Вашата баба...

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanish
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобрата баба на светот ја имам... многу си ја сакам, топ е ... не ме замара со глупости, а и најбитното ми прави најубави јадења на свет.. и кога сум кај неа секогаш ми удоволува за што и да е...
 
И јас имам две баби,ама таа од на мајка ми страната многу поише ја сакам.
Можам за се да зборам со неа,знам дека би ме сфатила,дека би ми дала совет и дека би ме спасила од моите во одредени ситуации.:icon_lol:
Многу смирена,добра,храбра и вредна жена која што се би направила за семејството.
Ме научи на многу работи [и допрва ќе ме учи] и да не беше она,мислам дека не би била оваа Тина која што сум сега.
И должам многу и се надевам дека еден ден ќе и вратам се баш онака како што заслужува.
Ааааа и за малкуцку ќе заборавев,ги прави најнајнааајубавите јадења во целиот свет,нема конкуренција дефинитивно.:pipi:Ми купува се што сакам,ме носи кај што сакам...Цветке те сакам НАЈВИШЕ на светов и незнам што би правела без тебе.:(
Другата баба...Хммм па и не е баш пример за добра баба.Себична жена која што многу ретко мисли на другите и која што не се грижи ама баш за ништо.Единствено нешто од кое што се плаши е смртта и никако неможе да сфати дека тоа е тоа што го очекува секого.Обожава кога и даваат комплименти и се фали послем по цели недели дека некој и рекол дека изгледа помладо од што е.:tapp:
Сега најновиот шок што ни го приреди беше тоа дека за време на летото,ќе замине со другачките во бања некоја.:kesa: Ааах се прашувам дали некогаш ќе сфати дека веќе не е млада.:jaj: И покрај се ова,неможам да кажам дека не ја сакам затоа што би излажала.Ја сакам и покрај тоа што е фалбаџика невидена и шмизла по стари години.:back:
 
И јас имам две баби,ама таа од на мајка ми страната многу поише ја сакам.

и јас исто. ко бев мал нон стоп бев кај неа и зато појќе ја сакам од другата. Сега почна по малце склероза да ја фаќа жал ми е мн али јебига то е шо велат старост грдост. Другата баба ко бев мал беше Австралија така да не ни имав шанси да ја гледам или да ја запознам нешо мн мн ...
 
Бабата е супериорно створење.Секад се вика ех и баба ми тоа може...:vozbud:
 
Редовно и удирам рекет кога идем кај неа. :icon_cool


Ипак душиче е :pipi:
 
Опасна е. Меѓу останатите квалитети, готви ко никој друг.
Најкул е кога ќе ги излаже сосетките за некој рецепт и ќе им каже погрешно, а кога ќе ја прашам “бабо ма зошто така“-она се смешка и вика “нека пукнат ко се глупави, што има јас да им кажувам“:pos2:
 
Двете баби ми се големи икономки, штедат на се, од храна до облека до струја до вода и што уште не!

Едната има бафча и секој ден врши транспорт на салатки и други видови на зеленчук низ сите можни ресторани и пекари во Кичево, и затоа кога ке умре (не дај боже) се договоривме на надгробната плоча да и нацртаме салатка:)

Другата нон стоп е под апчиња за спиење и дека живее во Битола секоја недела вика: ,,Ај наминете викендов одамна немате дојдено,, а секоја недела идеме....подзабораена си е малце жената:)
Иначе сите од семејството ме тормозат дека личам ептен на едната баба и еднаш кога бев у едно село, идам ја така и една баба ми вика: ,,Еј ти на Васка да не си и внука,,? Кај ме позна мајку му стара.....изглеа стварно личам=)

како и да е ги сакам и двете:smir:
 
Моите 2 баби се најдобри на свет...:pipi:

Секогаш се добри спрема мене, ми даваат пари тоа е најважно :)
 
Имам две баби...
Со едната повеќе се гледам..
Али најмногу мразам кога ќе ми кажат да јадам а не ми се јади:helou:
 
за жал немам ниту една, едната умре кога бев 4-то одделение, а другата не ја ни запознав :(
Сепак таа што ја знаев беше најдобрата баба на светот, израснав со неа и имам убави спомени од моето рано детство со баба:pipi:
 
Е ова не ми се верува, денеска ме разбуди од спиење за да сум јадел :nesvest:

А другата баба пред една недела ми вика, знам зошто седиш на компјутерот до 5:00 часот, гледаш ПОРНО!! Јас и викам ако ми беше за гледање на порно ќе си гледав преку ден :pos2:
 
Мојата баба во глобала е супер прави многу вкусни јадења дават пари ама понекогаш е толку напорна што ми го крева притисокот и многу се караме ретерано многу
 
Баба ми ретко ја разбирам кога ми збори.
До пред некое време ја учев на основните прехрамбени производи: име на краставица, домат, пиперка, компир. Цепки е, особено кога ме тера да слушам финска полка. :pos:
Едвај чекам да дојде пак, опасна комбинација е кога ќе се спои со босанската и германската баба од влезов ми. Трачарење, секоја на свој јазик, комедии.
 
Мојата баба...
Мајка на татко ми... Отсекогаш го потценувала и му завидувала затоа што 3 пати повеке постигнал во животот од помалиот нејзин син затоа што тој и покрај тоа е ворзасен маж и има семејство сеуште го издржуваат како мало дете...
Од неа никогаш не сум слушнала ниту еден добар збор.
Кога земам нешто да правам секогаш вели: “ тоа не треба така„ “не се прави тоа така„ “голема си а уште ништо не знаеш“ , Мајстор е да ти го уништи денот, и тоа уште од сабајле со нејзините прекори, постојано нешто зборува во смисол ,Вие сте такви,, ,,Вие сте овакви,, ( во негативна смисла се разбира) и секогаш се споредува со друѓите луѓе, гледа што другите прават па тоа требало и ние тоа да го правиме, тоа што они јаделе требало и ние тоа да јадеме, зошто нејзината комшика јадела по пет пати а ние по три, не требало тоа така... и ред други глупости ...
Едноставно мора да е се како што она ќе каже ако не е така цел ден е неразположена и офка по двор демек многу и е тешко.
Фала Богу што не живеам со неа, да сум живеела со неа до сега ќе сум била во Бардовци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom