Се е исто, а толку многу различно... Мисливе не можам да си ги средам на едно место, бидејќи ми се таму некаде далеку, премногу далеку за да можам да си ги доведам назад. Срцево што чука во градиве, преживува само за да ја дочека повторната средба со тебе, каде што ќе може целосно да ти се препушти. Зар не гледаш ли дека оваа далечина ме убива полека, а толку многу болно. Доволен е само еден твој бакнеж и сета болка си заминува, се додека повторно не ги снема твоите бакнежи, а јас сум осамена. Колку би сакала вечерва да си тука и да ми кажеш дека ме сакаш, да ми докажеш која сум за повторно да знам која сум. Посакувам бакнежите и допирите твои да го преплавуваат моево тело, да ми шепотиш на уво за мојата убавина, физичка и душевна.
Вечерва овде, без тебе... единствено што ми останува е да посакувам да си до мене