Вашата баба...

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanish
  • Време на започнување Време на започнување
Едната воопшто не ни ја запознав, умре пред да се родам. А баш многу сакам да ја знаев зошто некогаш ми викаат дека сум била многу тврдоглава како неа.
Другата баба најмногу си ја сакам. Најработливата жена шо постои,не е возможно да седи мирно..мора или нешо да работи или да шета(е ова со шетањево дефинитивно од неа го имам наследено:pipi:). Интересно е кога ќе фати со другаркине да трачари како Петко се скарал со жената и ја избркал од дома или на Митра и загорело јадењето и сите мислеле дека и се запалила шталата.
Никогаш од прва името не ми го има погодено :pos: прво ми вика Јасмина, па после Весна ...
Се сеќавам пред пола година некаде кога бев последно таму едни двајца заљубени :wub: се муваја пред нејзинана куќа и им излезе баба ми и им вика : "Доста ми се шљакате пред куќа си имате кревет таму ојте си":pos:
Све разбира и многу сакам кога ќе ми кажува некои си тогаш измислени приказни :pipi:
 
Едната воопшто не ни ја запознав, умре пред да се родам.

Сејм хир.
А за другата ми баба, ееее, уживам кога сум кај баба ми (и дедо нормално). Еве ова лето баш си поседов месец ипол. И се вратив од што морав, иначееее. И ако мислите оти сум возрасен да седам со нив.... ма би си поседувал со нив и на 31. Само да се живи и здрави.
Е сега, баба како баба, стари луѓе, мора да се очекуваат нервози. :pipi:
 
Јас си имам две баби и се многу срцки и двете на свој начин. Едната порано живееше со мене и бев малку поприврзана за неа али сега од кога се преселија со дедо ми некако исти ми се и двете :back:
 
баба ми, Милка Алексовска а.к.а Мица Ебаго... :baeh:
 
Добро готви,иначе еднаш грлото ме болеше,моиве беа на работа и јас преспав кај неа тој ден,и бомбониве шо ми беа за грло помислила дрога да не е па ја скрила за на тато да му ја покаже,од кај таа недоверба јас незнам,ама стари се...шо да прават :tv:
 
Најбољи е кога и да отидам ме чека нешто за јадење и пуканки...
 
Баба ми многу ја сакам...секогаш ми прави за јадење тоа што го сакам...:smir:
 
Мојата баба доби мозочен удар и сега е уште позабавна отколку претходно.Сега ме вика Кристина (не се викам така ) и ме кара зошто не сум сварила кафе (а она не ни пие кафе,плус и во болница се наоѓа)
Таа е цврста како карпа и јас длабоко верувам дека ке ја надживее мама во секој случај иако има 80 години.
 
Немам баби да имав ќе ги гледав и почитував како што они мене ме гледаа кога бев малечок :(
 
Едната не ја ни запознав, а со другата си живеам и си ја сакам. Ми дава паричка и супер е. :smir::smir:
 
Имам две баби кои се тотална спротивност..едната е таа која ме исчува и ја сакам најмногу на свет,тоа е чудо од жена..има 82 години,толку работи има претрпено што не знам од каде ја црпи силата за живот!На нога е,иде сама си пазари,готви,си пере,си иде на кафе со комшиките по дома,оди на фризер за фризура!!Кога и да идам ме бомбардира со јадења,не може да искочиш од кај неа дома а да не си јаден,обавезно пари ми дава,ако не ги земам вика ќе плачела:pos2:сите спомени од детството ми се поврзани со неа,додека другата е многу стегната,тотална спротивност од првата..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom