Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто за пофалба.
Денес беше свечено пуштено во употреба пешачкиот мост што ги спојува Нова Населба и Општина.
Веќе не треба да газиме по калта и да се пазиме да не не згази воз.
Секоја чест на вработените во Дервен кој се потрудија за разеленување и уредување на ова место.


Убаво е да се чуе дека и во Велес нешто се работи и инвестира.
После катострафалната приватизација од 1993 г., Велес економски се уништи, илјадници велешани останаа без работа, ама да се надеваме дека ќе се отвараат уште нови фирми кои ќе ја вработуваат велешката младина.
 
Шо нешто разбрав адвокатот Темов се самоубил,колку е вистина и дали е вистина незнам
 
Кој е Темов ебаго?
 
Германската компанија „Маркард“ ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес во април или мај годинава. Планира да ја заврши изградбата до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година.
 
Па мислам тие сликички со една мешалка на агрегат, вреќа цементо и куп трошење за т.н свечено отварање се само за да исперат слаби мозоци па Велес беше Македонски Детроит барем до(од 1975) 1993-95 е потоа....:facepalm:
Мозокот ни е испран, хахаха стварно интересна фраза користите. Лајк. (y)
Јас тој период го памтам по долгите редици чекајки за храна, го памтам тој период на татко ми од работа му даваа бонови наместо плата, чекаа ред со саати за да купат млеко, бензин, правеа стокови резерви на храна. Ова е околу 90тите... После тоа од 1994-2000 испропаднаа сите фабрики, тогашните транзициони политичари ги наполнија џебовите. Тогаш фана бран на самоубиства... Кој памти знае за што зборувам.
До ден денеска се зборува за тој период (од убавата страна) , дека на работа за време на смена се правеле софри, се нарачувале јагниња, се пиело на работа, слави чекале во Брако трета смена... Се одело во Претор и во Царина на одмор преку работа. :cool:
Сега сме 2014, тоа било пред 20-30 години. Сите среќно живееле (цена што јас и ти ја плаќаме денеска) , но долговите се трупале...
Сега се враќаат сите долгови што градот Велес ги трупал изминатите години. Моментално Велес не почнува од нула, туку почнува затрупан од долгови за кој сме плаќале ние, а не сме добивале ништо. Дури и ова минорно нешто за кое сега се смеете, е голем напредок. Слободно одете на некоја советничка седница, имате право и видете во колкав долг е градот Велес. Долг кој го билдале сите оние кои што биле на власт до сега...
Епа деца, ете моментално се реновира секој сантим од градов, се отвори фабрика на 40км, и се гради друга на 15км од центарот на Велес.
Зборувате за фабриката во Кавадарци, сте биле да ги видите условите за работа какви се? Ако не, не зборувајте за џабе. Никој присилно не тера никој да работи. На кој му е подобро да не работи за 12.500 денари, нека седи дома. Не можеме сите да бидеме јавна администрација и да зимаме 16.000 денари. И едно треба да сватиме, ние живееме во Македонија, држава во која последниве години почна да се дешава нешто. Не дека и сега сме сјајни, ама барем се осеќа некој напредок. Јас сум голем поддржувач на бугарските пасоши, слободно кој сака може да си извади и да оди по белиот свет. :)
 
Убаво е да се чуе дека се работи нешто, дека се отвараат нови фабрики, нови работни места.
Полна подршка и од мене за тоа. Новите фабрики во Велес се една од поубавите работи што му се случуваат на градот. И да, подобро е да се работи за 12500 плата, отколку да не се работи

Ама, за да не ни биде мозокот испран, како што викаш, гледај ги фактите од сите страни. Може го памтиме периодот по редици за млеко и бензин, ама сите постари ќе ти кажат дека задоволството на живот било поголемо тогаш.

Окулу долговите што ги спомнуваш, фактите викаат:
1991 год, Македонија наследува долг окулу 0,8 милијарди евра
За наредни 15 години сите влади, ( и ВМРО и СДСМ ) не задолжуваат со нови 1,7 милијарди евра и во 2006 година имаме вкупен долг од 2,5 милијарди
За наредни 7 години ( 2006-2013 ) не задолжуваат со нови 3 нови милијарди евра и во 2013 година имаме вкупен долг од 5,5 милијарди !!!!

Кога ги знаеш овие бројки, јасно е зашто народот е револтиран окулу изградба на едно паркче или мовче
 
Кога ги знаеш овие бројки, јасно е зашто народот е револтиран окулу изградба на едно паркче или мовче
Стојам зад тоа дека е хендикеп да живееш во Македонија, ОГРОМЕН ХЕНДИКЕП, но тука сме и мора да се трудиме да го смениме тоа. Не може одма Велес да процвета со отварање на две фабрики, но почеток е ова. Нормално е државата да има долгови, но треба да има резултат од долгот. До пред 5 години немаше ни мовче, ни споменик, а сепак се задолжувавме. Сега некако се опипува сработеното, тоа ми беше зборот.

И за тој период што го зборуваме, дека било поубаво, да било, но за нас тоа е минато и сега ние ја чувствуваме таа последица.

Како и да е, ке има ваа година Veles Easter Festival? :)
 
Кој е вој Јане Ц. шо загинал сабајле со мотор?
 
Кој е вој Јане Ц. шо загинал сабајле со мотор?

од тунелот..познаник ми беше

иако имаше пороци, не беше лошо дете..Нека почива во мир!
 
Стојам зад тоа дека е хендикеп да живееш во Македонија, ОГРОМЕН ХЕНДИКЕП, но тука сме и мора да се трудиме да го смениме тоа. Не може одма Велес да процвета со отварање на две фабрики, но почеток е ова. Нормално е државата да има долгови, но треба да има резултат од долгот. До пред 5 години немаше ни мовче, ни споменик, а сепак се задолжувавме. Сега некако се опипува сработеното, тоа ми беше зборот.

И за тој период што го зборуваме, дека било поубаво, да било, но за нас тоа е минато и сега ние ја чувствуваме таа последица.

Како и да е, ке има ваа година Veles Easter Festival? :)
Со исклучок на се,дали нешто се сработило или не,дали се направило мовче или незнам ти што.Прашањето е дали Велес и Македонија народот се чуствува слободен или живее под притисок од режим дали ќе направи или ќе ја искритикува фамилијата,без притоа некој да не сноси последици,од линчувања,затвори или прогон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom