Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Значи почнаа и пари да се бараат (n)

А јас па мислев дека Преродбава во 100 чекори проширена и надрградена е бесплатна :facepalm:
 
Нешто за пофалба.
Денес беше свечено пуштено во употреба пешачкиот мост што ги спојува Нова Населба и Општина.
Веќе не треба да газиме по калта и да се пазиме да не не згази воз.
Секоја чест на вработените во Дервен кој се потрудија за разеленување и уредување на ова место.

1972312_416566935154436_1307022293_n.jpg
 
Супер е направено....Нов предизвик за урбаните терминатори уништувачи на урбана опрема...
 
Нешто за пофалба.
Денес беше свечено пуштено во употреба пешачкиот мост што ги спојува Нова Населба и Општина.
Веќе не треба да газиме по калта и да се пазиме да не не згази воз.
Секоја чест на вработените во Дервен кој се потрудија за разеленување и уредување на ова место.

Убаво изгледа, скратија 7 мин пат.

Туку по кој кал газевте од кулите во Општина до точкава? Кој воз ве газеше?
По тие стрмнини надоле и тоа ѓубре во линија, кога ќе се симне некој и наново ќе се качи во последниве години да ми се јавиш :D Каков драматичен опис „веќе не треба да газиме по калта и да се пазиме воз да не не згази“. Абе и часеви по драма да не ви даваат бесплатни?
 
Глеј сега, јас само пофалив нешто што е убаво. Стварно чудни сте. Никој не спомна партии и сл. срања. Не бидете патетични барем еднаш во животот. Ке ни направат нешто навистина убаво и одма :гомце: да се јаде. Да 7 минути ми значат. Некојпат 10-15 пати во денот го минам тој пат, тоа се скоро саат и пола. Да не правиме муабет луѓето што одат секојдневно на работа по тој пат. 7 минути значат да не го испуштиш автобусот. Едноставно е. Мајка ми е пола инвалид, 7 минути или 500 метра и значат повеке одколку што ми значат мене или тебе.
Мостот е убав, го отвара тој мртов простор што беше таму. Плус ДА, НЕ ГАЗИМЕ КАЛ. Имаш видено како беше тој простор?
Не зборувај глупости само да се каже нешто, биди реална. Не сме само јас и ти жители во Велес или во таа населба. Има многу други.

Се спојувате партиски, зарем подалеку не можете да видите? Се што се прави се прави за народот, партиите идат и си одат...

Еве ти ја калта.
1939733_462059310586794_1894415860_o.jpg

Зарем правење на нов парк во центарот на Велес не е добра работа?

1781308_461654783960580_1847400978_o.jpg

Кога последен пат се реновирал стадионот? И каков беше пред да почнат да го прават?

1557180_459035197555872_1044913818_o.jpg

Зарем реновирањето на Спомен Костурницата е лоша работа? Гимназијата поубава беше кога се распагаше? Кој до сега се обидел да ја реновира браната на Младост (вентилите за вода) ?

Се оградувам од сите партиски муабети, влијанија и слично, јас сум работник за минималец, немам работа до сега понудено од никоја партија. Земи чисто граѓански иницијативно прочитај го сработеното во 2013 и кажи ми една работа што не е така. Една работа што ние обичните граѓани немаме ќар од направеното.

1939530_457202464405812_497760893_n.jpg
1939530_457202464405812_497760893_n.jpg
[DOUBLEPOST=1393608775][/DOUBLEPOST]
По тие стрмнини надоле и тоа ѓубре во линија, кога ќе се симне некој и наново ќе се качи во последниве години да ми се јавиш
Очигледно не си од тој дел на градот... Да, јас се симињав то тие стрмнини и ѓубре за да скратам 7 минути. Сега имам мости и многу ми е убаво. :)
 
Последно уредено:
Јас ти реплицирав за калта и возот. Ниту по кал газевте, ниту воз ве газеше. Не за друго мое маало е тоа , така да кал и возови на некои од Костурница кажи им. Автобусот стои пред бели мугри, а не таму.

А за мовчето реков убаво изгледа, го видов кога го правеа. За сите останати работи е убаво да се среди, дај боже се да сред во Велес, секоја година му плаќам даноци, мене ми е поубаво да ги видам парите. Не сум јас партиски човек Темјане, партиски живот е за оние кои по ниеден друг основ не се снашле во животот, па тоа им е задна шанса.[DOUBLEPOST=1393609165][/DOUBLEPOST]
Еве ти ја калта.
Очигледно не си од тој дел на градот... Да, јас се симињав то тие стрмнини и ѓубре за да скратам 7 минути. Сега имам мости и многу ми е убаво. :)

Ауч, налета на кол :D
 
Последно уредено:
Зарем правење на нов парк во центарот на Велес не е добра работа?

Не е.

