Ајде бе, кад се сељак покондури страшни работи се случуваат. Не сум знаела. Го знам како најголемиот гагаџија во Велес, во џебот си носеше еж кога требаше негде да седне со пријатели (зборам за постари луѓе). Јадеше како софра да нема видено и прв заминува, пари нешо да се остават нема шанси. После го знам како голем лажоман. Исто така знам кога претходниот љубовџија спиеше на власт, овој две функции на буџет држеше, плус работното место кое го има, од три места паричка капеше. Државна паричка. Исто така знам дека ретко некој да има убав збор за него како човек, речиси не постои таков возрасен човек кој ќе го пофали. Е сега цел живот не чинел и кога го видов за кандидат за Градоначалник се превртив од стол. Кога он бил фаца во вемеро бе, кој би знаел.
Типичен пример од моите постови, кои се добиваат функција во државата. Таков лаком човек кога ќе го споиш со тендери, по по по.
Небитно, Велешани го изгласаа.
Патем автопатот од Скопје за Штип не ни одговара нас. Тотално не исфрла од трасата и се ќе се насочува кон Штип. Незнам оти не не играат последните години од кога ни се случи транзицијата, ние кои бевме најбогат град во Македонија, се претворивме во едно гратче познато по Франкфурт мафија. Кога минеш по улица забележете ги лицата на луѓето со кои се разминувате, каква тага и немоќ има на нивните лица. Погледнете ја облеката, погледнете ги добро луѓето како личат. Навечер погледнете ја младината, никогаш во Велес немало бугарска мода, ама никогаш. Во последните години за флаша пиво девојчињата се „бореле“. Или за кредит од 200 денари. Тоа се поразителни податоци за еден таков град, за едни таква градска култура, за еден таков глас кој го имавме со години. И капак на се пред Гимназија кога видов дека млади були шетаат и така одат на училиште