- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
29.09.2007
Македонија
Три момчиња убиени во Скопје
Три момчиња биле убиени синоќа во Скопје од непознати сторители, кои кон нивното возило стрелале најверојатно од автоматско оружје.
Полицијата соопшти дека животите ги загубиле Рамадан Шефки (21), Салејман Незири (24) и Фарук Дарлишта (27), сите од Скопје. Инцидентот се случил во 22.20 часот на булеварот „Никола Карев“ (на делот познат како пластичарска улица)
Шефки, кој го управувал возилото „Даеву ланос“ починал на самото место, додека Незири и Дарлишта починале подоцна во Градската болница.
Убијците со неидентификувано возило побегнале од местото на настанот.
Екипи на полицијата, судот и обвинителството извршиле увид, а телата на убиените се предадени на обдукција.
Полицијата трага по напаѓачите и работи на расчистување на случајот и мотивите за убиството.
Исклучен првиот блок на РЕК „Битола” поради дефект
Заради дефект денеска во 11 часот од електроенергетската мрежа исклучен е првиот блок на РЕК „Битола”.
РЕК „Битола” во момент произведува струја само со една третина од капацитетот, затоа што вториот блок е во ремонт.
Екипи на компанијата започнаа да работата на санирање на пукнатина во цевководот од котелот.
Од ЕЛЕМ најавуваат дека се очекува блокот повторно да влезе во производство в понеделник во 8 часот.
Портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски вели дека нема да има увоз на струја, затоа што за викенд има намалена потрошувачка.
Ова е трет дефект во РЕК Битола за само еден месец. Во два наврати, на 3-ти и 12-ти септември од мрежата беше исклучен третиот блок. Недостигот од електрична енергија се надополнуваше со увоз на хавариска струја од Србија.
Свет
Рекордно поскапување на светските стокови берзи
Најголемиот за последните 32 години раст на цените беше одбележан месецов на стоковите берзи во светот. Први на списокот на најбараните стоки се житото, нафтата и златото.
Според меѓународниот индекс Reuters/Jefferies CRB, што претставува мониторинг на 19-те водечки берзи на суровински стоки и зрно, растот на цените во септември е 8,1%.
Цената на бушел пченица (36 кг) на најголемата Чикашка берза во петокот достигна ниво од 9,51 долари, што е историски рекорд. Нафтата исто така поскапе месецов и достигна на Њујоршката берза историски максимум од 83,90 долари за барел.
Над 100 лица исчезнаа на Хималаите
Над 100 лица се водат за исчезнати на Хималаите, меѓу кои има алпинисти од Германија, Австралија и Русија, јавија локалните медиуми, кои наведуваат и дека најмалку едно лице загинало.
„Ја изгубивме врската со повеќе од 100 алпинисти и туристи, со нивните водичи и носачите поради големите снежни наноси“, соопшти висок претставник на државата Утараканд.
Според информациите, за исчезнати се водат четири групи на туристи составени од седум Германци, четворица Руси и еден Австралиец. Туристите биле спроведувани од 60 - тина Индуси – водичи, готвачи и носачи, кои исто така се исчезнати.
Локалните медиуми јавуваат дека на планините непрекинато паѓа снег цели 36 часа со можност снежните наноси да се засилат во наредните неколку дена.
Властите на Утараканд побарале од индиското Министерство за одбрана хеликоптер, со цел побрзо да започне потрагата по исчезнатите лица.
Триесетина убиени во самоубиствен бомбашки напад
Најмалку 31 лице, повеќето војници се жртви на самоубиствен атентат врз автобус со авганистански војници, соопшти министерот за здравство Сајед Мохамед Амин Фатеми.
„Најмалку 31 лице загинале, речиси сите се војници. Дваесет се ранети, од нив 17 - тешко", рече министерот Фатеми.
Властите соопштија дека автобус на министерството за одбрана на пат за кон министерството било цел на самоубиствен атентат. Атентаторот облечен во воена униформа се доближил до автобусот и го активирал експлозивот.
извор