Вашиот најомразен клуб

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно, малку е дискутабилна темава. Ете, некој ке се истури и ке си каже се што му лежи на душа како Ширеа :icon_lol:, и одма ке дојде некој тимчето да си го одбрани.:facepalm:
Најубаво напоменето у прв пост да нема реплицирање и готова работа.
Секој си има своја причина зошто мрази одредени тимови, макар била и банална. Некој спомна дека ги мразел Бразил зошто победувале стално, ок, негово право си е тоа.

@Stefan-kobe Лајкот е само за првиот дел од постот, да не се разбереме погрешно. :LOL: :sneaky:
 
Стварно, малку е дискутабилна темава. Ете, некој ке се истури и ке си каже се што му лежи на душа како Ширеа :icon_lol:, и одма ке дојде некој тимчето да си го одбрани.:facepalm:
Најубаво напоменето у прв пост да нема реплицирање и готова работа.
Секој си има своја причина зошто мрази одредени тимови, макар била и банална. Некој спомна дека ги мразел Бразил зошто победувале стално, ок, негово право си е тоа.

@Stefan-kobe Лајкот е само за првиот дел од постот, да не се разбереме погрешно. :LOL: :sneaky:

Ми се допаѓа како ја нарече екипата од членот кој ме цитираше :pipi:
 
Ми се допаѓа темава (y)

Вака да почнеме. Порано многу повеќе мразев одредени тимови, веројатно повеќе бев внесен во фудбалот и голем дел од енергијата ми беше кон тоа насочено. Во последно време доста намалив со тоа мразењето(дури стварно не мразам никој), но ајде да се навратиме на тоа како беше до пред некоја година.
Најпрво најмногу ги мразев Милан, ама бидејќи беа ривали на Јуве. Тоа според мене е нормално, затоа што нели во фудбалот има здрави ривалства и природно е да не ги сакаш главните противници. Кога ќе фатиме од финалето 2003, па после кога ни шибнаа 3 гола во Торино 2004, па после кога им го шибнавме во Милано во борбата за Скудетото (Дел Пиеро-Трезеге :sneaky:) и така натаму. Но сите тие се да ги наречам фудбалски причини и сосема е оправдано.

Од 2006 веќе започнува една друга приказна. Интер започнав да го мразам поради се освен фудбалски причини. Се мислам дека ќе беше друго ако тогаш Морати ја одбиеше "титулата" со неверојатно освоено трето место и достоинствено се оддалечеше од тие настани. Управата на Јуве местела, беа на суд ги осудија ги казнија. Иако според мое лично убедување исходот на Калчополи можеше да биде многу различен, не е ова сепак темата. Ете до ден денеска кога ќе се сетам дека Интер е прогласен за шампион во 05/06 и го прифатија Скудетото (дури и го прославија кревајќи го :facepalm:) ми се обраќа нешто во стомакот. Во главно дали во некој период ќе ги почитувам или не зависи и од тоа кој им е на клупата. Еве на пример лани не можев да не ги мразам кога плачкото Страмачони после секој натпревар цимолеше и ги обвинуваше судиите, среќата, повредите и се останато за слабите резултати, освен самиот себе да се обвини. Оваа сезона со Мацари на чело друга е приказната. Иако и овој знае да биде голем плачко, сепак е голем работник и се труди да направи чудо со Интер. Тоа е за почит и затоа сега може дури и симпатични ми се малку :D

После ова доаѓа Рома. Зачетоците на омразата спрема Рома ми е пред се од нивиот играчки кадар. Тоти, Мексес, Дакур, Куфре, Касано се само неколкуте т.н фудбалери чија цел кога ќе излезеа на теренот беше најмалку да играат фудбал, а многу повеќе да се степат, да сокршат некоја нога, да испровоцираат и слични глупост. Исто и кај Рома ми влијае многу кој им е на клупата, па затоа на пример лани и полани не ги поднесував ради нивните тренери Луис Енрике :facepalm: и Зденек Земан :facepalm::facepalm:. Првиот класичен ироничар, квази тренер и роден плачко, додека вториот ужасен тактичар кој со својот офанзивен фудбал го примаше сосе јајца од Болоња и Каљари.
Еве на пример како да кажам лошо за сегашниот тренер Руди Гарсиа, кој успеа да разбере каков е италјанскиот фудбал и дека со инает како неговите двајца претходници не може да успее. Искрено ги почитувам Рома оваа сезона и тоа пред се поради изјавата на нивниот тренер кога пред дербито рече: "Дербито не се игра, туку се победува".


Од другите држави стварно немам некој онака посебно, освен можеби Реал поради нивната политика на фрлање стотоци милиони по ѕвезди и тоа без никаков концепт, чисто онака колку да се купат. Овен ми беше меѓу поомилените играчи порано, но отиде таму и го снема.
 
Реал Мадрид, само они ми се константни(и Еспањол).
Другите варираат, некогаш ги мразам, некогаш не, а во оваа листа влегувале МанЈун, Челзи, Лацио, Милан, Интер, Јуве, Валенсија, Сарагоса.... (веројатно имало и други, ама овие се првите на кои што ми текнува во моментот).
 
Ама најсмешни ми се оние кои мразат тимови заради фанови од некој форум кои не ги познаваат лично. Е тоа ти е дно дна.
 
Реал, Јувентус, Звезда. Ги мрзам традиционално, заради традиционални судијски протекции.
Селтик, затоа што се Католици :P
Хибернијанс затоа што им се другарчиња на Селтик.
Од неодамна Баерн, заради архитектонските измени на нивниот стадион. Исто и Њу Касл.
 
Добро бе по илјада пати треба да се објаснува???
Секој си има свој омразен тим и ако реплицирате вие к*р ќе свиткате. Гледајте на темава како на издувен вентил и не муртете се за глупости
 
Така е бе берзеркер, искажи ја сета твоја фрустрација . извади го сетиот гнев од тебе ... (очигледно ти го расипал Јуве детството, јадниот тој интераш :tapp: )


А ти па ми го разубави денов со коментаров, немаш појма колку сум искефосан сеа. :icon_lol: Интересни ми се членовите како тебе, го користат секој моментот кога ќе се каже нешто лошо за нивниот клуб за да зајадат некој. :facepalm:
Не бе друже, не се работи за никаква фрустрација а камоли па за расипување на детство.
Сакав само да кажам колку е очаен клубот, тоа е се верувај. ;):D
 
Најомразен.. Манчестер Јунајтед од секогаш сум ги гледал како вечни ривали и секогаш сум уживал кога ќе се издвоела победа против нив. Али далеку од мрзење. Туку ситење при секој пораз, на татко ми на глава сум му се качувал, мелем во душичка.. право ривалство. :)

.. а, некој вид на омраза.. дефинитивно Барселона. Не е поради победите, поради доминацијата, дури и бев фан на самиот почеток за Барса на мали години, ама лигушкиот пристап кон фудбалот направи да неможам да ги гледам на терен.
 
До: Членот шо ја креираше темава.

Друше, шо е најтрагично.. мислам дека одредени батина од форумов не поентираа и не ти ја разбраа темава.
Алоооо... се работи за најомразен клуб, а не за најомразени фанови. Кај повеќето од нив јасно се гледа дека имаат проблем со фановите а не со клубот. :pos:
 
Back
На врв Bottom