Баба ми ја обожавам. Идол ми е. Жена на која и се восхитувам.
Имам само една баба, другата е почината.
Баба ми е хардкор. Секогаш краде во карти, секогаш е доминантна во се, за своите 70 години премногу добро се држи и изгледа како да има многу помалку. Луѓето што не ја знаат мислат дека е злобна и лоша затоа што ретко се смее, ама е најдобрата личност што ја имам запознаето. Саркастична, иронична (тоа го имам наследено од неа), премногу паметна за разлика од многу други, дури еднаш и ми има кажувано како виткале џоинт порано. Знае да те насмее и расположи дури и кога се чувствуваш најлошо, има некои нејзини фрази кои се повеќе од точни, и кога ги користи сфаќаш колку е она попаметна дури и од тој што ги слуша и на кои се однесуваат. Баба ми ми е исто како и другарка, секогаш си одиме на кафе, многу пати дури и ми има понудено цигара, секогаш се ми купува и најмногу ја сакам. Незнам што би правела без неа, ме плаши фактот дека еден ден ќе ја нема...