Интересно но ете се прават штедливи па во низа држави покрај пат(магистрален, авто па дури и во урбана средина-Белгија на пример) поставуваат панели за енергија и таа директно се троши конкретно во Белгија мислам за железницата-епа ете ти економичност, ефективност и иновативност и ремонтот на возовите е ОК но сепак таа енергија која ја трошат не извира така ниту пак парите и затоа наместо пола милијарда за градулинки да се направеше убаво Коридор 8, понатаму Гасификација на ТЕЦ Неготино, чебрен и низа други ВАЖНИ Инфраструктурни објекти кои тек ќе се исплатеа они ете менуваат плочки, ивичњаци и слично.

Алудирам кон фактот дека економската логика според која вложувате инпут и очекувате мнаксимизиран аутпут кај нас...па не ја применуваа, сигурно дека Воинот на Коњ нема да ја поевтини струјата но Гасификација на Т.Е.Ц Неготино апсолутно ДА а тоа е и подобро за бизнис секторот.
 
Јас ти реплицирав за калта и возот. Ниту по кал газевте, ниту воз ве газеше. Не за друго мое маало е тоа , така да кал и возови на некои од Костурница кажи им. Автобусот стои пред бели мугри, а не таму.

А за мовчето реков убаво изгледа, го видов кога го правеа. За сите останати работи е убаво да се среди, дај боже се да сред во Велес, секоја година му плаќам даноци, мене ми е поубаво да ги видам парите. Не сум јас партиски човек Темјане, партиски живот е за оние кои по ниеден друг основ не се снашле во животот, па тоа им е задна шанса.[DOUBLEPOST=1393609165][/DOUBLEPOST]
Ауч, налета на кол :D
Ок, рековме ги оставаме партиите и колците на страна. За кал Леандре имаше кал до коленици, баш сега го правевме муабетот за мовчето со случајни дечки и сите потврдивме дека мовчето не беше главен приоритет, но стои во нацрт планот 10 години и еве сега се направи. Кал немаше само среде лето, а пругата ја преминувавме на дневна база и јас од кога знам за мене, 100 пати сум стоел доле на пругата да помине возот и после да се прекачам. Оди види убаво е одцртана патеката од каде што ја преминувавме пругата. Пругата ја преминуваа и деца и старци, значи критична маса на граѓани го користеле тој див премин.
Башка автобусите сабајле кога се оди на работа, голем дел тргаат од Превалец, Трговски и бичат накај Центар. Пан Такси (Бели Мугри) е станица за враќање на автобусите. Да си го знаеш ова ако те праша некој. :)[DOUBLEPOST=1393616933][/DOUBLEPOST]
Не е.
Интересно но ете се прават штедливи па во низа држави покрај пат(магистрален, авто па дури и во урбана средина-Белгија на пример) поставуваат панели за енергија и таа директно се троши конкретно во Белгија мислам за железницата-епа ете ти економичност, ефективност и иновативност и ремонтот на возовите е ОК но сепак таа енергија која ја трошат не извира така ниту пак парите и затоа наместо пола милијарда за градулинки да се направеше убаво Коридор 8, понатаму Гасификација на ТЕЦ Неготино, чебрен и низа други ВАЖНИ Инфраструктурни објекти кои тек ќе се исплатеа они ете менуваат плочки, ивичњаци и слично.
Алудирам кон фактот дека економската логика според која вложувате инпут и очекувате мнаксимизиран аутпут кај нас...па не ја применуваа, сигурно дека Воинот на Коњ нема да ја поевтини струјата но Гасификација на Т.Е.Ц Неготино апсолутно ДА а тоа е и подобро за бизнис секторот.

Бате, уредувањето на градот е нешто што треба да се прави без оглед дали се избори или не, дали цвета економијата или е во пад. Во секој нормален, да не речам модерен град ,центарот е среден, има нови плочки, нови ивичњаци, зеленило и слично. Зошто тоа да не биде така и кај нас?
Се слагам со тебе дека треба да се обрне внимание на економичноста и ефективноста, но ке го оставиме тоа за понатаму. Сакам да кажам конкретно за Велес, без да потенцирам партија, има напредок, каков таков. Никогаш до сега немало градежен бум, а сега има и се покажува со дела. При крај е паркот на ветерни електрани, Вевчани кога сме веке кај економичноста. Се делат субвенции за сончеви колектори итн итн.
2veternicislika.jpg
Се отвори Дрекселмаер која што вработи еден куп џабелебојадци, кладилничари и галабчари. За една година ке се отвори и втората фабрика во Велес за автомобилски делови. 200 евра плата може е минималец ама е повеке за разлика од предходно понуденото(алевада, леови и скопје за 15.000) .
Не може наеднаш се да пркне, но јас како млад човек имам повеке надеж дека Велес ке испадне од тешката депресија во која што тонеше.
Не го зборувам ова партиски, не сакам ништо ни од едните ни од другите. Но убаво ми е кога гледам како полека полека Велес живнува.

