Вашите готварски бламажи

Правев палачинки без прашак за пециво... Ставаш од смесата во цело тавче, излага палачинката три пати помала...
 
Добро, зошто никој од вас не го спомна тоа :)

Еднаш мајка ми имаше оставено да одмрзнува стекот кога ќе се врати од работа да го прави, ама ај јас паметна, ќе ги изненадам и ќе направам за јадење. Ај тоа што стековите ко прво не ги исчукав, ги бутнав да се пржат у тава такви дебели ко гранати :pos: па ми се јави една другарка на телефон. Скроз заборавив на стековите, ми текна на нив кога веќе почна да мириса и кога ги видов, како од крематориум извадени беа :D:D:D Ги лажев дома после некако, демек покрцкави, таков бил рецептот, модерни биле така да се јадат (втффф :D)
 
Лол ме потсети на една случка од детството.
Бев некаде 6-7 одд. бев сам дома и решив тој ден да биде првпат да пробам сам да зготвам нешто. Изрендав компир и сакав да го испржам тоа ренданото... ц ц ц, мислев ќе излезе нешто како ситен чипс или што ти ја знам што.
На крај излезе нешто недефинирано како дебела палачинка што директно заврши в канта. Тенџерето го измив и тоа беше тоа, никој не разбра за оваа моја бламажа.
:tapp:

 
Правев палачинки без прашак за пециво... Ставаш од смесата во цело тавче, излага палачинката три пати помала...
Ја прв пат слушам дека се праат палачинки со прашак за пециво :pipi:
Знам дека големината на лапачинката - шо би рекле децата :pos: зависи од тоа како ти е погодена смесата (јајца, млеко, брашно, кисела вода) и како ќе ја разлееш во тавчето за пржење.
Мене еднаш не ми искачаше смесата за палачинки, па викам ај за да бидат помеки ќе ставам сода. Не дека беа лоши за јадење, само малце беа темни а и вкусот им беше како перек :icon_lol:
 
Ја прв пат слушам дека се праат палачинки со прашак за пециво :pipi:
Знам дека големината на лапачинката - шо би рекле децата :pos: зависи од тоа како ти е погодена смесата (јајца, млеко, брашно, кисела вода) и како ќе ја разлееш во тавчето за пржење.
Мене еднаш не ми искачаше смесата за палачинки, па викам ај за да бидат помеки ќе ставам сода. Не дека беа лоши за јадење, само малце беа темни а и вкусот им беше како перек :icon_lol:
Епа испадна дека се ставало (бар по на баба рецептот) :) Од тогаш, немам пробано да направам :)
 
Епа испадна дека се ставало (бар по на баба рецептот) :) Од тогаш, немам пробано да направам :)
Пробај без пециво по мојот рецепт, па кажи како ти испаднале :D
 
Ги има многу ама ќе кажам една најпресна од пред 2-3 недели. Макарони утнав, еј живи бруки сум. Видов еден рецепт кај што макароните не се варат, туку се ставаат во 2-3 јајца со миксер изматени и кисела вода и се стават да се печат. Направив јас така, ставив и малку рендано сирење и ги ставив да се печат, ама малку ги препечев. Пробав малку не ми се бендисаа и ги оставив, си постојаа така еден час и станаа ќутук тврди. И ете ти го тој (либето) подрани нешто,(да беше се убаво спремано кој знае колку ќе каснеше дали и воопшто ќе дојдеше) јас па како не ги фрлив туку седна и рече ќе јаде од нив. Јас го убедував нешто друго да јадеме ама тој рече и пресече, не дека јадеше од нив туку така со вилушката боцна една предрвена макаронка и почна а се смее. Проба од инат за да има за што да ме зеза и да збори, па уште и вика кога ќе правиш пак такви макарони (ќе му направам, ќе му направам, ќе гледам исти такви да направам).
Еднаш и цел стан ќе му запалев, ама ај за тоа друг пат.
 
Ретко да не направам некоја глупост ама еве мој топ 5:
  1. Омлет со сини сливи и кашкавал.... (грозно)
  2. Тиквички (презлата да ти била сиров шеќер -изгоре тавата)
  3. Ќофтиња (се ставало лебни трошки - може да се рече дека ставив цел леб)
  4. Пица (ја заборавив и го уништив мини-шпоретот)
  5. Кафе со сол - нормално :)
Сите овие работи ми се случиле кога сум екстра сонлив.
 
имам напраено неколку утки, еве дел од нив:
1. Сникерс со солени кикирики (не ми текна дека треба несолени да наjдам)
2. Палачинки без jаjца и испаднаа како .. ќумур
3. Варев ориз и ми загоре па цел го фрлив а тенџерето додека го измив бицепсот си го набилдав.
4. Праев пица и се беше океj се додека не ми падна позади шпорет.. па jа забришав со салфетка и jа сервирав :oops:
 
1. поткиселив загорено млеко (тоа кога се филмав дека всушност праам експерименти со различни млечно - кисели култури), па уште се обидував да се убедам дека не е толку лошо и дека може да се јаде..... :sick:

2. зеленчуковата супа испадна зелена каша од листови од брокули со вкус на трева;

3. нема ниеден поиритирачки мирис, кој не можеш да го изветрееш со денови, од мирисот на прегорен грав во комбинација со црвен пипер;

4. наместо пудинг - „ќофтиња“ од ванила во млеко („ќофтињата“, се разбира, со прашкаста срцевина);

5. обидете се да направите соја шницли, ама наместо да ги потопите во врела вода, потопете ги во пиво... навистина се вкусни (освен ако заборавите да ги исцедите пред пржење/похување)....

.... има уште, ама мислам дека и овие се доволно инкриминирачки :)
 
Ќе правам демек ручек....тава со ориз:) и ми вика мајка ми колку луѓе ќе јадат, толку финџали ориз стави. И ставам јас 4 филџани, демек 4 луѓе ќе јадат и се чудам. Си викам оваа мајка ми се мрднала, ова на заб да ми застане кај ќе јадат од ова четворица :cautious: И го наполнив јас тавичето со ориз како што треба да изгледа кога е готово јадењето :rolleyes: да има сите да се најадеме. Можете да замислите как изгледаше сето тоа.....отвараш рерна и излегува ориз од неа, јадливо беше за до душа, само што имаше за цела зграда :D
 
Епа, ете денес рибјата чорба ја утнав! Гостите само што не стигнале... :pos: Никогаш не сум направила ваков гаф, ама по грешка го лупнав патлиџанот внатре, наместо да го пржам за сос. Дека чорбава изгледа совршено - изгледа, дека не ја бива за јадење - не ја бива.

Сега ќе мљацкаме готова супа, нема време за ништо друго... :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom