- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 358
- Поени од реакции
- 608
Еве овој будалава ќе ви објасни повеќе за дебелината:










Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мене тој мит ми накачува по килца ако јадам навечери не е за потценување ...а онда ако не е тачно кажи ми зашто е ПРЕПОРАЧЛИВО и ни трубат на глава САБАЈЛЕ да се ЈАДЕ КВАЛИТЕТЕН оброк???
за да може да истрошиме тоа све преку цел ден и имаме енергија! онда кај иде таа енергија у кревет???у сон?
Ја јадам не 3 али 2 Милки на ден и нишо друго често ми се дешавапошто ОБОЖАВАМ ЧОКОЛАДО
Ја БИ ДЕФИНТИВНО ИЗБРАЛА МИЛКААА и не ред него ЦЕЛА
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 19:49 ---
е видиш и ја исто правам понекад гладувам и тоа со лимон диетата али не 10 него 7 дена и многу ми е после чиста кожата и се осекам посвежо и поенергично....се сложувам не треба да се само јаде и јаде(телата не ни се контејнер да се трупат само со храна)..треба и паузи за чистење на организмот
![]()
Хормоналното пореметување тешко се отстранува, се што е со пореметена хормонска активност е ужас за корекција ама може си мислела на последното за генетска предиспозиција, таа се согласувам со добра диета и правилно вежбање се корегира без голем проблем ама повеќето не сакаат да вежбаат а сакаат да јадат без мерка.
Многу масти и шеќери и сами по себе се штетни, едните ќе ти ги затнат артериите а второто ќе ти го уништи панкреасот и имунолошкиот систем така да џабе вежбање со катастрофа храна.
Дифовците и сумо борачите се дебели од само една причина, земаат повеќе калории во денот отколку што трошат, ако ги истрошат сите со тежок тренинг, нема да се здебелат ама ако е џанк фуд здравјето ќе им пропадне.
Сумо борачите јадат ненормално и земаат толку калории што и покрај тренингот не ги потрошуваат сите ама па затоа животниот век им е 10 год во просек пократок од тој на просечен Јапонец а и често имаат дијабетис, болести на срцето и црниот дроб.
Просечен маж користи околу 2500 калории на ден, вежбач секако повеќе (зависи од спортот) ама сумо борачите користат 20 000 калории на ден, што е луда количина и никогаш не доручкуваат зашто така повеќе се дебелат.
Така да ако јадеш како сумо борач стварно тешко да ги потрошиш сите калории дури и со тренинг.
Пс. Сумо борачите јадат навечер за побрзо и повеќе да се здебелат а и не доручкуваат.
Брат сумо борачите не јадат доручек не затоашто пред спиење се дебелее.. Туку не јадат цел ден за да им се зголеми гладот за кога ќе јадат да можат повеќе храна да внесат.. Осети сам не јади до 5-6 сат после јади навечер да видиш колку ќе можеш да изедеш![]()
Од тука ја земав информацијата така да ми личи прилично веродостојна. Сите извори за сумо што ги проверив истото го тврдат. Јас пошо не тренирам сумо а редовно доручкувам и вечерам не можам сам да проверам ама зашо па да не биде така. Тоа со метабилизмот има смисол . Види па кажи шо мислиш
.
http://www.intermartialarts.com/article/sumo-wrestler-diet
Брат ја ти го кажав моето мислење што сум го прочитал на 1348309865701 страници..Тоа се само митови како што се: јадење пред спиење дебелее,6 оброци мора за побрз метаболизам што ли уште не.. Човекот не е створено суштество да седне и да јаде.. Тој ја користи храната за движење за работа за активност.. КОЛКУ енергија ќе внесе толку сало ќе има= складирана енергија.. Нема врска спиење,доручек,вечера..
Кажими ако изедеш во денот 6 пати 4тина бурек дали ќе важи дека тоа си го јадел 5 сати пред спиење?Храната си е иста само времето што си го изел е различно позз
Јас неам проблем со тежина така да баш оваа тема не сум ја истражувал толку темелно ама информациите ми личат прилично веродостојни. Е сеа пошо темава и професионално ме интересира баш ќе проверам од повеќе извори а и прва прилика ќе зборам со нутриционист или лекар од спортска медицина па ќе ти кажам шо ми рекле.
Инаку логиката со спиењето е проста. Коа спиеш не трошиш многу калории па поголем дел иде во сало за разлика од денот кога си активен, метаболизмот е побрз и трошиш повеќе калории.
Како и да е ќе проверам па ќе пишам шо сум дознал.
Пс. Јас и ти ептен неаме проблем со тежина а разврзавме стручна дебата, јако.
Брат ти мислиш тоа што ќе го изедеш го трошиш одма? Храната се вари од 4 до 6 сата кога мислиш ти дека ќе ја свариш па ќе ја потрошиш? Не иде тоа така како што мислиш..Тогаш ајде кажими тренирав боречки вештини долго време.. Секогаш јадев пред тренинг после тренинг не јадев.. Мртов гладен легнував со цел нели да се оцртам.. На крај пак имав вишок сало кој неможев да го тргнам.. Такада тоа паѓа во вода.. Откако почнав да бројам калории се дојде до посакуваното..
Иако последно време (последните децении и кај нас) се промовира као болест...тоа е исклучиво да се земат што повеќе пари. Освен во случаи на ендокринолошки или пореметувања на други човечки системи.се јаде од досада и психолшскиот аспект што го спомнав(фалеље на љубов,проблеми лични,незадооволство,осаменост итн..па се бега во храна)..се е во главата!!! а ТОА СЕ ЛЕЧИ ! ке повторам се лечи дебелината(и телесно и психолошки) и е болест прогласена прочитај малку ке видиш..али не е дебелина 5 кила поише...него многу повеке..![]()
го спомнав само како пример.а зашто да јадеш и само јадеш? затоа што ти се јаде или? нема шанси да ти се јаде цел ден!! освен ако имаш пореметувања со апетитот(и тоа се лечи-регулација на апетет)
Се слагам дека се направи бизнис околу тие диети слабеење и тоа опасено голем али кажи ми како пореметувањата што настануваат во кардиоваскуларниот систем и ред други компликации здраствени ПОРАДИ дебелината за тебе тоа не е БОЛЕСТ? тие луге се лечат оперираат за останат ЖИВИ и ЗДРАВИ ...чим се третираат како болни со нарушено здравје тоа е БОЛЕСТ и крај!Иако последно време (последните децении и кај нас) се промовира као болест...тоа е исклучиво да се земат што повеќе пари.
Ако веќе размислуваш подобро е да размислиш за здрав начин на живот него за дебелината или јадењето пошто само нејадење (или ако си слаба особа) не значи дека здраво живееш.
Се слагам дека се направи бизнис околу тие диети слабеење и тоа опасено голем али кажи ми како пореметувањата што настануваат во кардиоваскуларниот систем и ред други компликации здраствени ПОРАДИ дебелината за тебе тоа не е БОЛЕСТ? тие луге се лечат оперираат за останат ЖИВИ и ЗДРАВИ ...чим се третираат како болни со нарушено здравје тоа е БОЛЕСТ и крај!
А мрзливоста и немарноста се причинители да си дебел и предуслови ...затоа реков има психолшки третмани да се ослободиш од лошиот однос на ТЕБЕ и ХРАНАТА и послем све друго...
Јас добро размислувам и тоа премнногу можда,пазам како јадам и што јадам...и небитно е за темева али ДА слаба сум ...знам да накачам 2-3 килца преку зима и тоа е максимум..али водам сметка за здрава искрана..и здрав животали тоа е небитно сеа.....нема да ме убедиш дека не е болест кога луге умираат поради дебелина! погледај статистики во САД!
Сакам крупни луѓе, сакам да ги гушкам и гњавам и штипам и слично
И сакам да „скинам“ 5 кила ама не ми успеваБез разлика дали вежбам редовно или не, без разлика дали јадам малце или многу, и во лето и во зима сум со иста килажа, иако активноста во овие два годишни периоди ми е обратно пропорционална
Си се тешам со fat'n'happy!![]()
него како него оштроТака треба оштро, мора да се знае чив збор е последен.
Немој да бидеш слаба, тие 2-3 килца чувај ги и преку лето, златни облини и кривини и греота е да се загубат![]()