Ваш омилен филозоф

  • Креатор на темата Креатор на темата Caihlem
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно, Исус Христос е најдобриот филозоф кога станува збор за Етиката, како филозофска наука. Основоположник е на христијанството, една од најмирољубивите филозофии. Инаку, ги сакам Аристотел, Платон и Питагора од класичните, а од поновите ги сакам Спиноза, Бејкон и Хобс, а од германските Хегел и Ниче (последниов го вброив не оти се согласувам во целост со учењето негово, ами оти ми е интересен како се изразува...).
 
Основачите на доминантен филозофски правец последниов век - аналитичка филозофија и филозофија на јазикот:

Бертранд Расел, Лудвиг Виткенштајн, и останатите од тнр. Виенски круг. Ја имав таа среќа во животот да ми предаваат нивни ученици. Овие луѓе не извадија од разните правци во 18. и 19. век кои ги нафрлате, а кои не водеа никаде.

Денес, според мене најјак интегративен филозоф (значи не некој кој е тесно специјализиран) е деканот на Беркли - John Searle.

Searle2.jpg


Инаку денес има нова дисциплина Cognitive Science која вклучува филозофија, медицина, лингвистина итн,. а се фокусира да ја разбере работата на мозокот, потоа суштината на јазикот и комуникацијата, а со тоа и прашањето на значење/суштина, симболишка логика, и се што следува од тоа.
 
Го спомена Лудвиг Витгенштајн...Имено, неодамна го прочитав неговиот "Логичко-филозофски трактат" и сеуште не можам да си поверувам колку мудрост, ингениозност и "свежа" мисла има насобрано во тие сто и нешто страни.
Тезите кои ги нуди, неговата аналитика и, најповеќе, начинот на кој го разгледува зборот и јазикот е нешто навистина уникатно. На многу елегантен и, пред се, иновативен начин нуди одговор за тоа што има смисол, а што не.
После оваа книга поинаку гледам на секоја кажана/напишана реченица:)

Инаку, се јавува и цел правец во современата(поточно, концептуалната) ликовна уметност, инспириран од трудот на Лудвиг Витгенштајн, наречен уметност на јазикот. И истиот претставува огромен пресврт во ликовната уметност.

Затоа, сосема се слагам со твојот коментар дека овој, заедно со останатите од т.н Виенски Круг, нудат избавување од "празниот од" во кој не остави филозофијата на 18. и 19 век.
 
Аристотел прво се бавел со добивање на обични заклучоци. Најпознат облик е силогизмата. Силогизмата е добивање заклучок од две мисли. На пример наједноставна силогизма е: „Сите грци се плави. Сократ е плав - Сократ е плав.“:ne:
Сите Грци се плави. Сократ е плав. - СОКРАТ Е ГРК.
Грешка во заклучокот од силогизмот..
 
Kirkegor. Kolku e najubav ;)
 
Ag0rA напиша:
Поштовање за ова.
Секој треба да си биде свој омилен филозоф,и да креира нови замисли,кои ќе бидат комплетно оригинални.Секако дека ќе има влијанија,ама не треба слепо да се следат,туку да се искористат за создавање на свој стил.
 
Nebo666.. Oмилен ФилозоФ!!

Иначе сериозно најверојатно Сократ или Платон ...Аристотел не го поднесувам !
 
Ag0rA напиша:
Фино мило, што си сам на себе омилен и се сметаш за филозоф...Ама, тука збориме за филозофи чии имиња се познати на пошироката јавност и чии дела се верификувани.
Твоите за жал, сеуште не се.
Поштовање за ова.
Секој треба да си биде свој омилен филозоф,и да креира нови замисли,кои ќе бидат комплетно оригинални.Секако дека ќе има влијанија,ама не треба слепо да се следат,туку да се искористат за создавање на свој стил.
Во право си околу ова.
Сепак за нас самите и нашата лична филозофија може да збориме на теми како "Самоанализа" или "Моето животно мото".

А, на конкретнава, дај да се задржиме на филозофи кои се веќе, помалку или повеќе, етаблирани во филозофијата како наука.:)

Артур Шопенхауер

Иначе сериозно најверојатно Сократ или Платон ...Аристотел не го поднесувам !
Би било пожелно да образложите и зошто е тоа така, односно што во нечија филозофија прави да ви биде омилен филозоф, или пак што ви смета во филозофија на некој друг па, како што вели BliND, не го поднесувате.

Ова со цел да има можност да се развие дискусија и темата да не се состои само од набројување на имиња. :)
 
Ada daj pastiraj go linkot od knigata sto sij ja procitala od Лудвиг Витгенштајн.
 
Во право си околу ова.
Сепак за нас самите и нашата лична филозофија може да збориме на теми како "Самоанализа" или "Моето животно мото".

А, на конкретнава, дај да се задржиме на филозофи кои се веќе, помалку или повеќе, етаблирани во филозофијата како наука.:)
Знам.
Се извинувам.
Баш би сакал да продолжи темава,ама и да се кажува во постовите на пример,зошто дотичниот им е омилен филозоф,бидејќи ја имам слаби познавања од ова и сакам да научам нешто повеќе,ама ме мрзи да читам книги.:kesa:
 
Жан Пол Сартр дефинитивно... човекот како да ми ги украл идеите и се вратил во времето... кога првпат прочитав кои му биле теориите, паднав од стол... истомисленици сме... :D
Исто ги почитувам и Жан Жак Русо, Сорен Киркегор и Барух Спиноза... иако знаат да бидат контрадикторни меѓу себе, имаат многу интересни теории...
 
Ако може да се смета така-Гете луд бил човекот :) има една мн добра мисла-ако сакаш да успееш во опшеството убиј ја својата совест!респекат:)
 
Ada daj pastiraj go linkot od knigata sto sij ja procitala od Лудвиг Витгенштајн.
Јас ја купив книгата од книжара во Скопје, односно не ја превземав од нет:)

Сепак, побарав низ нетов, и ти препорачувам два линка, [url=http://www.gutenberg.org/etext/5740]овој и [/URL][url=http://www.kfs.org/~jonathan/witt/tlph.html]овој, на кој можеш да ја најдеш целосната содржина од делото.[/URL]

Се надевам дека ќе ти остави барем некој впечаток, па ќе ја продискутираме заеднички тука на темава:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom