~*~
Вечерва овде без тебе ... колку многу рани имам по срцево не знам ниту јас сама, не се бројат, се борев со далечина, се борев со тромадоли, се борев со општество, се борев за слава ... многу битки добив најмил, мислам дека и многу битки изгубив, но кој се грижи за битките кога ја добил војната или барем мисли дека ја добил.
И ете по некоја глупава патека, се појавуваш ти ... толку совршен, а јас велев и останувам на тоа, љубовта никогаш не доаѓа постепено, но сега, сега ме удри како воз, ме прегази, каде јас ладнокрвно суштество сега со толку многу емоции, не знам што да им правам, ме гушат, ми го стегаат срцето, не можам да дишам, не можам да мислам ... можам само да чувствувам, така силно!
Ти ... јас во туѓо тело, една душа во две различни тела, такво поклопување со нечија димензија сум немала никогаш до сега, имаме дури исти очи ... имаме исти ставови, имаме дури исти омилени серии, а никој не ги гледа сериите што јас ги гледам.
Ти човеку, така силно ми требаш што се чудам како е тоа можно кога мене нели никој не ми треба, епа ... ми требаш ти!
Ми требаш како воздух, како вода, како хартија ...
Вечерва овде без тебе, само се молам да те видам утре, да те допарам како денес, да те погледнам во очите и таму да потонам, да ... само се молам да не престанеш да постоиш.
Ти во мене вдахна живот!
БЛАГОДАРАМ!