Прва утка = правев сама тулумби. Тестото ок некако испадна, ама кога требаше да се пржат, наместо во длабок сад со мноогу масло, ја си ги динстав ко да се копани. И нормално, загореа само озгора, а внатре меки да не речам живи.
Скришум све џитнав

А среќа не ми беше спремен шербетот... Имав 11 години, сепак се брои ентузијазмот!
Имам утнувано еден куп теста за пица, кифли, дур да се научам да месам на помеко. После тоа си ја практикував на баба ми главната фора - штипни го тестото и треба да е меко ко ресичката на уво. Ни повеќе ни помалку

И ете, сеа кога правам панцероти, кифлички, испаѓааат супер со овој совет.
Палачинки, исто, проблеми со тесто стално имав, дур не утврдев дека е и до тавата проблемот. Спанаќ имам правено без зејтин, кромидот со вода го динстав, којзнае каква зелена манџурија испадна тогаш, ама ме испофалија, дека млада демек а се трудам...
Најсмешно ми беше кога од недопечено тесто, пандишпан конкретно, направив огромна топка и ја обликував, ја пикнав во фрижидер за длабоко, и после ја сечев како кришки демек тестенце благо, за со сладолед.
Добро е што не испоумрел некој

