Шајзе - затоа што на времето кога баш требаше да ги победиме увек не победуваа, али затоа 2001ва им го спопикавме со се јајца, исто ко шо среќниот МанЈу нас не заеба 1999та . И потоа знае да не плескаат ама затоа сега си го јадат. А и онака фашисти не ги сакам , фашисти се јбг
Дортмунд - заради тоа што 2 години неможевме топката да изнесеме од своја половина без да ни следува контра и гол. И на нив вративме.
Овие можеби не ги сакам но ги почитувам, сериозно да не беше толку јак Дортмунд немаше и ние да сме толку јаки, секоја чест на тоа што успеаа да постигнат без фрлање по 100 милиони за да земат само една лига и еден куп и да го фрлат под автобус.
Надвор од Дојчланд убер алес ги има неколку:
Реал Мадрид - си имаме ривалство со нив, ги сметам за најголеми конкуренти низ историјата , а и денес сепак се најтрофејниот клуп во Европа благодарение на 5те титули по ред пред 50-60 години кога ги освоиле кога другите екипи главна цел им било да не ги разочараат навивачите од својот град и позади нив не стоело цело кралство.
Ла Децима плус чекаат. А и фановите нивни многу го тупат со нивните споредби дека имаат подобри играчи на секоја позиција против секој противник што играат.
Милан - незнам зашто ама дури и сега колку се очајни мислам дека ќе не победат. За мене тие ќе бидат секогаш фаворити против нас. Едноставно не плескаат , среќа се немаме доста време сретнато во ЛШ во последните години. Најверојатно и наредните затоа што тешко дека ќе играат ЛШ во наредните години.
МанЈу- не ми беа толку одвратни благодарение на Ферги кој беше човек за респект ама сепак не ги сакав. Башка колку пати ги убедував другарите дека последните 5 години се просечна екипа со просечни играчи ама благодарение на Ферги се на тоа ниво. Тоест беа на тоа ниво сега се просечна екипа со просечни играчи и просечен тренер. А да имаат и суперултранајдобриотталентнасветот Јанужај. Има и други причини кој се 101318937 пати набројани.
Вредни за спомнување : Барса заради најдосадниот фудбал што сум го гледал некогаш, Интер исто така ама заради тоа што кога отворам фан клубот дечките имаат добар сенс за хумор и не ми се толку одбивни веќе и уште некој не ги сакам ама тоа се ситни екипи ко Нирнберг,Минхен 1860, Арсенал и ПСЖ.