Наредно, ги оставам мојте 50 центи на железница. Ако се управи тоа чудо, ке бидам пресрекен човек. :)
 
Последно уредено:
Ок, рековме ги оставаме партиите и колците на страна. За кал Леандре имаше кал до коленици, баш сега го правевме муабетот за мовчето со случајни дечки и сите потврдивме дека мовчето не беше главен приоритет, но стои во нацрт планот 10 години и еве сега се направи. Кал немаше само среде лето, а пругата ја преминувавме на дневна база и јас од кога знам за мене, 100 пати сум стоел доле на пругата да помине возот и после да се прекачам. Оди види убаво е одцртана патеката од каде што ја преминувавме пругата. Пругата ја преминуваа и деца и старци, значи критична маса на граѓани го користеле тој див премин.
Башка автобусите сабајле кога се оди на работа, голем дел тргаат од Превалец, Трговски и бичат накај Центар. Пан Такси (Бели Мугри) е станица за враќање на автобусите. Да си го знаеш ова ако те праша некој. :)

Темјане, кал има пред секоја зграда и пред секоја куќа во Велес. Али ти тоа така драматично го опиша, што луѓе што не живеат во тој дел ќе речат за греови Темјанот во кал живеел со години. Јас само за тој дел ти реплицирав. Ви требало мовче ви направиле, нема ништо лошо таму да има пролаз, нема што да мрчам без веза. Иако економски за 7 мин кратење пат не се исплати мовчето, али тој пред него што спиеше 4 години и љубовни проблеми си решаваше, а ти ревносно го бранеше на темава колку што ме држи сеќавањето, убаво е пак да се средува градот. Оти после Ацка тротоарчето се така остана, нечепнато. За стадионот ми е најдраго да се среди и заличи на стадион, а би сакала повторно да имаме најубава спортска сала во Македонија, како што имавме во 90те. Во право ли сум Темјане?
Патем за бувчињата, следен пат премини ја улицата карши Пан такси замисли таму застануваат автобусите кои кружат до трговски и бичат за центар, освен се разбира ако не сакаш и тука едно мовче да ти изградат за да не пазиш коли да те згазат или недај боже да заврне па и во кал да цапнеш позади автобуското стојалиште ;)

Патем ние први комшии, а да не се знаеме, не е можно. Ќе се дознаеме наскоро :)
 
Патем ние први комшии, а да не се знаеме, не е можно. Ќе се дознаеме наскоро :)
Кога сме веке кај калта, загледуј по чевлите на комшиите, ако видиш чевли со кал, јас сум! :pos:
 
Значи ПРЕРОДБЕНИЦИВЕ стасаа и овде...браво...:facepalm:
Овој јунаков од погоре, бил работник за минималец ама како убаво ни препостира се живо и диво што му дале во штаб , алал вера :facepalm:
Ова прочитаново од погоре, ако го чита некој кој не е од Велес ќе мисли дека градот наш ти е во Шведска некаде :(
Они правеле,граделе,зидале ,се по ред правеле...а тоа што на главната улица Благој Ѓорев пола од дуќаните се затворени а останатите пола на мала душа тоа не е важно (n)
Кажи им дете во штаб , кога ќе те викнат, дека од денес и последното Нет Кафе во Велес е затворено ...Контакт отиде во историјата...уште некој под биро ...а во меѓувреме нека Ви кажуваат колку ви е убаво...(n)
 
Матиз....Од кога е затворен Контакт...некна поминав таму , пишуваше деека работат двократно. Да не заработил некоја преродбеничка казна, па да му е времено затворен....Кажи ако знаеш повеќе информации!!
 
Нема сега не знам,не видов,вчера денес , нели вие од Жолта Куќа , работите 24/7 :facepalm:

Ако не си видел , оди види ...ене го Драган што го држеше нет кафето како ги отштрафува бироата ...отиде бизнисот (n) , може сега ке го земат во Дрекслермаер или во Маркарт уште по убаво :facepalm:

Плус нема потреба да го фалиш Чади Баба , дека он тоа многу работи... за тоа се задолжени Миленко,Јанко и плавушите околу него во кабинетот (y)
 
Велес ќе проспериралo_O,абе касаба и уште позатуцан град ќе стане.
Ене ги ноа автопатине што ѓи прават за Гостивар,Прилеп сите ќе го заобиколуваат Велес.
Фраер си во Велес, ако работиш во Дрекслермаер.
 
Нема сега не знам,не видов,вчера денес , нели вие од Жолта Куќа , работите 24/7 :facepalm:

Ако не си видел , оди види ...ене го Драган што го држеше нет кафето како ги отштрафува бироата ...отиде бизнисот (n) , може сега ке го земат во Дрекслермаер или во Маркарт уште по убаво :facepalm:

Плус нема потреба да го фалиш Чади Баба , дека он тоа многу работи... за тоа се задолжени Миленко,Јанко и плавушите околу него во кабинетот (y)
matiz...мислам дека имаш сериозен проблем.....Стасан си за ремонт,....каде виде политика во мојот пост погоре ....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom