На состанокот во формат Тројка во доменот на одбраната, вообичаено учествуваат министрите за одбрана на Македонија, Хрватска и Турција, во својство на земји ЕУ кандидати, како и Норвешка и Исланд, кои што се во НАТО, но не се членки на Европската унија.

Еленовски во Брисел, ќе има повеќе билатерални средби.


Собранието за Советот за евроинтеграции


Македонскиот парламент денеска треба да го разгледува предлогот на НСДП за формирање на Национален совет за евроинтеграции.

Оваа точка треба да се разгледува откако собранието ќе ја заврши осумдесетата седница, која како единствена точка на дневниот ред го има законот за издавање на вредносни бонови – ваучери, со кои студентите можат да купуваат компјутери.

Собранието во рамките на седумдесет и осмата седница започната пред една недела на дневен ред има повеќе од 20 точки, а прва беше интерпелацијата на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Парламентот гласаше Елмази да остане на функцијата.



СВЕТ


Триесет милиони помалку Кинески


Бројот на средовечни Кинески до 2020 година ќе се намали за 30 милиони, се наведува во извештајот на кинескиот државен Комитет за демографска политика.
Со ова дополнително ќе се зголеми дисбалансот меѓу половите во Кина, каде и сега бројот на мажите е поголем за 18 милиони од бројот на жените.
Разликата во половите во Кина се должи најчесто на субјективните причини на луѓето и традиционалната култура на кинеското семејство кое претпочита машки деца.Неретки се и абортусите поради несаканиот пол, иако кинеските закони роа строго го забрануваат.



Огромни штети од штрајкот на германската железница


Последниот штрајк на германската железница кој траеше два дена, предизвика штети од најмалку 75 милиони евра, проценува германскиот економски институт DIF.
Само во товарниот сообраќај, 62-часовниот штрајк предизвика штети кои се проценуваат помеѓу 54 и 80 милиони евра.
Директните шети во патничкиот сообраќај, се проценуваат помеѓу пет и десет милиони евра.


извор
 
22.11.2007

МАКЕДОНИЈА


Годишна средба на здруженијата од сферата на екологијата



Годишна средба на здруженијата на граѓани кои работат на заштитата на животната средина и одржливиот развој започна денеска во Струга.

Главна тема на средбата, што ќе трае до сабота, е „Лобирање и застапување во областа на животната средина и одржлив развој“. Ќе учествуваат околу 60 претставници на здруженија на граѓани, на релевантните владини институции и политичари.

Цел на средбата е да се дефинира дејствувањето на македонското еколошко движење до 2010 година. Потребно е да се обединат напорите и енергијата на национално ниво со што би се зголемило влијанието и видливоста на еколошките организации во процесот на евроинтеграцијата и нивниот придонес кон заштитата на животната средина и одржливиот развој

Учесниците на средбата ќе разговараат и за можностите за пристап до ЕУ фондовите.


Ден на албанската азбука – неработен ден за албанската заедница


Денот на албанската азбука, 22. ноември е неработен за припадниците на албанската заедница во Македонија, официјално е соопштено.

Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на припадниците на албанската заедница.



СВЕТ

Индија и МААЕ договорија преговори за нуклеарна енергија


Индија и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе започнат преговори со што Агенцијата ќе има увид во цивилната нуклеарна програма на Њу Делхи.

Таквата одлука ја приближува Индија кон финализирање на контроверзниот нуклеарен договор со Соединетите Американски Држави (САД), соопшти МААЕ.

Директорот на агенцијата Мохамед ел Барадеј и претставникот на индискиот оддел за нуклеарна енергија Анил Какодкар треба да се состанат до крајот на оваа недела со цел да ги разгледаат техничките детали околу преговорите.

Вашингтон го поздрави договорот на МААЕ со Индија и оцени дека претставува темел на ново партнерство меѓу двете држави.

Индија смета дека договорот за старт на преговори е клучен фактор во задоволувањето на сите енергетски потреби на државата.


извор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom