Вашите готварски бламажи

Запалив пола кујна:nesum:Ставив помфрит да пржам,во тенџере со мрежичка...почекав да се згрее зејтинот,дојде другарката„ај да се прошетаме малку„ај...се вратив после саат време тенџерето имаше оган до таван,а кујната беше црна:hm:арно ми текна во моментот дека не смеам со вода да гаснам,па го покрив тенџерето со стапката од подот :)
 
Сите мои гафови се поврзани со кафето.... и тоа сите пати успеваше да се превари и да се истури кога најмалку требаше па потоа чад до небо се дигаше.
Ми текнува и на некои експерименти со зачини во секоја можна комбинација ама сепак се јадеше со малце мака или па јас сум бил прегладен...
А ова со маслото кое гори тоа намерно го имам направено за да исчадам се, ставив доста масло во тавата и си шетнав малку кога се вратив (за не толку касно) маслото скокаше насекаде и од далеку му фрливме една чаша вода... резултат куња - чернобил... тешко на тие кпои се вселија после нас.
 
Па пред година дена си седиме големо друштво и ајде јас ќе варам кафе за сите. Зимам што е лошо 2-3 ѓезвиња ги ставам на рингла и ставам кафе и ставам "шеќер". И им послужувам кафето и другарот прв што проба ќе ме стрелаше му се повраќаше оно јас кај сите сол сум ставила. И под казна морав да правам нова тура на кафиња. :)

А како помала ми текна викам ке готвам нешо и дома да ги изненадам моите. И зимам списанија и барам рецепти. И на крај викам ај бе палачинки ке правам. И направив тоа смесата. И да правам палачинки леле една гори, друга несака да се преврти, трета за ништо не ја бива, друга на пола ќе ми се скине. И памтам дека се на се имаше 8-9 палачинки полудобри. И кога дојде мајка ми вика добро ај си се потрудила барем. А да и додека готвев кантата стоеше до мене и се фрлав полна беше со смесата за палачинки:pos2:
 
Баш пред некој ден , станав да сварам млеко и го ставив на рингла и си дојдов на компјутер иииииии КАСНО ми текна дека имам млеко оставено ..Отидов у кујна глеам чад , чад , чаддд и отворав прозори одма ..а шпоретот беше невиден ..млекото беше искипано , загорено , ѓезвето црно , залепено за ринглаа.. Ау ау ау ..ме фати паника малце , шпоретот го средив некако , а ѓезвето у канта..

Најкриво ми беше шо не пиев млеко..:cry: :)
 
Pa ne se pletkam vo kujnata i ne sum napravila nesto posebno osven sto imam izgoreno jadenja (na primer majka mi ke mi reci da pripazam na jadenjeto a taa ke ispadne i jas ke go zaboravam koga ke pocne da mi cadi ili mirisa nesto koga ke vidam ima sto da se vide) mi se ima sluceno mesto seker da stavam sol vo kafe ali ednas ili dvapati i obicno kafeto koga go varam najcesto saka da mi bega kaj komsiite :icon_lol:
 
браво домакинке пофали се (или ова во кратки црти не варам кафе на гости, а ако сварам ке ве отрујам бирајте):baeh:
 
Еве еден гаф од мајка ми.Имавме гости и превеше крофни.Се супер ги направи како што ги прави секогаш.Гостите пробаа и сите одма почнаа да плукаат.Мајка ми место шеќер ставила сол.Се изнасмеавме, а мајка ми направи нови крофни.
 
Студентски денови, јбг. Прва година на факултет, јас сам дома, онака период на стечај (едвај чекаш да помине и да го добиеш, повеќе од заслуженото појачање од дома). Како и да е, добивам на идеја да си правам нешто благо, па се сетив како мајка ми прави пандишпан за торти. И почнав и јас да правам...ставив се, само немав брашно, па си реков ај може нема да има потреба. Го печам јас, и по пола саат добив неверојатен резултат - прекрасна леплива комплетно аморфна кора, која никако не можев ни да ја одлепам од тепсијата, а камоли да ја јадам. И така, од мојата желба за домашно благо, остана само желбата...и искуството да запазам дека ако нешто сакам да ми испадне, треба да ставам СЕ што пишува во рецептот. :)
 
на тетин ми му имам сварено кафе со лимонтузи а он сирот не поднесува кисело и веднаш кога го проба почна да плука.
 
Сум имал многу гафови но нај за паметење е тоа што сварив кафе со сол и будала ништо не приметив го испив и на крај видов дека сум ставил сол..
 
Најголем гаф- пробав да правам демек солени тулумби, па набутав од смеса од варени компири во шприц за тулумби, па демек тоа да го пржам. И ем што не излегуваше смесата, го скршив и тоа правалото. На крај, само пирето го остаив за некој ако сака да го јаде :kesa:
 
Си правам похован кашкавал,и место презла, ставив некој си вид на ванила (ептен слична на презла во изглед) и така си јадев сладок пржен кашкавал,од ,,гладноќа“ цел го изедов, нормално бев проследен со невидени стомачни турбуленции и нагони за голема нужда :kesa:
 
Не беше по моја вина признавам. Земав да направам еден рецепт од Храна и Вино списанието. На сликата изгледаше превкусно. И така земав јас да си го праам колачот. Се според рецептот, се како што треба. Си се испече колачов, го извадив од рерна и зимам ножот да исечам :vozbud: лудница, тоа нож не го сечеше а камоли да го јаде некој. И така стана храна за џукелите низ маало.
Друга ствар! :pos2:
Ова беше пред 7-8 години. Решив да правам ручек. Се мислев што што и на крај излезе пржени компири да праам. И така си ставив ја тенџерето на рингла, си ставив зејтин, и забегав негде. Си го заборавив зејтинот, тој си се упекол на велико. И ја у паника леле зејтинот, ставам компирите внатре, и зејтинот коа се прелеа низ шпорет леле мајко. Избувна пламен, арно бев свесна па не стаив вода ко другарка ми, фатив тенџерето со крпа и преку прозор со се компири со се се. А пошто прозоров ми гледа баш накај автобуска, во тој момент си застана автобус да истресе по некој патник, ја у тој момент фрлам тенџерето луѓе ме гледаат се прскаат од смеење не им е јасно што праи лудачата :) И така останавме без ручек тој ден :pos2: :pos2:
 
Што сте пробале да припремите, а од тоа не испаднало ништо или пак излегло нешто на што би цело маало потшепнувало "Ево го Стево Карапанџа што ќе ја запалеше кујната и ќе ги иструјаше гостите" ?
 
Лол ме потсети на една случка од детството.
Бев некаде 6-7 одд. бев сам дома и решив тој ден да биде првпат да пробам сам да зготвам нешто. Изрендав компир и сакав да го испржам тоа ренданото... ц ц ц, мислев ќе излезе нешто како ситен чипс или што ти ја знам што.
На крај излезе нешто недефинирано како дебела палачинка што директно заврши в канта. Тенџерето го измив и тоа беше тоа, никој не разбра за оваа моја бламажа.
:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom