Не се работи за физички изглед. Се работи за дебелина.
Нешто не ваља! Физички изглед vs. дебелина! Хммм..
А дебелината е што?
Форма на физичкиот изглед, не?:smir:
Некои луѓе се генетски преопределени да бидат дебели (без разлика дали се малку или многу). Нивниот организам е здрав. Секој тип на тело има свои слабости и специфични болести на кој е подложе. Најштетно за организмот е човек да се обиде да го присили да помине од еден тип на тело во друг.
Сес ху?
Точно е дека сите имаме различна конституција на тело и да, постојат различни типови на тело. Три ако не се лажам ектоморф, ендоморф и мезоморф(ова апла адаптација од англиските термини ако постојат кај нас други простено нека ми е)Сложени машини сме ние луѓето и за да функционираме како што треба, потребно е да сме во форма и чудно е како занемаруваме вакви и те како битни показатели, како дебелината, дека нешто не брчи како што треба. Дур не е моторот арно е, ама не е само моторот мајку му! И многу јасно дека не постои магионичарско стапче кое ќе направи да преминеме од еден во друг тип на тело, ама затоа тука сме ние да го одржуваме она што го имаме во здрава и нормална форма која ќе ни овозможи здрав живот и ќе не чува подалеку од чичковците во бели мантили!
Само да биде јасно има здрава исхрана, а здрава диета нема
Мене пак не ми е јасно! Јас пак не ја поистоветувам диетата со слабеење туку со начин на исхрана, здрав ил не индивидуална ствар, и ете збунка!:icon_eek:
Факт е дека да се има нормална форма на тело е најатрактивна кај нас но тоа не е секогаш возможно. Повеќето тоа го имаат природно. Но треба да се знае дека инсистирањето на упорно добивање на мускулно тело на подебелните личности ќе биде штетно и напорно за здравјето. Лага е ако некој ви каже дека ако некој човек што има 15кг повеќе од колку што би му требало да за изгледа фит би бил поздрав кога би ги изгубил тие килограми. Слабеењето како процес е многу нездраво и има трајни последици.
Добро негувано и здраво тело е атрактивно секаде, не само кај нас! А и убаво е бе кога ќе си се погледнеш во огледало и мешето стои кај шо треба и не ти попречува видик на стапала!
Абре јас во заблуди сум живеела мамата. Не драга или драги, не само што не е здраво да носиш 15 кила плус на себе, ами и опасно е! салцето на мешето не е одма под кожичката туку напластено е и околу дебелото црево енд детс факд ап! И друга работа, тој со 15 кила плус не е фит, ремембер? Ако си фит нема да дозволиш 15 кила плус на тебе! Ќе го запотиш г'зот и ќе се збогуваш со шеќерчињата, белото лепче, чипсот и кока колата! A ќе им кажеш хелоу јаболкцата, тестенините од цело зрно, бадемчињата, оревчињата, брокулите, а и целер со крем сирење праи мерак :smir:
Неприродно и нездраво е исто како и храната која ја предизвикува дебелината! Зошто да внесуваме ѓубре кога н крај нема ни да излезе како што треба од што е нездраво и погрешно!
Ми донт лајк ит!:nenene: