Незнаев, не бев свесна, не бев сигурна дека толку сум станала зависна од тебе. Ми недостасуваш, ми фали твојот поглед, твојата прегратка. Ах...:srce:
Ти го рушам сончето? Се надевам, би сакала, би била среќна.
Да беше тука ќе се галкавме, ќе те мазев цела вечер, ќе ги протнував прстите низ косата твоја, додека твоите раце ја опколуваат мојата половина.
Нежно ќе си ги допиравме усните, ќе ни жежеа, ќе ни се лепеа од возбуда...
Ќе се топивме, ќе збеснувавме од погледите, ќе се јадевме со поглед, ќе се грицкавме, ќе се штипкавме...
Ќе имавме страшна вечер, денес, а не утре.:baeh: