Ваше мислење за дебелината

  • Креатор на темата Креатор на темата miloto
  • Време на започнување Време на започнување
Mene licno ne mi smeta debelinatakaj drugi lica,ama zatoa jas sum preokupirana dane se zdebelam,vazno mi e kako izgledam jas a drugi ako se custvuvaat prijatno vo nivnata koza negledam pricina mene da mi smeta, VAZNO E DA SE SREKNI
се сложувам и јас со тоа истото е и кај мене
 
Во последно време се подебели и подебели луѓе среќавам. Јас сметам дека дебелината не доаѓа од јадење туку од нејадење. Некој можеби си мисли дека ако јаде еднаш во денот ќе биде слаб, но тоа има спротивен ефект, бидејќи се јаде еднаш доаѓа до стрес на организмот и желудникот се преоптеретува и потоа се надува и така со тек на времето се добива стомак и упропастен желудник.
Статистички посиромашните слоеви страдаат од дебелина, токму заради таа неправилна исхрана.
Абе знаеш обично луѓе на работа или нешто не јадат по цел ден како за да ослабат или да не се здебелат и јадат по еднаш во денот, обично за ручек или така покасно.. Али лошото е што уствари ако цел ден е празен желудникот еднаш кога ќе седне чоек ко стока се прејадува.. И плус нагло му дава храна на желудникот што не бил цел ден во функција и него му е многу потешко да ја свари таа храна и обично ја претвара во масни наслаги..
И да.. Стварно е многу неправилен начин на исхрана..
А иначе на темата..
Не ми сметаат дебели луѓе ептен ми се срциња..
Едино мрзам ко што има некои девојки со 100+ кг и со филмови на пи*ка.. Од такт ме вадат.
 
Едино мрзам ко што има некои девојки со 100+ кг и со филмови на пи*ка.. Од такт ме вадат.
Lelelel mene pa ne vikam alal da im e sto nemaat kompleksi veruvaj mnogu e tesko da najdes denes neiskompleksiran covek, ako se sigurni vo sebe nekaa furaat ama garant i tie doma placat sto se debeli taka da toa e samo prividno
 
Јас да ви кажам од сопствено искуство. Јас имав вишок на килограми и тоа многу имав 120 кила и ужасно ми сметаше сега посаетувам режим на исхрана кај ЦЕЦЕ и сум ослабен околу 30кила и ми е супер како да сум симнал некој товар од грбот. Полесно се движам а и сексуалниот живот ми е подобар
 
Во 99 посто од случаите, дебелината е комплекс наметнат од општеството. Од 6 милијарди луѓе на планетата, барем 5.5 имаат, имале или ке имаат комплекс на дебел човек. Оние 0.5 се луѓето во африка кои немаат шо да јадат. Така да многу многу не ги интересира што мислат за него дали е слаб или дебел, освен во Сомалија каде што луѓето ако се здебелат малце повеќе не ке можат да патуваат на големи релации.(оние слабите патуваат преку Fax). :)
 
Јас би рекол дека оние во африка се повеќе од 0.5 милијарди...
Инаку комплекси отсекогаш имало, сега дефинитивно ги има многу, а во иднина секако дека ќе ги има.... тоа е нешто што не се отстранува
 
Дебелината како комплекс е скроз друга тема.. На темава станува збор за нашето мислење за реално дебелите луѓе.. Не за комплекси и сл.
 
Грда е, неприродна и нездрава.

Фала, пријатно.
 
Не се работи за физички изглед. Се работи за дебелина.
Нешто не ваља! Физички изглед vs. дебелина! Хммм..
А дебелината е што?
Форма на физичкиот изглед, не?:smir:
Некои луѓе се генетски преопределени да бидат дебели (без разлика дали се малку или многу). Нивниот организам е здрав. Секој тип на тело има свои слабости и специфични болести на кој е подложе. Најштетно за организмот е човек да се обиде да го присили да помине од еден тип на тело во друг.
Сес ху?
Точно е дека сите имаме различна конституција на тело и да, постојат различни типови на тело. Три ако не се лажам ектоморф, ендоморф и мезоморф(ова апла адаптација од англиските термини ако постојат кај нас други простено нека ми е)Сложени машини сме ние луѓето и за да функционираме како што треба, потребно е да сме во форма и чудно е како занемаруваме вакви и те како битни показатели, како дебелината, дека нешто не брчи како што треба. Дур не е моторот арно е, ама не е само моторот мајку му! И многу јасно дека не постои магионичарско стапче кое ќе направи да преминеме од еден во друг тип на тело, ама затоа тука сме ние да го одржуваме она што го имаме во здрава и нормална форма која ќе ни овозможи здрав живот и ќе не чува подалеку од чичковците во бели мантили!
Само да биде јасно има здрава исхрана, а здрава диета нема
Мене пак не ми е јасно! Јас пак не ја поистоветувам диетата со слабеење туку со начин на исхрана, здрав ил не индивидуална ствар, и ете збунка!:icon_eek:
Факт е дека да се има нормална форма на тело е најатрактивна кај нас но тоа не е секогаш возможно. Повеќето тоа го имаат природно. Но треба да се знае дека инсистирањето на упорно добивање на мускулно тело на подебелните личности ќе биде штетно и напорно за здравјето. Лага е ако некој ви каже дека ако некој човек што има 15кг повеќе од колку што би му требало да за изгледа фит би бил поздрав кога би ги изгубил тие килограми. Слабеењето како процес е многу нездраво и има трајни последици.
Добро негувано и здраво тело е атрактивно секаде, не само кај нас! А и убаво е бе кога ќе си се погледнеш во огледало и мешето стои кај шо треба и не ти попречува видик на стапала!
Абре јас во заблуди сум живеела мамата. Не драга или драги, не само што не е здраво да носиш 15 кила плус на себе, ами и опасно е! салцето на мешето не е одма под кожичката туку напластено е и околу дебелото црево енд детс факд ап! И друга работа, тој со 15 кила плус не е фит, ремембер? Ако си фит нема да дозволиш 15 кила плус на тебе! Ќе го запотиш г'зот и ќе се збогуваш со шеќерчињата, белото лепче, чипсот и кока колата! A ќе им кажеш хелоу јаболкцата, тестенините од цело зрно, бадемчињата, оревчињата, брокулите, а и целер со крем сирење праи мерак :smir:

Неприродно и нездраво е исто како и храната која ја предизвикува дебелината! Зошто да внесуваме ѓубре кога н крај нема ни да излезе како што треба од што е нездраво и погрешно!
Ми донт лајк ит!:nenene:
 
НеЗдравата исхрана има удел при дебелината, но не е толку пресудна. Јас на пример, јадам дури и премногу нездрава храна, а немам толку голем проблем со дебелината. Дечко ми, кој јаде прилично здрава храна има голем проблем со тежината...

Ако човек си има брз метаболизам и се движи доволно, колку многу и да јаде од таа нездрава храна, верувајте ми дека нема да успее да се здебели.
Сепак се е во гените :smir:
 
225629_fat_guy_in_car.jpg

Big is beautiful. :smir:
 
Ме испровоцира следната изјава ,,Според нутрициониската Тања Турунџиева , на девојките кои ја имаат висината и тежината на Каролина им фалат уште 2-3 килограми до некоја идеална тежина. Таа коментира дека девојка која е висока 175 сантиметри, треба да биде тешка околу 57-58 килограми.’’
Нутриционист, која во дневниот весник Вест, кажа дека девојкиите за да бидат идеални треба да бидат многу слаби!!! Ова веке оди надвор од индекстите спорд кои се пресметува тежината, така што младите девојки можат тежнеејки кон идеалност да си наштетат многу. Што мислите, дали изјавав е точна??
 
Анорексијата не е толку многу поврзана со тежината колку што е со психата на личноста.
 
Mene licno ne mi smeta debelinatakaj drugi lica,ama zatoa jas sum preokupirana dane se zdebelam,vazno mi e kako izgledam jas a drugi ako se custvuvaat prijatno vo nivnata koza negledam pricina mene da mi smeta, VAZNO E DA SE SREKNI

Многу точно .. Без разлика дали се дебели или не важно е тие луге да се чуствуваат удобно во својата кожа..Мене не ми смета..
 
Ne mi preci debelinata kaj drugite lugje ali kaj mene da posto sum mnogu samokriticna:S
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom