уживам кога можам да си седнам на некое мирно местенце во природа, во потполна темница и да гледам во ѕвездите.
Уживам кога свирам
Уживам кога слушам музика
Уживам кога сум поетичен (или барем така другар ми ми вика)
Уживам кога халуцинирам.
Уживам во последните денови поминати со моите внучиња и братучетка ми, а најчесто уживам во добрите моменти од животов како утринското сонце, муабет со моите и пријателите, добра книга, филм и музика, добра храна, утринско туширање и во шетање.
Уживам во летниот дожд кој го пречекувам рано изутрина.
Уживам во оние кратки мали пораки разменети со личноста која ја сакам.
Уживам во прегратки од луѓе кои ми значат.
Уживам во флертување со омиленото парче овошје.
Уживам во шесте жици и дрвото на кое тие се прикачени.
Едноставно , уживам.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.